fbpx
Таг: мерки за штедење

таг: мерки за штедење

Акумулациите полупразни со вода, хидроелектраните произведуваат струја помалку од нивниот капацитет

Вештачките акумулации низ земјава се полупразни со вода, а нивниот водостој е под повеќегодишниот просек за овој период од годината поради што и производството на електрична енергија од хидроелектраните во сопственост на АД ЕСМ е помало од нивниот вкупно инсталиран капацитет. Производството на струја од домашните хидроелектрани во услови на енергетска криза ќе биде значајно во претстојниот период, кога...

Власта во Собрание ќе турка законски измени за враќање на владините реклами

Пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието на РСМ доставија предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто е закажан како точка на дневен ред на денешната 91-ва седница на парламентот. Законските измени се предложени од пет пратеници од власта, а со нив се бара бришење на членот 102 од Законот, со кој беше запрено одливањето државни пари...

МОН: Субвенционирањето на цената на струјата во училиштата помага да продолжи наставата со физичко присуство

Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која постојат – едукација на младите, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму велат дека владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за...

Владата со апел: Секој заштеден киловат-час струја во наредниот период е важен

Владата денеска ја повтори препораката дека сите субјекти во земјава, без исклучок, треба да штедат електрична енергија за да се зачува стабилноста на енергетскиот систем. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција порача дека сега е време за солидарност и соработка, додавајќи дека Владата на РСМ започнува со процесот на редовно информирање на јавноста за прашањата од економско-енергетската...

Некои тераат шеги, други не ги почитуваат мерките за штедење енергија во услови на криза

Перење алишта и садови на евтина струја, исклучување на компјутерот ако не работите на него, ладилникот да не се вклучува на најниска температура, а топла вода во бојлерот да се грее колку што е потребна и на евтина струја. Ова се само дел од 29-те препораки за штедење на струја за домаќинствата, коишто ги објави Владата на 16 август...

Како да штедиме струја? Погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Тешката зима поради енергетската криза и мерките за штедење на електрична енергија се главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. За тоа како да се прилагодат и однесуваат младите, но и институциите, погледнете во новите вести за млади. Покрај ова, во 57-мата епизода информираме за новата Национална стратегија за млади и за критиките на ЕУ кога станува збор за родовата...

Институциите штеделе струја во септември, но не сите потрошиле 15 отсто помалку

Државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за органот кој ја раководи...

Шпанија забранува клима уредите на јавни места да бидат вклучени под 27 Целзиусови степени

Додека Европа се бори со жешкото лето и вртоглаво растечките цени на енергијата, Шпанија стана последната земја чија влада им порача на граѓаните да го намалат користењето на клима уредите. Со уредбата која треба да стапи на сила следната недела, се налага клима уредите на јавните места да бидат поставени на или над 27 Целзиусови степени и дека вратите...

Во Карпош се гаси струја по 1 часот на полноќ, општината штеди поради високите сметки

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе десетина дена се жалат на темните улици и јавни површини во населбите поради исклучувањето на јавното осветлување. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска потврди дека спроведува мерки за штедење, поради високите сметки за електрична енергија. И покрај тоа што веќе улиците низ Карпош се во темница, Јакимовски вели дека како општина имаат на...

Британската премиерка Меј под притисок за ублажување на мерките за штедење

Водечки британски министри вршат притисок на премиерката Тереза Меј да ги ублажи мерките за штедење и да ги укине органичувањата за платите на вработените во државните служби, пишуваат британските медиуми. Весникот „Обсервер“ денеска пишува дека министерот за здравство, Џереми Хант, лобира да се укине ограничувањето за зголемување на платата од еден отсто за вработените во националната здравствена служба. „Телеграф“, пак,...

