fbpx
Таг: Метро

таг: Метро

Најмалку 15 повредени при напад со нож во метро во Техеран

Најмалку 15 луѓе се повредени откако маж почнал да напаѓа со нож во метро на станицата Реј во предградие на Техеран, јавија иранските медиуми. Еден од повредените бил муслимански свештеник, а според извештаите, нападот почнал по кавга меѓу имамот и напаѓачот, за кого се вели дека бил психички нестабилен. По нападот, патниците се судриле со напаѓачот, а полицијата била принудена да...

Руски државјанин роден во Киргистан осомничен за нападот во Санкт Петербург

Руски државјанин, роден во Киргистан е осомничен за бомбашкиот напад во воз, во метрото во Санкт Петербург во кој, вчера загинаа 14 лица, а 49 беа повредени, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на службите за безбедност во земјата. Киргистанските безбедносни служби, како што пренесува „Би-би-си“, го идентификувале напаѓачот како Акбарзон Јалилов, кој, според информациите, бил роден во градот Ош во...

10 лица загинати, 47 повредени во експлозијата во метрото во Санкт Петербург

Десет лица загинаа, 47 се повредени, а 39 се хоспитализирани во експлозија во метрото во Санкт Петербург за која руските власти велат дека можно е да станува збор за тероризам. Детонацијата ја предизвикала импровизирана експлозивна направа наполнета со шрапнели, а била поставена во еден вагон на метрото помеѓу две седишта. Помеѓу повредените има и деца. Иако првично беше соопштено дека имало...

Се урна тунел од метро во Техеран, четворица загинати

Четворица работници загинале, а 11 биле повредени откако се урнал тунел кој бил пробиван за време на изградбата на нова метро-станица во главниот град на Иран, Техерен, јавуваат светските агенции. Меѓу загинатите и повредени работници, според извештаите, имало и неколку бегалци од Авганистан. Несреќата била предизвикана од уривање на бетонската конструкција, која паднала врз работниците. Официјални претставници соопштиле дека причина за несреќата...

Лондонското метро ќе сообраќа и навечер, но само за викенди

Лондонското метро почна да сообраќа и навечер, но засега само за време на викенди. За почеток се воведуваат две ноќни линии, една во должина од 74 километри, а другата 21 километар, и ќе работат петок и сабота. Лондонскиот градоначалник Садик Кан на „Твитер“ напиша дека, повторното воведување на вечерни линии ќе им помогне на илјадници работници кои одат и се враќаат...

Лажна тревога во Милано, метрото повторно во функција

Подземната железница во Милано повторно почна да сообраќа, по краткиот прекин кој следуваше откако на станица во центарот на градот беше пронајден сомнителен пакет. Истрагата покажала дека пакетот не содржи експлозив, соопшти миланската служба за јавен превоз. Сообраќајот претходно беше целосно во прекин, а централната метро-станица беше евакуирана додека стручни лица за експлозив го прегледувале сомнителниот пакет, кој содржел батерија и...

Поради сомнителен пакет, евакуирана метро-станица во Милано

Метро-станица во центарот на Милано била евакуирана и запрен бил сообраќајот на подземната железница откако бил пронајден сомнителен пакет, објави службата за јавен превоз на Италија. Од службата соопштиле дека полицијата во моментов истражува дали пакетот содржи експлозив. Овој месец во Италија зајакнати се мерките за безбедност по терористичките напади што се случија во Франција и во Германија, а исто така интензивирана...

Експлозија во метро во Техеран – двајца загинати

Два лица загинаа во експлозија во тунел на подземната железница во Техеран, јави иранската агенција „Фарс њуз“, додавајќи дека во експлозијата е оштетен и гасоводот. Експлозијата се случила рано утринава, додека работници работеле на копање нов тунел. Експлозиите на гас се честа појава во Иран и најчесто се последица на лошите безбедносни мерки.

Четири лица обвинети за тероризам во Белгија

Четворица од шесттемина мажи што во петокот беа уапсени во Брисел се обвинети за терористички дела. Во групата е и клучниот осомничен  Мохамед Абрини, кој исто така беше баран во врска со нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица во ноември минатата година. Тој пред обвинителството сам признал  дека е „човекот со шапка“, виден од видеонадзорот пред експлозиите на аеродромот во Брисел...

Црн ден за Белгија: 34 загинати и 136 повредени

Белгискиот јавен сервис „Ве-ер-те“ објави дека е зголемен бројот на жртвите во нападите во Брисел и оти тој се искачил на 34 лица. Дваесет лица се убиени во експлозиите на метро-станицата, а 14 во експлозиите на аеродромот. Во двата напади повредени се 136 лица. Белгискиот премиер Шарл Мишел на прес-конференција изјави дека ова е „црн ден“ за Белгија и ги повика...

