fbpx
Таг: Метаморфозис

таг: Метаморфозис

Формиран Дигиталниот Форум за информатичко-комуникациски технологии

На конститутивна седница со која претседаваше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше формиран Дигитален форум за информатичко-комуникациски технологии како партнерски и коалициски форум за размена на идеи помеѓу институциите и останатите засегнати страни, кои се поддржувачи на дигиталното партнерство. Од МИОА посочуваат дека идејата за формирање на форумот произлегла како резултат на препознавањето на важноста на дигиталната...

СТЕП: Туристички пакети за природните и културни вредности на Македонија и Албанија

На заеднички состанок во селото Јанче, партнерите во Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) ги договараа туристичките пакети што ќе се нудат заеднички во северозападна Македонија и во регионот Елбасан во Албанија. Учесниците од Албанија на средбата во комплексот „Туто“ во живописното село во општина Маврово - Ростуше, кој исто така е член на мрежата на СТЕП, претставија неколку...

Истражување: Нема реформа на правосудството без политичка волја

Мора да има политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата. Ова е најважната препорака од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“, во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите...

„Е-општество“: Медиумската писменост е неопходна за здрава демократија

Потребна е поголема медиумска писменост која ќе доведе до транспарентни и отчетни институции, е заклучокот од Конференцијата „е-Општество“ која Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ја организира по 14 пат, а оваа година е на тема „медиумски писмени граѓани за отчетни институции“. И на оваа конференција ќе се обидеме да се фокусираме на влијанието на новите технологии врз работата на...

Утре ќе се одржи 14. конференција „е-Општество“ на Фондацијата „Метаморфозис“

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ утре со почеток од 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ по четиринаесетти пат ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Темата на овогодинешната конференција ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“. На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и...

Граѓанските организации поставија рок од 10 дена за одговорност за бегството на Груевски

Вкупно 14 граѓански организации, меѓу кои и Фондација Отворено општество - Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска упатија втора реакција до власта, поставувајќи рок од 10 дена да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Во спротивно, порача граѓанскиот сектор, ќе се бара политичка одговорност од највисоките функционери. „Најостро ја...

Истражување: Изборниот систем e сериозен извор на кризи во Македонија

Изборниот систем, ваков каков што е сега, е сериозен извор на кризи во земјава. Ова е генералниот заклучок од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Истражувањето, кое е правено врз база на претходно развиена прецизна методологија и со помош на...

Студентите порачаа: Не верувајте на сè, проверувајте ги информациите

Со голем, студентски митинг, десетина студенти од  прва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, со инспиративни говори на стотина свои колеги на платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ им ја пренесоа пораката дека секој граѓанин мора да ги совлада барем основите на медиумската писменост, односно да бидат свесни дека не секогаш сите информации што им се пренесуваат се...

Студентски митинг „Не биди медиумска мета“ во УКИМ утре

Со почеток во 11 часот утре, на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одржи хепенинг „Не биди медиумска мета“, во рамки на одбележување на Eвропската недела на медиумска писменост. Настанот,  претставен како студентски митинг, е во рамките на проектот „Не биди медиумска мета“ кој се спроведува од Македонскиот институт за европски студии (МИЕС) во рамки на големиот...

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк - центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот на критичкото мислење и...

УСАИД и „Метаморфозис“ со нов повик до граѓанските организации

Граѓанските организации беа светлото, кое за време на политичката криза укажување на недостатоците, што придонесе за демократизација на процесите. Ова вчера во Штип го изјави директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, кој најави дека остануваат со поддршката за овие организации, кои продолжија да ја играат улогата на контролор на власта. -Сметам дека владата успеа да усвои...

Заврши потпишувањето меморандуми за туристичка соработка на општините во Полог

Со потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и општина Врапчиште се затвори поглавјето на потпишување на меморандуми за соработка со девет општини вклучени во Полошкиот плански регион (Тетово, Гостивар, Желино, Боговиње, Теарце, Јегуновце, Врапчиште, Брвеница и Маврово - Ростуше). Во согласност со меморандумот, Фондацијата „Метаморфозис“ се обврзува да ги промовира вредностите на сите потенцијални...

Регионален индекс: Македонија со најотворени институции во регионот кој се затвора

Загрижува тенденцијата за паѓање на отвореноста во Црна Гора и во регионот, а македонската влада е најтранспарентната од владите во регионот, беше одбележано на конференцијата на тема „Отвореност на институциите на извршната власт во Црна Гора и регионот“, која се одржа во Подгорица. Конференцијата, по повод Меѓународниот ден за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен...

Младите се централен фокус на напорите за ширење на медиумската писменост

Во проектите на Европската унија, кои се однесуваат на ширењето на критичкото мислење и медиумската писменост главните напори се насочени кон младите и начинот на кој тие ги восприемаат и користат вестите и информациите, пред сѐ, од интернет, како е доминантен дел од нивниот медиумски екосистем - Демократијата треба да овозможи длабоките несогласувања да бидат дискутирани јавно на цивилизиран начин....

Град Скопје ја подобрува транспарентноста, во живо ќе ги пренесува седниците од Советот

На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток, Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо. „Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми...

Собранието со благ пад во отвореноста и отчетноста во однос на минатата година

Во поглед на нивото на транспарентност, односно отвореност кон јавноста, како и на отчетност, Собранието на Република Македонија според новата проценка во рамки на студијата на регионалната мрежа на граѓански организации „ACTION SEE“ годинава стои полошо отколку при претходното мерење. Отвореноста на Собранието е проценета на 58 отсто од индикаторите за отвореност, што е за еден отсто помалку отколку во...

Граѓанските организации со повеќе предлози до Владата за борба против корупција

Од софтверски алатки за следење на регуларноста на јавните електронски наддавања преку испитување на работата на државниот правобранител до забрзување на некои законски реформи и јакнење на интегритетот на функционерите, службениците и институциите, беа дел од иницијативите што десетина граѓански организации денеска ги презентираа пред повеќе министри и претставници од Секторот за односи со јавноста во Владата. На вториот отворен...

Информативни сесии низ Македонија за повикот за грантови за проектот „КриТинк“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии ги покануваат заинтересираните локални граѓански организации и медиуми да учествуваат на информативни сесии за Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Конкурсот за мали грантови е првиот од двата циклуса на Програмата за мали...

Утре во ААВМУ ќе се одржи презентација на Мрежата за медиумска писменост

Утре, на 7 јуни 2018 година во 12 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи состанок и презентација на Мрежата за медиумска писменост http://mediumskapismenost.mk/. На состанокот ќе се претстават трите проекти за медиумска писменост кои ќе ги спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“, МИМ и МОФ, а кои се финансиски поддржани од Европската...

DOCU.TECH ќе ги собере на едно место младите иноватори и ентузијасти за технологија

На 9 и 10 јуни во Креативниот центар „Термокис“ во Приштина неколку десетици ентузијасти за технологија и млади иноватори ќе имаат можност да разменуваат идеи, да дискутираат и да добијат совети на DOCU.TECH 2018 еден од најголемите технолошки настани на Балканот. Организатори на овој настан се Фондот за Западен Балкан, кој обезбедува и дел од финансиите, како и Фондацијата Шеар од Србија...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...