fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

Комисија за заразни болести: Расте бројот на ковид случаи, но во безбедна зона сме

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19,...

Ковачевски: Предвремени избори нема да ги решат проблемите, го затвораме ова прашање

Денеска заклучивме дека предвремени избори нема да ги прешат проблемите, па затоа го затвораме ова прашање. Следни парламентарни избори ќе има во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со владината коалиција. Тој кажа дека уцените за предвремени избори ги оценува како неразумни и против интересите на граѓаните. „Повод за средбата беше реафирмација на стратешките приоритети за справување...

Укинати анти-ковид мерките, со маска само во аптека, амбуланта и во дом за стари лица

Владата на денешната редовна седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. „Владата ги реафирмира препораките за...

Со навремени мерки до зголемено домашно производство на храна

Со усвоениот сет мерки, како и со интервентниот фонд и со „Националниот план за производство на храна“, се дава силна поддршка и помош на земјоделците и на граѓаните, соопштуваат во Владата. Во соопштението испратено до јавноста стои дека Владата прави максимални напори во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја, да го зголеми домашното производство на...

Носење маски во затворен простор ќе биде избор, а не обврска

По редовниот состанок, Комисијата за заразни болести на денешната прес-конференција информираше дека заклучиле оти според моменталните услови може да се намалат рестриктивните мерки и се согласиле да препорачаат укинување на задолжителното носење на маските во затворен простор. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски рече дека носењето на маска ќе биде избор, а не обврска. „Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите...

(Видео) Се укинува ДДВ-то за основните прехрамбени продукти

Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција презентираше 26 мерки кои се поделени во две категории меѓу кои е предвидено намалување на ДДВ-то, се воведува маржа, се намалува акцизата за поевтини горива. Владата предвидува и субвенции за струја, како и ваучери за загрозени категории граѓани и пензионери. Има и кредити за инвестирање на компаниите во проекти кои се за енергетска...

Почна новото полугодие, останаа старите проблеми и дилеми

Од денеска учениците се вратија во училиштните клупи. Со почитување на протоколите кои беа на сила и во првото полугодие, започна и второто, но останаа дилемите - дали треба да се оди на училиште со физичко присуство, дали треба учениците и наставниците да носат маски, дали можеби треба да се размисли уште да се продолжи распустот со оглед на...

Дијабетичарите бараат хронично болните да се ослободат од работни и училиштни обрвски

Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска побара од Владата и Министерството за здравство да ги ослободат од работни и училиштни обврски сите лица кои се хронично болни, посебно лицата со тип 1 и тип 2 дијабетес, заради загрижувачката состојба со ковид во земјата. Како што стои во нивното барање со надлежните, се надеваат дека ќе бидат прифатено како итно...

СЗО: Омикрон може да ги оптовари здравствените системи

Светската здравствена организација предупреди дека варијантата на коронавирус Омикрон може да доведе до преоптоварени здравствени системи, иако студии укажуваат на тоа дека овој сој предизвикува лесна клиничка слика. Ограничувањата се враќаат во Кина, Јужна Африка и Германија додека земјите ширум светот се борат да го запрат ширењето на новата варијанта. Напливот на ковид-19 направи хаос низ целиот свет, принудувајќи многу...

Ковид рекорди во Грција: 21.657 ново заболени за еден ден

Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со коронавирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон. За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето во Атина и Солун. За...

Екологистите бараат построги мерки и координација меѓу институциите против аерозагадувањето

Наместо тесно-партиски ставови и обвинувања, од Еко-свест бараат многу позасилени напори и работење во континуитет за изнаоѓање системски одржливи решенија, со кои аерозагадувањето во Скопје ќе се намали, а со тоа и ризиците по здравјето на неговите жители. Од Еко-свест велат дека голем дел од краткорочните мерки и препораки, како и нивниот ефект, зависи од тоа колку ќе бидат прифатени...

Воведен бесплатен јавен превоз и серија мерки поради аерозагадувањето во Скопје

Градот Скопје, поради аерозагадувањето, денеска воведе серија мерки за граѓаните, што ќе бидат на сила додека аерозагадувањето со ПМ-10 честички не се намали под 100 микрограми на кубен метар. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници, зајакнат инспекциски надзор, ограничување на градежните активности на објектите под надлежност на Град Скопје и интензивна контрола на градилиштата се само...

Филипче: Нема потреба од затворање граници и карантин заради Омикрон

Стабилна е епидемиолошката ситуација во земјава, минатата недела имавме 5 отсто помалку нови случаи во однос на неделата претходно. Во болниците има слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника, информира министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести. Тој рече дека во ситуација кога и покрај тоа што е релаксирано во болниците, сепак,...

На настани на затворено со две дози вакцина, децата со пречки во развојот или со посебни потреби без маски во училиште

Владата на 112. седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од ковид-19 протоколите. На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост...

Филипче: Со скринингот на учениците може да се откријат асимптоматски случаи на ковид

Моделот за скринингот е готов, задоцнивме една недела. Подолго траеше анализата на бројот на ученици во основно и во средно образование, па од утре ќе почнеме да бараме писмена согласност од родителите, а во текот на следната недела ќе го спроведеме скринингот. Целта е да видиме дали ќе откриеме асимптоматски деца и потоа ќе одлучуваме, изјави пред малку министерот...

Филипче: Вирусот има широка инфекција, ако е потребно ќе се воведат нови мерки

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, било заклучено утрово на редовна координација на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на клиниките. „Во ковид-центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на...

Изречени мерки за директорот на училиштето „Лазо Ангеловски’“ поради насилство кон вработена

Постоење на насилство од страна на директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје кон вработена во истото училиште, утврди Граѓанскиот суд во Скопје. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар. „Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во кои побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот...

Данска целосно ги укинува ковид-мерките бидејќи 83 проценти од населението е вакцинирано

Данска од денеска ги укинува сите мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи високи 83 проценти од населението е вакцинирано. Тоа исто така значи дека граѓаните не се обврзани да покажуваат документ за примени две дози на вакцина или дека прележале ковид-19 на масовни настани. Коронавирусот, повеќе се не се смета за „општествено загрозувачка болест“. За туристите кои влегуваат во...

Само десет отсто од новозаразените изминатава недела биле вакцинирани

Само десет проценти од новодијагностицираните пациенти во изминатите седум дена се вакцинирани, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Од вкупно 3.497 новозаразени пациенти, 3.047 биле невакцинирани. Бројот на новозаразени во последните денови во земјата нагло расте. Филипче вели дека според динамиката со која се зголемува бројот, пред нас се неколку денови или недели во кои ситуацијата може да биде...

Д-р Александар Стојанов: И вакцинираните лица да избегнуваат собири

Вакцината штити од ковид и со неа е многу полесно да се функционира. Минатото лето немавме вакцина, а сега кога ја имаме, нема голем интерес за неа. Она што е многу важно е граѓаните да се вакцинираат, па и децата постари од 12 години, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје и поранешен...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...