fbpx
Таг: Метју Нимиц

таг: Метју Нимиц

Нимиц: Неприфаќањето на Договорот од Преспа може да има опасни последици

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки па дури и опасни последици, оценува специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. -Нов договор и „брзо решение“, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе...

Нимиц: Подготвен сум да им помогнам на Македонија и Грција ако е потребно

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. – Очигледно политичкиот процес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако на двете страни им...

Нимиц: Фокусот да се стави на оние кои гласаа „за“, тие што не гласаа не нудат алтернатива

Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ Антена во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние кои излегоа и гласаа...

Нимиц: Чест ми е што бев медијатор, Димитров и Коѕиас покажаа лидерство и визија

Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатено решение што го постигнаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за повеќедеценискиот спор за името. Нимиц изрази чест што посредувал меѓу двете земји и им благодари на двајцата министри за надворешни работи кои демонстрирале лидерство, визија и решеност во преговарачкиот процес и не се откажале од...

Стејт Департмент: Историскиот договор ќе донесе придобивки за двете земји

Стејт Департментот денеска им честиташе на премиерите на Грција и на Македонија за договорот за разрешување на спорот за името, порачувајќи дека искажале визија и храброст. „САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Оваа разрешница ќе донесе придобивки за двете земји и ќе ја засили регионалната...

Коѕиас: Дојдено е време за големо „да“ или големо „не“

Мислам дека доаѓа моментот да го кажеш големото „да“ или големото „не“ и ги разбираш тешкотиите што се наоѓаат пред тебе, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во однос на последните случувања во преговорите меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Тој се надева дека пробој во...

Ѕанакопулос: Оптимист сум дека може да стигнеме до договор

Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ, а пренесува МИА. Тој, изјавил дека „и покрај тоа, и понатаму е голем оптимист и ги...

Ципрас: Преговараме врз основа на имињата предложени од Нимиц

Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од медијаторот Метју Нимиц, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“. Грчкиот премиер на Мицотакис му возвратил дека владата јасно и навремено излегла со став,...

Коѕиас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц

Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во изјава за грчките дописници од САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува МИА. Со оваа изјава и Коѕиас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот...

Најдобро е името да произлезе од предлозите на Нимиц, вели Ѕанакопулос

Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“. Ѕанакопулос го поздравил прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата...

Коѕиас: Денеска смисливме многу алтернативи, но не стигнавме до одлука

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, на денешната прес конференција по министерскиот состанок во Солун, рече дека остануваат уште 1-2 централни прашања да се решат, а со неговиот македонски колега Никола Димитров разговарале за алтернативите и варијантите за решение, но не дошле до решение, пренесува МИА. - Мислам дека денеска смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, ќе...

Димитров и Коѕијас ги завршиле разговорите со работна вечера

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вчера во Виена четири часа разговараа за решение на спорот за името, а средбата ја завршиле со работна вечера. По средбата, шефовите на дипломатии на двете земји не дадоа изјави за медиумите. Посредникот во преговорите Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН рече дека имало интензивна...

Во Виена почна средбата на Димитров и Коѕиас со медијаторот Нимиц

Во Виена денеска продолжуваат разговорите за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Средбата се одржува во канцелариите на ОН. Засега нема информации до кога ќе трае средбата и дали по средбата ќе има изјави за медиумите. Двете министерства и македонското и грчкото, на...

Нимиц, Димитров и Коѕиас денеска се среќаваат во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас денеска во Виена ќе се сретнат со Метју Нимиц, посредникот во преговорите за името под покровителство на ОН. Како што соопштија од седиштето на ОН во Њујорк, Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Иако вчера еврокомесарот Јоханес...

Димтров, Коѕиас и Нимиц в среда ќе се сретнат во Виена

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, заедно со посредникот Метју Нимиц, на 25 април (среда попладне) во Виена, информираат од МНР. Минатата недела, Коѕиас во интервју за грчкото радио „24/7“, во однос на разговорите и точките за кои се преговара, рече дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за...

Димитров, Коѕиас и Нимиц за пет дена на нова средба во Виена?

Медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, наредната недела на 25 април ќе одржат нова средба во Виена, објавија грчките медиуми, пренесува МИА. На оваа средба, според грчките медиуми, ќе се направат напори да се надминат разликите од средбата во Охрид. За десетина дена по оваа, најверојатно ќе следува уште...

Нимиц им пишал на Димитров и Коѕиас во пресрет на нивната средба во Охрид

Медијаторот во решавањето на спорот за името, Метју Нимиц им испратил писмо на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во кое ја опишува актуелната ситуација во преговорите за името, односно точките за кои има согласување и точките за кои има разлики, онака како што тој ги формулирал за време на разговорите во Виена....

Нимиц е оптимист за иднината, според Димитров имало условен напредок

После денешната, речиси осум часовна средба, помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димтров и Никос Коѕиас, медијаторот на ОН Метју Нимиц рече дека е оптимист за иднината, објави телевизија „Телма“. -Ова е една од серијата средби со цел да го решиме таканаречениот спор за името. Имавме средби цел ден и тоа беше еден продуктивен состанок, што...

Димитров и Коѕиас на нова рунда преговори во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, денеска во Виена ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц. „Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името“, соопшти прес-службата на ОН. Медијаторот Нимиц на Димитров и...

Димитров: Нашата платформа се разликува од грчката, нема поместување од минатата средба

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Никола Димитров не сакаше да коментира за точките на грчката нацрт-платформа за решавање на спорот, а за македонската платформа рече дека се разликува од грчката. - Грчката нацрт сподогоба е предмет на анализа во овој период, не знам колку ќе биде корисно да коментирам за содржината. Имаме и наша нацрт-спогодба за која не зборувавме оти,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...