fbpx
Таг: мигранти

таг: мигранти

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува...

Повеќе од милион барања за азил во ЕУ годинава

До крајот на годинава ќе има повеќе од еден милион луѓе кои бараат азил во Европската Унија, покажуваат податоците на Агенцијата за азил на ЕУ. Најпосакувана дестинација е Германија, а веднаш потоа следуваат Франција и Италија, соопшти германската новинска агенција ДПА. „Ќе има повеќе од милион барања,” изјави шефицата на агенцијата Нина Грегори, за медиумската група „Функе“. Во октомври имало околу...

Старо видео од шатори со мигранти во Брисел не го отсликува животот во Европската Унија

Со старо видео од подигнати шатори, покрај каналот во Брисел, објавата манипулира дека во ЕУ има премногу бездомници, владее сиромаштија и мизерија. Видеото е направено во јануари годинава, кога поради напливот на мигранти, кои чекаат азил во Белгија, беа поставени шатори на мостот во близина на замокот Петит (Владината агенција за азил Федасил). На 7 март годинава тие беа...

Германија ја менува мигрантската политика, Шолц ги заостри правата

Побрзо процесуирање на барањата за азил во Германија, намалување на социјалните бенефиции, промена на начинот за грижа за мигрантите покрај веќе заострените гранични контроли со соседите се најновите мерки што ги договорија канцеларот Олаф Шолц со водечките германски политичари, а кои наидуваат на различни реакции во германското општество, пишува германската новинска агенција ДПА. Членовите на централно-левичарската коалиција на Шолц го...

Тројца мртви во пукање меѓу мигранти во близина на српско-унгарската граница

Рано утрово се случило пукање меѓу мигранти во близина на српското село Хоргош, кое се наоѓа непосредно до српско-унгарската граница. Има тројца загинати и еден сериозно повредено лице, ивестуваат од Радио слободна Eвропа. Српската полиција сѐ уште нема официјална изјава во врска со пукањето, но се присутни во голем број на местото каде што истото се случило. Радио-телевизија Србија известува дека...

Криумчар од Велес фатен со камион полн со 44 илегални мигранти

Близу граничниот премин „Пелинце“ со соседна Србија, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера фатило камион „Ман“ со 44 илегални мигранти управуван од жител на Велес. Како што објаснија од полицијата, станува збор за Д.С.(27) од Велес. При контролата, во камионот со велешки регистерки таблички биле откриени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници. Д.С....

Најмалку 41 мигрант загинаа во бродска несреќа во Италија

Четириесет и еден мигрант загина во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавиле преживеани од катастрофата за локалните медиуми, а пренесе Би-би-си. Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод кој тргнал од Сфакс во Тунис и потонал на пат кон Италија. Преживеаните, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, стигнале до Лампедуза денеска. Станува збор...

Преживеани тврдат дека грчките крајбрежни власти ги присилиле мигрантите за несреќата да ги обвинат Египќаните

Продолжуваат бранувањата околу трагедијата што минатиот месец се случи во близина на грчкиот јужен брег кај градот Пилос, кога се преврте рибарски брод кој превезуваше мигранти од Либија кон Италија. Новите докази дополнително ја оспоруваат официјалната верзија на грчките власти за смртоносното потонување на бродот во кое се проценува дека загинале до 600 лица. Двајца преживеани опишале како крајбрежната стража...

Италија ќе издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ

Италијанската влада најави дека планира до крајот на 2025 година да издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ, известува Телеграф. Оваа иницијатива е критикувана како лицемерна во контекст на анти-миграциските политики на десничарска власт, предводена од премиерката Џорџа Мелони. Оваа година веќе се издадени преку 80.000 работни дозволи за странски работници, а во...

Грчката крајбрежна стража била одговорна за потонувањето на мигранскиот брод, покажува независна истрага

Обидите на грчката крајбрежна стража да го влече рибарскиот брод кој превезувал стотици мигранти е веројатно причината за потонување на бродот, покажала заедничката истрага на Гардијан, германскиот јавен радиодифузен сервис АРД/НДР/Фанк и грчкиот истражувачки медиум Соломон во соработка со Форензис – истражувачка агенција со седиште во Берлин, Германија која ги истражува прекршувањата на човековите права. Овие медиуми започнаа истрага за...

