„Охридската” црвена супер Месечина пред научниците од НАСА


Охрид, 28 септември, 2015 - 16:06 (META) 

Синоќешниот редок феномен на црвена супер Месечина над Охридското Езеро и на охридското небо, беше фото-документирана од охридскиот фотограф Стојан Стојановски.

Како член на аматерското астрономско друштво од Охрид, Стојановски е специјализиран за фотографирање астрономски појави.

Стојановски направи неколку исклучителни фотографии, каде ја долови во вистинско светло Месечината во целиот нејзин сјај.

Фотографот Стојановски соработува и снима за потребите на научниците од НАСА, за чија страница доставува фотографии од астрономски случувања.

Младиот фотограф досега има направено бројни фотографии од затемнувања на Сонцето, метеорски дождови, а исто така пред неколку години ја фотографираше кометата Pan-STARRS, па фотографијата беше објавена на порталот на НАСА.

Вчера се случуваше редок феномен на совпаѓање на неколку појави, полна Месечина, месечина „жетва“ или „двојна полна Месечина“, како што стручно се нарекува, супер Месечина, а исто така и затемнување на Месечината. Овој настан е редок и веројатноста да се повтори е дури за 18 години.


Јапонија планира мисија на Месечината


Токио, 20 април, 2015 - 18:17 (META) 

Јапонија планира да покрене беспилотна мисија на Месечината, која треба да биде првиот чекор кон идните посети на Марс, најавија претставниците на Јапонската вселенска агенција.

Агенцијата го претстави планот за месечевата сонда на владата и на министерството за образование, наука и технологија.

Доколку акцијата биде успешна, Јапонија ќе стане четвртата земја што испратила беспилотно летално на Месечината, по Русија, САД и по Кина.

Планирано е мисијата да почне во април 2018 година, а проценето е дека ќе чини 15 милијарди јени (126 милиони долари). Ресорното министерство наредната година ќе побара буџет за програмата.


Фантастичен видеозапис што ги открива месечевите фази


Вашингтон, 12 декември, 2014 - 17:01 (META) 

Новата визуелизација која пристигна од НАСА неверојатно детално ги прикажува фазите и осцилациите во поместувањето на Месечината.

Сателитот „Лунат реконисенс орбитер“ (ЛРО) од 2009 година патува околу Месечината, снимајќи ја нејзината површина во висока резолуција.

Секој кадар од снимката претставува период од еден час, така што со голема јаснотија можат да се видат и сите осцилации на Месечината.