fbpx
Таг: Мевлут Чавушоглу

таг: Мевлут Чавушоглу

Османи на средба со Чавушоглу на маргините од состанокот на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници...

Повеќе од 40 цивили загинаа во судирите околу Нагорно-Карабах

Од почетокот на судирите околу Нагорно-Карабах, кои траат повеќе од една недела, според официјалните извештаи од Баку и Ереван, на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането, соопшти денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од азербејџанскиот јавен обвинител. Се додава дека во гранатираните населени подрачја се оштетени 63 цивилни...

Турските инвеститори сакаат да инвестираат во сточарството и текстилната индустрија

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан беше во работна посета на Турција каде што се сретнал со министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија, Рухсар Пехџан и министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк. „И покрај тоа што Република Турција е еден од најголемите инвеститори во нашава држава, се констатираше дека сточарството, текстилот и технологијата...

Димитров од 16 до 18 јануари во посета на Турција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од 16 до 18 јануари ќе престојува во работна посета на Турција, информираат од МНР. Димитров ќе се сретне со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, со министерот за одбрана, Хулуси Акар како и со други високи државни претставници на Турција. Тој ќе има средба и во Големото народно Собрание на Република Турција. „Во фокусот на...

Чавушоглу: На секој чекор на Берлин, Турција ќе направи два

Доколку Германија направи еден чекор, Турција ќе направи два во нормализација на билатералните односи, порача турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу. Тој го изјави ова во интервју за телевизијата „А Хабер“ откако германската канцеларка Ангела Меркел на изборите обезбеди четврти мандат. - Германија би требало да учи на своите грешки – рече Чавушоглу, на барањето да ги искоментира односите на двете земји,...

Чавушоглу: Турција е против санкциите кон Русија

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара и понатаму е против санкциите кон Русија, затоа што тие можат негативно да влијаат на турската економија. - Во минатото, Турција претрпи штета како резултат на тие санкции. Санкциите против земјите со кои се граничиме и со кои сме партнери ѝ нанесуваат штета на нашата економија. Тоа е причина...

Турција нема да ја повлече својата војска од Кипар, порача Чавушоглу

Турски војници ќе останат на Кипар без разлика каков и да биде договорот за повторно обединување на етнички поделениот остров, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. Тој истакна дека официјална Анкара нема да прифати мировен договор со кој би се барало целосно повлекување на турската армија од Кипар, нешто на што притиска Грција и меѓународно признаениот дел на...

Заев со Чавушоглу: Реформската влада ги отвора евроатлантските перспективи

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од пратеникот Мухамед Зекири, попладнево се сретна со Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, соопшти Владата на Република Македонија. Според соопштението, на средбата соговорниците изразиле заедничка определеност...

Чавушоглу: На Македонија ѝ се нанесува голема неправда

Односите меѓу двете држави, приоритетите на Македонија, членството во ЕУ и во НАТО, како и политичката ситуација во земјава и надвор од неа, се темите за кои разговарале министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Шефот на македонската дипломатија посочи дека со турскиот колега зборувале за развивање на економските односи...

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу се сретна со претседателот Иванов и со Груевски

Турскиот министер за надворешни работи,  Мевљут Чавушоглу, денеска се сретна со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „На средбата беше разговарано за понатамошното продлабочување на билатералните односи и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Изразувајќи благодарност за цврстата и принципелна поддршка на Република Турција во однос на нашите...

Турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Министерството за надворешни работи соопшти дека Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на понатамошното...

Холандија ја забрани посетата на Чавушоглу

Холандската влада денеска ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, требаше да пристигне на митинг во Ротердам, јави телевизијата „Си-ен-ен Турк“. Причината за ваквата одлука, како што стои во образложението од холандската влада, е стравот дека престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги загрози јавниот ред...

Чавушоглу е непожелен во Холандија

Холандската влада смета дека планираната посета на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, е „непожелна“, изјави шефот на холандска дипломатија, Берт Кундерс. Тој наведе дека холандската влада нема да пружи никаква помош доколку Чавушоглу в сабота, сепак, дојде во Холандија за да учествува на митинг за поддршка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Кундерс рече дека „владата е...

Турција бара ново судење за војниците што побегнаа во Грција

Официјална Анкара побара ново судење на осумте војници што побегнаа во Грција по неуспешниот воен удар во Турција, соопшти шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. - Бараме ново судење за осумте војници. Тоа е политичка одлука. Грците штитат пучисти - рече Чавушоглу за „ТРТ Хабер“. Врховниот суд на Грција вчера донесе одлука да не се екстрадираат осумте војници, кои бараат политички азил. Турските власти...

Преговорите за Кипар завршија без договор

Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадес и Мустафа Акинџи, синоќа во Женева не постигнаа договор за обединување на Кипар, но ќе продолжат да прават напори за наоѓање решение. Новата рунда преговори би требало да продолжи на 18 јануари, но на ниво на експерти. По завршувањето на преговирите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека двете преговарачки страни...

Утврден идентитетот на напаѓачот од ноќниот клуб во Истанбул

Идентитетот на напаѓачот од ноќниот клуб во Истанбул е утврден, соопшти денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. Напаѓачот, кој побегна по нападот во кој загинаа 39 лица, и понатаму е во бегство. Чавушоглу, сепак, не сакаше да го соопшти името на напаѓачот. Досега 20 лица се приведени во рамки на истрагата за нападот кој се случи во ноќен клуб за време...

Анкара ќе именува улица по убиениот руски амбасадор

Турскиот министер за внатрешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека една улица во Анкара ќе се именува по убиениот руски амбасадор. Тој соопшти дека по Андреј Карлов ќе биде наречена улицата на која се наоѓа амбасадата на Русија во турската престолнина. Карлов вчера беше убиен на отворањето на изложбата „Русија во очите на Турците“. - Донесовме одлука, во чест на господинот Карлов, улицата...

Лавров истакна дека Русија ќе го спаси Алепо од терористи

Русија ќе ги продолжи операциите во источниот дел на Алепо и ќе го спаси градот од терористи, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на неговата посета во Турција. На заедничката конференција за новинари, по состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу во Анталија, Лавров рече дека Русија ќе продолжи да вложува напори за да се овозможи доставување...

Турција обвинува дека сириската влада го прекршува примирјето

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ја обвини сириската влада дека не го почитува договорот за прекин на огнот, кој го постигнаа Русија и САД. Чавушоглу на новинарите во Анталија им кажал дека сириската влада го прекршила примирјето веднаш штом тоа стапи на сила во понеделникот вечерта. Шефот на турската дипломатија изрази надеж дека сите страни ќе настојуваат примирјето...

Не запираат бегалските бранови од Турција кон Грција

Продолжува да се зголемува загриженоста во Грција за континуираните нови бранови бегалци што пристигнуваат на грчките острови. Во државата има речиси 60.000 бегалци распоредени низ бегалски центри, приватни станови и во изнајмени хотелски соби. На грчките острови од Турција секојдневно пристигнуваат нови бегалци, во просек од 50 до 100 бегалци дневно, иако не се ретки и деновите кога има едвај десетина бегалци....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...