По бродската несреќа во Грција ќе им се суди на деветмина, во Пакистан прогласен Ден на жалост

Деветмина осомничени шверцери на луѓе треба да се појават пред грчкиот суд под обвинение дека управувале со рибарскиот шверцерски брод со мигранти кој минатата недела потона во близина на грчкиот брег кај Пелопонез, резултирајќи со стотици исчезнати за кои се претпоставува дека се мртви. Бродската несреќа е една од најтешките катастрофи во Медитеранот, пишува „Гардијан“. Грчките власти соопштија дека досега...

Најмалку 78 загинати лица откако рибарски брод се преврте кај Пелопонез

Најмалку 78 тела се пронајдени од спасувачите откако рибарски брод со мигранти рано утрово се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција, кај градот Пилос на Пелопонез. Грчкиот портал „Екатимерини“ пишува дека постојат стравувања оти бројот на загинати може дополнително да се зголеми. Спасени се 104 лица, а информациите сугерираат дека на бродот се наоѓале повеќе од 400...

Папата Франциск ја повика Унгарија да ги отвори границите за мигрантите

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск, денеска, на последниот ден од тридневнта посета на Унгарија, ја повика земјата да ги отвори вратите за другитеи упати молба Европа да ги пречека мигрантите и сиромашните и да стави крај на руската војна во Украина. Папата денеска одржа миса во Будимпешта, на која присуствувале околу 50.000 луѓе, меѓу кои и нив беа и претседателот, Каталин Новак...

Во кумановско комби пронајдени 20 мигранти, повеќето од Конго

На автопатот кај Смоквица, утринава во 2 часот полицајци запреле лесно товарно возило, односно комби, и во него нашле 20 мигранти. Од нив 18 биле од Конго, едно лице од Камерун и едно од Авганистан, извести МВР. „На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за...

Во „голф“ превезувал деветмина мигранти од Индија и Сирија

Ј.Л. (23) од с. Крушопек, е приведен откако во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија, соопшти Министерството за внатрешни работи. - На 22.01.2022 од страна на полициски службеници од полициска станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат село Удово - Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. Известен е...

Полицаец од Неготино бил јатак на шверцери на мигранти, им давал информации за контроли и „пропуштал“ возила

Полициската станица во Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР поднеле кривична пријава против С.К.(24) од Неготино за „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување. Истрагата покажала дека пријавениот, кој бил полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил...

Истрага против две лица од Пакистан и малолетници од Авганистан кои криумчареле и малтретирале мигранти

Две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан се осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тие биле дел од организрана група која создала импровизирани кампови за мигранти во близина на границата со Србија. Осомничените им ги земале мобилните телефони на мигрантите, ги фотографирале и барале пари од нивните семејства за да...

Приведен Скопјанец, криумчарел мигранти од Куба

Синоќа околу 20.00 часот на влезот за с. Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во „пежото“ со скопски регистарски таблички кое управувал 42 годишниот скопјанец биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник. Мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар...

Хелсиншки комитет повикува да не се шират дезинформации за бегалците од Авганистан

Хуманитарната криза во Авганистан и владината најава за привремено прифаќање на бегалци од оваа земја очекувано е проследена со интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните. Изминативе години, особено за време на бегалската криза во периодот 2015-2017, дезинформациските кампањи поврзани со бегалците и мигрантите беа постојано присутни во јавниот дискурс. Иако реалноста целосно ги...

МВР демантира: Прифатниот центар во Гази Баба нема да се користи за бегалците од Авганистан

Министерството за внатрешни работи (МВР) „најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил“. Како што порачаа од МВР, всушност станува збор за преселување на Прифатниот центар за странци во близина на Бардовци. Користениот статус на министерот Спасовски е во...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...