fbpx
Таг: мерења

таг: мерења

Четврти ден по ред дишеме смог, дождот не го прочисти воздухот

Високото ниво на загадување на воздухот продолжува низ целата земја. И покрај врнежите од дожд, квалитетот на воздухот што го дишеме и утрово е на незадоволително ниво. Во Струмица и Кичево и понатаму на сила се препораките и мерките против аерозагадувањето поради надминатиот праг на алармирање поради присуство на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар...

Климатските промени во Македонија: Снег зимава немавме, температурите лани над просекот [инфографик]

Акутниот проблем со глобалното затоплување бил присутен во Македонија и во 2022 година, земајќи го во предвид фактот имало повисоки просечни температури на воздухот доколку се споредат со тридеценискиот просек за периодот 1981-2010 година. Позитивното отстапување од средногодишните просечни температури на воздухот на национално ниво лани изнесувало 0,7 Целзиусови степени, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според извршените...

Берово доби мерна станица и го сруши митот за чист планински воздух во градот

Мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот доби Берово и првичните резултати од мерењата го срушија митот за чистиот планински воздух во овој град. О2 Иницијативата направи анализа на аерозагадувањето во Берово, при што констатираат дека редовни се концентрациите на PM10 честички над 100 микрограми на метар кубен, додека PM2.5 честичките се доста високи, ако се земат во...

Корисниците во САД и Велика Британија повеќе време поминуваат на гледање видеа на ТикТок од Јутјуб

ТикТок во многу брзо време може да го надмине Јутјуб, особено кај младите лица. Корисниците во САД и Велика Британија веќе поминуваат повеќе време на прегледување видео содржини на ТикТок наспроти Јутјуб, пренесува Си-ен-ен. Очекувањата се дека овие најнови податоци ќе привлечат внимание и кај забавната индустрија, но и кај огласувачите низ светот. Фирмата „Ап Ени“ која врши мониторинг на...

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на аерозагадувањето

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на загадување на воздухот од стационирани извори. Оваа институција има сертификат за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија и минатата година го заврши процесот на акредитација за шест методи за квалитет на вода и една методa за бучава. Минатиот месец, пак, официјално започна и процедурата...

Анализите покажаа дека вежбата Одлучен удар 21 на Криволак не предизвикала загадување на околината

Активностите во рамките на вежбата Одлучен удар 21, која што се одржа во втората половина од мај на полигонот Криволак, не предизвикале загадување на животната средина, покажа анализата на универзитетската лабораторија АМБИКОН, со која Министерството за одбрана воспостави редовна соработка за мониторирање на влијанието на вежбовните активности на Криволак, во делот на животната средина. Со цел да се анализира квалитетот...

РЕК Битола негира дека има двојно зголемување на загаденоста на воздухот, мерењата биле за различни периоди

АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола реагираат во врска со Извештајот на мрежата Бенквоч за двојно повисоката загаденост на воздухот од работењето на термоцентралата и објаснуваат дека разликата во податоците од мерењата на емисиите меѓу 2018 и 2019 година, е резултат на повеќе фактори. „Најпрвин, мерењето на емисиите не се одвива континуирано, туку периодично. Согласно обврските од Дозволата за усогласување...

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

Еколозите и експертите предупредуваат на штетните последици од исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро, кое е веќе далеку под дозволената минимална граница. Научниот советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод, Трајче Талевски посочува дека нивото на водата во каналот Студенчишта е спуштено на многу критично ниво. – Кај рибата која е влезена во каналот на презимување...

ЈП „Водовод“: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

Водата за пиење во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна покажаа првичните резултати од сите мерења, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Tимови на ова претпријатие биле вонредно ангажирани, при што извршиле теренски мерења и зеле примероци од водата за пиење на територијата на целиот град Скопје, но со акцент на кризните подрачја. По направените истражувања, се...

Битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честички

Двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во Битола покажа дека битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честичките. Мерењето што на своја иницијатива го направи здружението „За нас се работи“ околу Нова година, денеска беше презентирано пред јавноста. Резултатите од мерењето беа испратени во независната лабораторија „Мол“ во Србија. - Алармантен е фактот што во измeрената концентрација на ПМ10-честичките, концентрацијата...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...