Грција парализирана од генерален штрајк

Грција денеска е парализирана од работнички штрајкови против новите мерки договорени меѓу владата и меѓународните кредитори. По повикот на трите најголеми работнички синдикати ГСЕЕ, АДЕДИ и ПАМЕ, грчката јавна администрација заедно со дел од приватниот сектор денеска ги блокира улиците на Атина за да го изрази своето незадоволство од продолжувањето на строгата политика на штедење на грчката влада. Поради 24-часовниот штрајк, во...

Напредок во преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори

Грција и европските министри за финансии успеаја да постигнат напредок во разговорите за реформите што треба да ги спроведе грчката влада заради исплаќање на следната рата од грчкиот кредит. Според информациите во Грција, со постигнатиот напредок и со прелиминарен договор е договорено во Атина да се вратат претставниците на европските кредитори пред Велигден за да се довршат разговорите и да се...

Европските кредитори бараат и грчката опозиција да ги поддржи идните мерки

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, бара гаранции и од грчката опозиција дека ќе се поддржат и ќе се спроведат договорените мерки за 2019 година. Оваа одлука на Шојбле предизвика нова сопка во разговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори. Грчката влада под притисок на кредиторите прифати да се гласаат и да се спроведат нови мерки што би се спровеле од 2019...

Грчките земјоделци размислуваат и за блокади на граничниот премин кон Македонија

Нова блокада од грчките земјоделци на преминот Евзони-Богородица кон Македонија е сè поизвесна како што се интензивираат земјоделските протести во Грција. Кон штрајкот и блокадите на земјоделците се очекува од утре да се приклучат уште повеќе нивни колеги од северниот дел на земјата. Според информациите од грчката информативна агенција АПЕ, земјоделците размислуваат да се блокира повремено преминот Евзони на македонско-грчката граница,...

Ципрас дециден дека нема да има нови мерки за штедење

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, испрати остра порака до кредиторите дека Грција нема да спроведе ниту една дополнителна мерка од тие што се веќе договорени. Точно две години откако СИРИЗА е на власт во државата, Ципрас во интервју за „Весник на новинарите“ порачува дека нема да дозволи нови притисоци од кредиторите и стави крај на гласините за нови мерки за штедење...

Ципрас им фрли ракавица на кредиторите и на опозицијата со гласањето за новогодишен бонус

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отвори нова мини „војна“ со странските кредитори и со грчката опозиција, ставајќи го неговиот предлог за „новогодишно пакетче“ за пензионерите и за островите на гласање во парламентот. Гласањето ќе биде со прозивка по име и презиме на секој пратеник за и народот отворено да види дали опозицијата ги поддржува мерките со кои 1,6 милиони пензионери со ниска пензија...

Штрајкот на синдикатите ја парализираа Белгија

Штрајкот на синдикатите во Белгија, организиран поради владините мерки за штедење, создаде хаос во јавниот сообраќај во целата земја, затворени се фабриките, а нарушена е и работата на најголемиот аеродром. Белгискиот аеродром ги посоветува своите клиенти да патуваат само со рачен багаж, затоа што штрајкуваат работниците кои се задолжени за товарот. Белгискиот јавен превоз функционира со 75 отсто капацитет. Денешниот штрајк е...

Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. „Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема работа, односно без инвестиции, нема...

Ципрас: До 2017 година Грција ќе се врати на светските берзи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е оптимист дека грчката економија се враќа во живот по шест години меморандуми и штедење. Во интервју за весникот „Риал њуз“, Ципрас вели дека Грција за две години ќе го напушти и меморандумот за штедење. - Ако до 24 мај успееме во тоа кон кое целиме, ќе се вратиме на берзите во 2017 година. Можно е...

Грчкиот парламент ги изгласа мерките од 5,4 милијарди евра

Со 153 гласа „за“, помина новиот пакет мерки за пензиски и за даночни реформи во Грција. За мерките гласаа пратениците на СИРИЗА и на Независни Грци, а против беа 143 пратеници од опозицијата. Од гласањето отсуствуваа четворица пратеници, меѓу кои и поранешната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, и лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата. Мерките беа изгласани по жестока дводневна дискусија меѓу...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...