fbpx
Таг: мерење

таг: мерење

Скопје се разбуди во магла и со високо ниво на аерозагадување

Главниот град утрово се разбуди во магла, а граѓаните се соочени со високо ниво на аерозагадување. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување - концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Инаку, дозволената концентрација во воздухот на овие...

Скопје утрово на листата на 10-те најзагадени градови во светот

Воздухот во Скопје утрово е нездрав. Македонскиот главен град утрово се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот, според рангирањето направено од IQ Air. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина покажуваат дека присуството на ПМ-10 честички во воздухот е над максимално дозволената среднодневна концентрација од 50 микрограми на...

Фишинг сајтови: Ако сакате да го проверите квалитетот на воздухот, треба да учествувате во наградна игра!

Веб-страницата за проверка на квалитет на воздухот веќе извесен период јавува неправилности, односно кога корисниците ќе ја посетат страницата, прво им се бара да учествуваат во наградна игра за да освојат мобилен телефон. Најверојатно станува збор за т.н. фишинг сајтови, односно вид на измами од неовластени корисници кои преку користење лажни пораки од е-поштата и лажни веб-страници се обидуваат...

Охриѓани сѐ уште немаат мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот што го дишат

Во Охрид сѐ уште нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Овој град остана без мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот, со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Иако во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет...

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање на јавните површини и...

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора да се воведат рестрикции...

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на неприходувана вода изнесувал помеѓу 32 и 78 отсто на годишно ниво кај давателите на водни...

Проработеа сензорите за мерење на квалитетот на воздухот во Охрид

Профункционираа станичните сензори за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Охрид. Станува збор за 11 станични сензори што се веќе поставени, а нови три вакви уреди ќе се монтираат по нова година во ОУ „Св. Климент Охридски“, спортската сала „Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“. Следењето на податоците е во рамките на проектот финансиран од ЕУ „AIRTHINGS“, при...

Инсталирани се нови инструменти за мерење на ПМ10-честички

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираше дека се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на ПМ10-честички во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци. „Министерството за животна средина и просторно планирање по спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на 5 автоматски анализатори за мерење...

Со употреба на нови технологии Охрид се бори против аерозагдувањето

Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид која како пилот-општина согласно проектните активности „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“, заврши со поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на домаќинства во населбата Кошишта кои користат цврст...

Охрид доби станица за мерење на аерозагадувањето

Иако Охрид не е во друштвото на градовите со најзагаден воздух во земјава, пред зградата на Општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух – AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан - Медитеран“ на Европската Унија. Проектот...

Во Битола мерачите на аерозагадувањето не работат, Министерството со контрадикторни одговори за причините

Двете мерни станици кои ги мерат загадувачките ПМ10 честички во воздухот во Битола не работат - Битола 1 од 16 јуни, а Битола 2 од 18 март годинава. Според официјалниот допис од Министерството за животна средина и просторно планирање од јуни, во одговор на барањето за информација од јавен карактер од Платформата „Земи Здив“ од Битола, за причините зошто не...

Преносен инструмент за мерење на аерозагадувањето презентиран пред градоначалниците

Преносен инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето „Блуклауд“ (Bluecloud), денеска, беше презентиран пред градоначалници и претставници на институции и компании. Карактеристиките на уредот и софтверските решенија беа презентирани во Центарот за трансфер на технологии и иновации на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Според професорот Јосиф Ќосеф од ФЕИТ, оваа иновација и соработка на повеќе нивоа ќе придонесе до побрзо...

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, кои произлегоа од Извештајот...

Во Прилеп поставена станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух 

Денеска Прилеп доби мерна станица која ќе го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот. „Мерната станица е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп. Со тоа е исполнето изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски дека граѓаните на Прилеп ќе имаат точни информации за загаденоста на воздухот. Со подетални информации за мерната станица, јавноста ќе биде запознаена веднаш после...

Град Скопје подготвува елаборати за загадувањето на воздухот – за догодина

Двете испитувања на загадувањето на амбиенталниот воздух од возилата и од греењето на домаќинствата, предвидени во Програмата за животна средина за 2018 година во Скопје, од кои треба да произлезат конкретни мерки за намалување на загадувањето, ќе бидат завршени следната година, информираат од Град Скопје. „Испитувањата, реализирани во соработка со „Фармахем“ и со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се во...

Водостојот на Вардар зголемен во однос на просекот за мај

По вчерашните врнежи, од УХМР информираат дека денеска водостојот на Вардар е зголемен во однос на вчера, но и во споредба со просекот за мај. Најновите хидролошки мерења покажуваат дека кај Јегуновце нивото на Вардар е зголемено за 46 сантиметри, кај Зајчев Рид за 16 сантиметри и кај Велес за 19 сантиметри. Над просекот за мај зголемени се и водостоите на Вардар...

ДОМ: Менувањето на правилникот за квалитет на водите е скандалозно

Туризмот во Дојран е важен, но не повеќе од здравјето на жителите и на туристите, реагираат од ДОМ на менувањето на правилникот за мерење на квалитетот на водите. Од партијата велат дека со менувањето на правилникот со кое се зголемува бројот на дозволени фекални бактерии во видите, Министерството за здравство само потврдува дека водата е загадена. ДОМ бара од локалната власт...

„Блумберг“: Путин ќе направи своја агенција за мерење на кредитни рејтинзи

Русија формираше сопствена бонитет-агенција, бидејќи големите странски агенции за мерење на кредитни рејтинзи почнаа да се повлекуваат од таа земја, пренесува њујоршката агенција „Блумберг.“ Во претходните три недели, „Муди“ (Moody’s Investors Service Inc) и „Фич“ (Fitch Ratings Ltd) соопштиле дека попрво ќе престанат да издаваат рејтинзи во Русија, отколку нивните разграноци во Москва да ги регулира руската влада. „Стандард енд пурс“...

Утре почнува мерењето на загаденоста на воздухот во Битола

Од утре почнува мерењето на загаденоста на воздухот во Битола, кое ќе трае две недели. Според здружението „За нас се работи“, испитувањето ќе го прави приватната лабораторија „Фармахем“, а ќе се мери квалитетот на амбиенталниот воздух во центарот на градот, каде речиси три години е надвор од употреба мерната станица Битола -2. - Утре ќе се знае каде ќе биде поставена...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...