fbpx
Таг: мерки на претпазливост

таг: мерки на претпазливост

Кривичниот суд се дообјаснува зошто нема притвор за напаѓачите во М-НАВ

Основниот кривичен суд од Скопје денеска преку соопштение објаснува за причините поради кои го одбило предлогот на обвинителството за определување на притвор за Беким Незири и уште три осомничени лица за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање на своето работно место. Наместо притвор, судот во петокот им определи мерки на претпазливост на овие лица. „Јавноста мора да...

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

Кривичниот суд определи мерки за претплазливост четири лица поврзани со случувањата во М-НАВ, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер и советник на директорот на М-НАВ, кои се  осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според соопштението од Судот, овие четири лица, заедно со уште други четири лица кои се во бегство, упаднале во канцелариите на М-НАВ и...

Филипче ќе купува сапуни за училиштата, градинките и за јавните тоалети

Министерството за здравство треба итно да набави соодветно количество сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и за јавните тоалети. Ова е еден од денешните заклучоци на Владата, донесен врз основа на препораките на кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство. Ова следува откако овој вирус почна да се шири во Европа, вклучително и на...

Одземен пасошот на Фросина Ременски, не смее да го напушта Скопје

Основниот кривичен суд Скопје попладнево информираше дека на пратеничката и заменик-претседател на Собранието, Фросина Ташевска – Ременски, како и на Миле Јовановски, таткото на таткото на Бојан Јовановски – Боки 13 им се одземени пасошите, не смеат да го напуштаат Скопје и секоја недела мора да се јавуваат во суд. За третиот од проширениот состав на осомничени за случајот...

Сокол Митревски остана без пасош и доби забрана да го напушта Скопје

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, и на уште пет лица им одреди мерки на претпазливост, потврди судот. На Митревски и на другите петмина осомничени судот им ги одзеде пасошите, им забрани да го напуштаат живеалиштето, односно Скопје, и им наложи редовно да се јавуваат кај...

Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

Жалбата за мерката на претпазливост која ѝ беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која беше денеска објавена на веб-страницата на судот. Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е одземен и таа треба еднаш...

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот генерален секретар на Владата,...

Кривичниот суд бара уште време за судиите да одлучат за притворите на СЈО

Кривичниот суд Скопје денеска попладне соопшти дека не може да каже колку време ќе трае процедурата, кога ќе заврши и кога ќе бидат соопштени одлуките по барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор и мерки на претпазливост за лицата против кои вчера беа поднесени обвиненија. Од судот велат дека поради големиот број барања и доказниот материјал доставен со нив,...

Нема притвор за Кочан, судот прифати гаранција од 900.000 евра и одземање на пасошот

Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, нема да оди во притвор и ќе се брани од слобода. Судијата на претходна постапка, како што соопштија денеска од Кривичниот суд во Скопје, го прифатил предлогот на неговиот адвокат, Никола Додевски, и донел одлука на Кочан да му биде одредена парична гаранција од 875.298 евра, да му биде одземен пасошот и...

Српски државајнин се обидел да изнесе фалсификувани евра од земјава

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за изнесување од држвата на фалсификувани пари со вкупен износ од 27.700 евра. Фалсификуваните банкноти, како што информираат од Царинската управа, биле пронајдени во возило што го управувал српски државјанин, против кого е поднесена кривична пријава. „На 13 март годинава, околу 7 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Република Македонија...

Нема притвор за Кочан, за Авировиќ мерки за претпазливост

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, ќе се брани од слобода. Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство на Кочан да му биде одредена мерка притвор. На осомничениот Василије Авировиќ, пак, наместо притвор, како што побара СЈО, судот му одредил мерки за претпазливост. - Во однос на лицето С.К., по...

АХВ ги засили мерките за борба против птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го подигна нивото на внимателност по информациите дека во Германија, Данска, Холандија, Унгарија, Австрија, Хрватска и во други земји во регионот е регистрирано присуство на птичји грип. АХВ испратила допис до ветеринарните друштва за пријавување евентуална зголемена смртност кај живината во одгледувалиштата или за угинати птици преселници. „Птичјиот грип задолжително се пријавува и затоа апелираме...

Обвинителството отвори постапка против две деца кои брутално претепале 18-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против две 14-годишни деца кои во неделата претепале 18-годишно момче на улицата Битпазарска, во близина на кафе-барот „Стоп“. Како што соопшти денеска обвинителството, децата со умисла го нападнле момчето, го удирале со тупаници по главата и во градниот кош. Кај него се констатирани тешки телесни повреди, односно контузии на главата со повреди на мозокот,...

Отворена истрага против пет лица за кражба на податоци од кредитни картички

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против пет лица од Битола и од Прилеп, осомничени за кражба на податоци од платежни картички. Осомничените, како што соопшти денеска обвинителството, се товарат за перење пари и други приноси од казниво дело, за изработка и за употреба на лажна платежна картичка и за злосторничко здружување. Според обвинителството, тие со...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за пасошот на Канческа-Милевска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна постапка да не им ги одземе пасошите на актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уште едно осомничено лице во случајот „Тендери“. Освен одземање на пасошите, СЈО бараше од судот на двете осомничени лица да им биде наложено и...

Судот го добил барањето на СЈО за „Тендери“, неизвесно е дали денеска ќе има распит

Кривичниот суд во Скопје го добил предлогот со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара на двајца осомничени во случајот „Тендери“ да им бидат одземени пасошите и секој вторник да се јавуваат во судот, информираат од оттаму за „Мета“. Барањето на СЈО веќе било распределено кај судија на претходна постапка, кој, како што велат од судот, треба да ги повика осомничените...

„Трезор“: СЈО најавува жалба, чека изземање на судијка и замрзнување на сметката на „Финзи“

Од СЈО за „Мета“ велат дека со сигурност ќе поднесат жалба на одлуката за неопределување притвор на еден од осомничените во „Трезор“. Жалбата на СЈО треба да ја разгледува тричлен совет на Кривичниот суд, кој во рок од 48 часа треба да донесе одлука дали ќе го потврди решението на судијата на претходна постапка или ќе го прифати барањето...

Командатот на „Алфите“ куртули од суспензија, Кривичниот совет ги отфрли жалбите на СЈО

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ги отфрлил како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна псотапка да не им одреди мерки на препазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, и на неговите петмина колеги, осомничени во случајот „Тортура“, соопштија попладнево од Кривичниот суд. Антевски и неговите колеги се товарат...

Поп-Стефанија го одби барањето на СЈО и не ѝ го одзеде пасошот на Јанкулоска

Судијката Александра Поп-Стефанија го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен пасошот, да ѝ се определи забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува...

СЈО поднело жалба на одлуката на судот да не ги суспендира „алфите“ од случајот „Тортура“

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба на одлуката на судијата на претходна постапка со која тој го одби барањето на СЈО и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, и петтемина негови колеги, осомничени во случајот „Тортура“, информираат за „Мета“ од СЈО. „Ве известуваме дека одлуките на судот се обжалени“, велат од...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...