fbpx
Таг: месо

таг: месо

Царинска управа: Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги на Царинска управа спречил шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава. Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација, ниту пак превозникот за него имал...

Деветгодишни деца се отруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид

Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка безбедност на храната. Исто така,...

Јајцата, боите за јајца и месото под засилени инспекциски контроли пред Велигден

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, при што акцент е ставен на датумот на пакување...

Од утре замрзнуваат цените на јајцата и оризот, ќе се анализираат цените на месните производи

Цените на оризот и на јајцата од утре ќе замрзнат на ниво на една од цените која важела во текот на март, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Нема да биде денешната цена, но тоа ќе биде една од цените во текот на месец март. Не сакаме да кажеме која, за да не се подготват трговците и...

Со исечен видеоматеријал се манипулира дека учесници во реално шоу јаделе човечко месо

Во фрагментот од видеото што се споделува во овој пост скратен е делот во кој на натпреварувачките им се кажува дека станува збор за шегобијно шоу. Во нивната храна секако, немало човечко месо, ниту пак, станува збор за канибализам, како што невистинито се тврди во постот. Па, со оглед на тоа што еден клучен дел од шоуто е изоставен...

Деновиве ќе поевтинат месото и млечните продукти, поевтина ќе биде и струјата за месната индустрија

Министерот за економија Крешник Бектеши прогнозира дека деновиве ќе поевтинат цените на месото, млекото и млечните производи од 5 до 12 отсто, а до крајот на годината, ќе има и други намалувања на цените. Како што тој вели, веќе се стабилизирани цените на суровините за маслото за јадење, како и на пченицата и на пченката, така што се очекува...

Пред да јадете виршли, убаво сварете ги, препорачуваат експертите

Пред да се консумираат виршли, тие треба термички да се обработат, односно убаво да се сварат, зашто тоа е еден од начините за заштита од листерија моноцитогенес. Ова го потенцираат универзитетските професори со кои поразговаравме, откако Агенцијата за храна и ветеринарство вчера соопшти дека донела одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии од виршлите „Вуди“ бидејќи во...

Холандски град се подготвува да забрани реклами за месо од 2024 година

Градот Харлем во северозападна Холандија се подготвува да стави забрана на најголемиот дел од рекламите за месо од јавниот простор поради влијанието на оваа храна врз климата, пренесе Би-би-си. Градските власти ќе започнат со оваа мерка од 2024 година, а се верува дека Харлем ќе биде првиот град во светот кој ќе воведе ваква забрана. Предлогот беше инициран од еколошката политичка...

Вистиномер: „Мекдоналдс“ не користи човечко месо во своите производи

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави. „Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како одговор на прашање во делот „Вашето право да знаете“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук тврди дека познатиот синџир...

Производителите на месо најавуваат повисоки цени за 20 до 40 отсто по велигденските празници ако нема ослободување од царина

Домашните компании кои произведуваат месо и месни преработки бараат од Владата продолжување на одлуката за ослободување на царините при увоз на суровини за преработка, чија важност завршува на крајот на април годинава. Во спротивно, најавуваат зголемување на цените на месото и на месните преработки после велигденските празници, за 20 до 40 отсто. Одлуката за ослободување на царините во изминатите три...

Месната индустрија бара да се зголеми увозот на замрзнато месо за да се избегне ценовен шок на производите

Групацијата на производителите и преработувачите на месо при Стопанската комора побарала од Министерство за економија да ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Ако не се одобри зголемување на количините за увоз на замрзнато месо, претседателот на Групацијата, Гоце Трајчев истакна дека ќе следува ценовен шок на производите кои се преработки од месо,...

Инспекторите уништиле седум тони небезбедно месо и млечни производи

Околу седум тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна, официјалните ветеринари и операторите со храна во мај годинава. Се работи за месо и млеко, односно производи од месо и млеко. - Во внатрешниот промет, во истиот временски период спроведени се вкупно 5.534 инспекциски контроли, од нив 4.035 редовни, 528 контролни и 971 вонредна инспекциска контрола....

АХВ забрани увоз на свињи и свинско месо од Бугарија, поради африканска свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили мерките за надзор и контрола на болеста африканска свинска чума, по добиената потврда на 31 август дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија, информираат од АХВ. „Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус-производи од свинско месо од регионот во...

Агенцијата за храна за шест месеци открила 61 тон небезбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на годината до крајот на јуни открила вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, односно месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца. Од тоа, АХВ уништила 17.141 килограми небезбедна храна, а поголемиот дел, или 43.668 килограми, биле уништени од фирмите, врз основа на налози од...

Забранет увоз на месо, млеко од овци и кози, како и на животни, од Бугарија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донела Решение со кое се забранува увоз од Бугарија и транзит преку македонска територија на живи домашни и диви мали преживари (овци и кози), како и сперма, јајце клетки и ембриони од домашни и диви мали преживари со потекло од оваа земја. АХБ забранува и увоз на месо, производи и преработки од месо...

Раководството на САСА и синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и рудникот за олово и цинк Саса потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата, која што компанијата ја достави до синдикатот на 26 април. „Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, „Централ Азија металс“, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот од проблемите поврзани со...

Менаџментот на САСА и синдикатот почнаа преговори за барањата на вработените

Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот започнаа во седиштето на Мултиетничкиот синдикат на образованието во Скопје (МЕСО). „Од сите присутни на состанокот беше искажана надеж дека овој процес ќе заврши со конкретен резултат од кој ќе бидат задоволни вработените и кој истовремено ќе и овозможи на компанијата да продолжи со својот натамошен развој, од што придобивки ќе имаат сите....

Трошоците за живот во март се минимално зголемени во однос на лани

Индексот на трошоците за живот во март 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, а има зголемување од 1,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 отсто, житата за...

АХВ: Во Македонија не е увезено старо и небезбедно месо од Белгија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вели дека во Македонија не е увезен ниту килограм од старото и небезбедно месо од белгиската месна индустрија „Вевиба“. Како што објаснија од АХВ за „Мета“, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на Европската Унија, Агенцијата досега нема добиено известување дека белгиската месна индустрија „Вевиба“...

На Балканот завршило белгиско месо старо 12 години

Месарска компанија од Белгија ја загуби дозволата за работа, откако властите открија дека се фалсификувале податоците за рокот на траење на месо и месни производи, а во нив се ставале делови од животински тела кои воопшто не се дозволени за човечка консумација. Месото се извезувало и во Југоисточна Европа. „Мета“ испрати прашања до македонската Агенција за храна и ветеринарство дали...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...