Европските лидери со осуда за нападот во Брисел и со поддршка за народот

Европските лидери ги осудија терористичките напади во Брисел, а изјави на сочувство и на поддршка до белгискиот народ стигнуваат од сите страни. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „неговите мисли се со народот на Белгија“ и го осуди „варварскиот напад во Брисел“. Во осуда на терористичкиот напад во Белград се вклучи и Австрија. Канцеларот Вернер Фарјман и вицеканцеларот Рајнхлд Митерленер ги...

По нападот на аеродромот, неколку експлозии и во метро-станици во Брисел

По нападот на бриселскиот аеродром утрово, некои медиуми пишуваат за експлозии што се случиле и во неколку метро-станици во Брисел неколку минутни пред 8 часот. Белгиските власти потврдија дека сите метро-станици во Брисел се затворени по објавите за експлозии на неколку станици. Од бриселската противпожарна служба за „Ен-би-си“ изјавиле дека имало најмалку четири различни експлозии во метро-станици. https://twitter.com/NBCNews/status/712199426698289152 Од бриселскиот аеродром преку официјалниот твитер-профил потврдија...

Зголемени полициски патроли во метрото во Лондон

Лондонската полиција ги засили патролите во метрото откако маж во подземната железница со нож повреди три лица, извикувајќи „Ова е за Сирија“. Полицијата наведува дека 29-годишниот Мухајдин Мире денеска ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство. Нападот со нож, во кој три лица беа повредени во саботата навечер, полицијата го окарактеризира како терористички чин. Британските медиуми објавија снимка...

Маж со мачета рани три лица во лондонското метро

Три лица се повредени изминатата вечер во напад на маж вооружен со мачета во лондонското метро, а полицијата инцидентот го третира како терористички акт. Како што известуваат британските медиуми, инцидентот се одвивал на постојката на лондонската подземна железница Лејтонстон. Според очевидци, напаѓачот извикувал „Ова е за Сирија“. Припадниците на полицијата кои брзо интервенирала, го совладале напаѓачот. Скотланд јард соопшти дека лондонската полиција...

Никој не ја презема одговорноста за експлозијата во Истанбул

Експлозијата кај метрото во Истанбул била предизвикана од импровизирана бомба, но засега никој не ја презема одговорноста за нападот во кој се повредени шест лица, потврдија локалните власти. Експлозијата, која се случи вчера, предизвика паника во градот, во кој тензиите се зголемени по повеќето бомбашки напади во Турција. Атила Ајдинер, претседател на општината во која се наоѓа метро-станицата Бајрампаша, во европскиот...

Сè поголем бројот на повредени во експлозијата во Истанбул

Шест повредени и еден загинат е последниот биланс од експлозијата во близина на метро-станицата Бајрампаша во Истанбул, јавуваат локалните медиуми. Засега не е позната причината за експлозијата. Новинската агенција „Доган“ јавува дека станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, но полицијата засега не ја потврдува оваа информација. Според други медиуми, најверојатно станува збор за експлозија на трансформатор за електрична...

Истанбул: Еден загинат во експлозија на метро-станица

Едно лице загина, а неколку се повредени при експлозија на истанбулската метро-станица Бајрампаша, јавува локалната телевизија „Хабер Турк“. Корисниците на социјалните мрежи објавија разни фотографии од евакуацијата на метро-станицата, додека локалните медиуми јавуваат дека возовите се сопрени. Според извештаите на турските медиуми, не станува збор за терористички напад, туку за експлозија на трансформатор за струја. #ISTANBUL #BAYRAMPASA METRO EXLOSION #turkey pic.twitter.com/3tzcUiUrUM — Eta...

Лондон: Евакуирана метро-станицата Тутинг бродвеј

Полициските сили ја евакуирале лондонската метро-станица Тутинг бродвеј поради безбедносни причини, јавуваат светските медиуми. Твитер-корисник вели дека станицата е затворена и има огромен број полициски претставници. Tooting right now... Anyone know what's going on ? #tooting #police pic.twitter.com/RNRvjpdTnG — Georgee (@GeorgeF_9) November 18, 2015 Од Метрополитен соопштија дека полицијата е присутна на станицата Тутинг бродвеј по дојава дека маж им се заканувал на...

Штрајк на лондонското метро

Подземната железница во Лондон денеска е затворена поради штрајкот на вработените, кои се противат на плановите за викенди да работат 24 часа. Поради затворањето на лондонското метро, познато како „Тјуб“, илјадници патници морале да најдат превоз до работа. Воведени се дополнителни автобуси во градскиот превоз, а многу жители на Лондон одлучиле да изнајмат велосипеди. Членовите на синдикатот запреа со работата поради...

Во судир на два воза во метро, повредени повеќе од 400 лица

Повеќе од 400 патници се повредени во судир на два воза во метро во Јоханесбург. Портпаролката на службата за вонредни ситуации, Нана Радебе, изјави дека во болницата во Јоханесбург се сместени 426 лица кои се здобиени со тешки и со лесни телесни повреди. Спасувачките екипи се на местото на настанот и трагаат по патници, кои можеби се заглавени во вагоните. До несреќата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...