fbpx
Таг: Метро

таг: Метро

РЕПОРТАЖА: Лисабон – град на шармантните стари трамваи и модерно метро [галерија]

Лисабон со право е една од најпосакуваните туристички дестинации во Европа поради богатото културно-историско наследство и неодоливата гостопримливост на неговите жители, збогатена со фактот дека градот е лоциран на брегот на Атланскиот океан. Сепак, едно парче од мозаикот што го прави Лисабон незаборавно место за патување е високоефикасниот и разновиден јавен превоз, кој е неизоставен дел од функционирањето на...

Кралицата Елизабета Втора ја посети новата брза линија на лондонското метро именувана по неа [видео]

Кралицата Елизабета Втора ја посети новата брза линија на лондонското метро именувана по неа. Таа пристигна облечена во сончево жолта комбинација и како што пренесе јавниот сервис Би-би-си во репортажата за настанот, беше насмеана и во весел дух. Со помош на бастун прошета низ станицата, па дури го провери и автоматот за билети, а разговараше и со машиновозачот и...

Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од...

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit - BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска...

Софија до крајот на август ќе ја стави во функција третата линија на метрото (галерија)

Бугарскиот главен град до крајот на август 2020 година ќе ја пушти во функција третата линија на софиското метро. Линијата ќе биде долга 12 километри, ќе има 12 метро станици и ќе ги поврзува југозападниот со североисточниот дел на градот. Вкупната вредност на проектот изнесува 480 милиони евра. Изградбата на третата метро линија започна на почетокот од 2016 година,...

Од ЕБОР бараме 70 милиони евра за воведување на „трамвајот на тркала“ во Скопје

Македонската влада побарала 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти, при што банката...

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта на оваа задача е да...

Брзиот скопски „трамвај на тркала“ запре на бавната реакција за финансирање на проектот

„Трамвајот на тркала“ (брз автобуски систем - БРТ) во Скопје на почетокот од декември помпезно се најави дека ќе добие владина поддршка за пронаоѓање средства, но засега нема информации кои чекори досега се преземени за неговата реализација. Министерството за финансии повеќе од три недели не одговара на прашањата на „Мета.мк“ за тоа до каде е процедурата за аплицирање за...

Не, во Кина не е изградена болница за само два дена

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на физибилити студијата, како и...

Наместо трамвај, Скопје допрва ќе работи на проект за „автобуско метро“

По многуте недоумици во јавноста, владата пресече дека ќе го поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје. На вчерашната владина седница се разгледала и усвоила информацијата за воведување на т.н. „автобуско метро“ со превозни средства што ќе се движат на електричен или хибриден погон. Инаку, терминот „автобуско метро“, кој го има и во владиното соопштение, е несмасен...

Полицијата во Лондон се повлекува, немало докази за пукање

По големата паника што го зафати Лондон, под сериозни сомнежи за терористички напад со пукање во метро-станицата Оксфорд сиркус, специјалните полициски сили се повлечени, а станицата е повторно отворена. Повторно е отворена и станицата Бонд стрит, која беше затворена за да не се случи огромна маса луѓе во паника да влезе во неа, обидувајќи се да се евакуираат. Според „Би-би-си“, полицијата не...

Паника во и околу метро-станицата Оксфорд во Лондон

Една од најфреквентните метро-станици во Лондон вечерва е евакуирана, откако беше пријавен инцидент со пукање. Имаше информации и дека се пукало на улиците во близина и, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за терористички напад. Полицијата не соопштува детали, туку само упати апел до граѓаните да не се движат во тој дел на Лондон без потреба. На улиците во близина...

Уапсен шести осомничен за нападот во лондонското метро

Британската полиција уапси 17-годишно момче поради поврзаност со минатонеделниот терористички напад во лондонското метро, пренесуваат британските медиумите. Тинејџерот е шестиот уапсен во врска со бомбашкиот напад, кој се случи на 15. септември во близина на метро-станицата Парсонс грин, а во кој беа повредени 30 лица, јавува „Би-би-си“. Сите шестмина уапсени се задржани и остануваат во притвор во полициска станица во...

Ново апсење поради нападот во лондонското метро

Двајца мажи се уапсени во Велс под сомневање дека се вмешани во минатонеделниот напад во лондонското метро, кога беа повредени 30 лица. Досега се уапсени вкупно пет лица, соопшти британската полиција. Двајца мажи на возраст од 48 и 30 години се уапсени во Њупорт и во Велс на основа на законот за тероризам. За време на викендот уапсени беа двајца мажи, еден...

Уапсено уште едно лице осомничено за поврзаност со нападот во Лондон

Британската полиција уапсила уште едно лице под сомневање за поврзаност со бомбашкиот напад што се случи во петокот оваа недела, во метро-станицата Парсонс грин во Лондон, јавува „Би-би-си“. Станува збор за 21-годишно момче, кое синоќа било уапсено во западен Лондон. Осомничениот бил однесен во полициската станица во јужен Лондон, каде останува во притвор. https://twitter.com/BBCBreaking/status/909315500089511936 Вчераутро, во пристанишниот град Довер, полицијата уапси 18-годишно...

Бомбата во Лондон не експлодирала целосно

Експлозивната направа што го предизвика утринскиот инцидент во воз во лондонската метро-станица Парсон грин, не експлодирала целосно, а пронајден е и тајмер. Лондонската итна помош соопшти дека 22 патници се примени во болница по експлозијата, но дека никој од нив не е посериозно повреден. Безбедносните претставници за „Си-ен-ен“ рекле дека е пронајден тајмер на експлозивна направа и оти се претпоставува дека...

Експлозија во лондонското метро

Во експлозија во воз во лондонското метро, повредени се неколку патници, кои добиле изгореници на лицето, јавува лондонскиот весник „Метро“. Како што се наведува, полицијата е запознаена со инцидентот на станицата Парсон грин во западниот дел на Лондон и веќе е на местото на настанот, заедно со возила на брзата помош. Полицијата засега не открива за што станува збор и најави...

Евакуирана метро станица во Лондон поради дефект на воз

Британската полиција соопшти дека ја евакуирала подземната железничка станица Холборн во Лондон поради чад на платформата, предизвикан од дефект на еден од возовите. Противпожарната служба и полицијата претходно соопштија дека нивните припадници се упатени на лице место по пријавата за пожар и чад, кој избил во еден од вагоните на возот. - Работиме на повторно отворање на подземната станица Хелборн, откако...

Евакуирана метро-станица во Лондон

Станица на подземната железница „Оксфорд циркус“ е евакуирана откако во еден воз се појавил чад, пишува британски „Телеграф“. Лондонската противпожарна бригада добила повик од станицата „Оксфорд циркус“, а станицата во меѓувреме е затворена. - Се наоѓаме на местото на настанот и водиме истрага – рече портпаролката на лондонската противпожарна единица. Еден очевидец вели дека мирисало на запалена пластика.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...