fbpx
Таг: Мерни станици

таг: Мерни станици

Мета факт: Општина Гази Баба не изработи акциски план, ниту систем за мониторинг на аерозагадувањето

Аерозагадувањето во Скопје руши неславни рекорди, а една од општините во главниот град која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија - Општина Гази Баба ги нема исполнето ветувањата за изработка на Акциски план за намалување на загадувањето на воздухот и за воведување на систем на мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан...

Во Центар и Карпош 15 месеци се расипани инструментите што мерат ПМ-2,5 честички [инфографик]

Веќе 15 месеци, од октомври минатата година, граѓаните на Скопје кои живеат во Центар и во Карпош воопшто немаат податоци за концентрациите на ПМ-2,5 честичките во воздухот што го дишат. Во екот на сезоната на најголемата загаденост, мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух во овие две општини втора година по ред не функционираат....

За Центар и Карпош есенва нема податоци за загадениот воздух со ПМ-2.5 честички [инфографик]

Есенва немаме податоци за присуството на опасните ПМ-2.5 честички за централните скопски општини Центар и Карпош. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање не дава целосни податоци за сите загадувачки супстанци за аерозагадувањето во Скопје, а кои го мерат инсталираните мерни станици. И покрај ова, достапните податоци покажуваат дека скопјани...

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства од странство за да...

Мета факт: Мерните станици ветени од Орце Ѓорѓиевски чекаат на реализација во Кисела Вода

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода кога и беше дадено ветувањето од градоначалникот, а до крајот на...

МЖСПП: Нема да работат мерните станици Кавадарци, Битола 3, Гостивар и Ректорат

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) извести дека податоците од мониторинг станиците за квалитет на амбиенталниот воздух во Кавадарци, Битола 2, Гостивар и Ректорат во наредните петнаесетина дена нема да бидат достапни на порталот за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk/ . На овие мерни места ќе се врши сервисирање на дополнителната опрема неопходна за функционирање на мерните инструменти.

Извештаите за загадувањето на скопскиот воздух преполни со недостатоци [инфографик]

Квалитетот на воздухот на мерните станици Центар и Карпош е непознат за февруари 2023 година во делот на најопасните ПМ-2.5 честички, бидејќи во редовниот месечен извештај воопшто нема податоци за тоа, колкаво било присуството на овие загадувачки супстанци во скопскиот воздух. Случајно или не, податоците се неверодостојни и за традиционално најзагадената локација во Скопје - мерното место Лисиче. Во...

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од 50 микрограми ПМ-10 на...

Во Скопје минатиот месец се изнадишавме поопасен воздух во однос на декември 2021 [инфографик]

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на...

МЖССП: Податоци за аерозагадувањето не се прикажуваат поради инсталација на нова опрема

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. „Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка...

За Центар и Карпош есенва не се мери аерозагадувањето со ПМ 2,5 честички, Лисиче со мистериозни податоци [инфографик]

Сезоната на аерозагадување во Скопје почна, а податоците од мерните станици за Центар и Карпош за ПМ 2.5 честичките ги нема во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање. За октомври и ноември 2022 година нема податоци за најопасните загадувачки честички, додека за традиционално најзагаденото место во Скопје - мерната станица Лисиче, мистериозно за двата месеца...

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

Драстични разлики во мерењето на опасните ПМ-2,5 честички се регистрирани од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во одредени делови од Скопје. Истовремено, ПМ-10 честичките остануваат проблем за граѓаните на целиот град, покажуваат месечните извештаи за аерозагадувањето во Скопје за февруари и март 2022 година што се изработени од ова министерство. Мерните станици покажале дека во...

Зимава во Карпош воздухот бил најчист, додека Лисиче, Ректорат и Гази Баба најзагадени [инфографик]

Проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје останува актуелен, но бројот на денови со нечист воздух и измерените загадувачки концентрации изминатава зима се нешто помали во споредба со претходната зима, особено кај најопасните ПМ 2.5 честички. Во текот на декември 2021 и јануари 2022 година од петте постојани мерни станици во Скопје, произлегува дека најчист воздух дишат граѓаните на...

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува Министерството за животна средина и...

Воздухот во Тетово и понатаму е загаден, недостигаат мерни станици, општината ветува решение

Веќе неколку дена квалитетот на воздухот во градот Тетово е многу лош. Според програмата AirCare, на 3 јануари нивото на штетните честички ПМ 10 и ПМ 2.5 било високо, конкретно 138 и 128 микрограми на метар кубен, што ја надминува дозволените количини во воздухот. Ниту локалните ниту централните власти немаат преземено сериозни мерки за решавање на овој проблем. Дури,...

Чаир, Бутел и Шуто Оризари немаат станица што ќе го мери квалитетот на воздухот

Општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари, кои го сочинуваат целиот северен дел на главниот град, немаат ниту една мониторинг станица што ќе го мери квалитетот на воздухот на овие локации. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), управуван од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се состои од 18 фиксни мониторинг станици низ...

Лисиче е најопасно место за живеење во Скопје според загадувањето на воздухот [инфографик]

Нивото на загадување на воздухот во Скопје во текот на октомври и ноември годинава било помало во споредба со истиот период од 2020 година. Кај ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките актуелната есен се забележува тренд на нивно намалување, додека јаглерод моноксидот и азотниот двооксид се во рамките на дозволените вредности. Опсегот на мерење на квалитетот на воздухот во...

За да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, потребни се повеќе средства и построга контрола на загадувачите

За да има видливо подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје во период од 2 до 3 години, потребни се храбри и сеопфатни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето, а не минорни средства во буџетите што се издвојуваат секоја година за оваа намена. Приоритет треба да биде намалувањето на загадувањето со ПМ честички, и тоа оние што се...

Скопскиот воздух во февруари и март бил позагаден од истиот период лани [инфографик]

Мерките што ги презедоа државните и општинските власти за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје се недоволни. Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање за аерозагадувањето на главниот град покажуваат дека зимава воздухот бил позагаден во февруари и март во споредба со идентичните месеци лани. „Мета.мк“ ги анализираше месечните извештаи за квалитетот на амбиентниот...

Во јануари полесно се дишело во Скопје, во декември воздухот позагаден во споредба со минатата зима [инфографик]

Загадувањето на воздухот во Скопје и тековнава зима останува голем проблем за граѓаните, и покрај тоа што официјалната статистика од Министерството за животна средина и просторно планирање покажува нешто помало аерозагадување како просечни вредности во споредба со минатата зимска сезона. Податоците од мерните станици поставени во главниот град покажуваат дека во декември 2020 година имало поголемо загадување на воздухот во...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...