!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

90 проценти од компаниите имаат потреба од странски експерти


Скопје, 17 јули, 2017 - 18:01 (META) 

90 проценти од домашните претпријатија повторно би аплицирале на проектот „Странски експерти за домашни компании“, поддржан од швајцарската и од други амбасади, информираат од Владата каде што беше промовиран третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“.

„Суштината на овој проект е да се пренесат искуствата од странски експерти во македонските компании за да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да ги зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Досегашните постигнувања од овој проект покажуваат дека дури 78 проценти од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза. Рокот за пријавување на третиот повик е до 29 јули.

На настанот присуствуваа претставници на стопанските комори и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада, која рече дека Швајцарија поддржува 14 економски проекти во земјава.


„Да ја спасиме Попова Шапка“: Со ски-центарот да менаџира инвеститор кој има искуство


Тетово, 3 февруари, 2017 - 10:36 (META) 

„ЕЛЕМ турс“ која го менаџира туристичкиот центар Попова Шапка од 1999 година, не успеа да го исполни очекуваното и ветените инвестиции во овој зимски центар, се вели во денешното соопштение на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

– Компанијата „ЕЛЕМ турс“ вети дека во рекреативниот туристички центар Попова Шапка ќе инвестира 80 милиони евра до 2015 година и тоа со реконструкција на хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“, изградба на катна гаража, на вештачко езеро за вештачки снег, реновирани скијачки патеки, изградба на нова жичница, шестосед и реконструкција на жичницата Тетово-Лисец-Попова Шапка – велат од оваа граѓанска иницијатива.

Тие ги повикаа надлежните институции да ја разгледаат можноста, на компанијата „ЕЛЕМ Турс“ да ѝ се одземе правото на менаџирање со овој ски-центар и да се отвори јавен повик за привлекување инвеститори кои имаат искуство околу развој и менаџирање на ски-центри на различни места низ светот.

Тие најавија дека ако не се испочитуваат нивните барања, ќе протестираат сопствениците на викенд-куќите, на угостителски локали и посебно жителите кои живееат околу Попова Шапка, кои овој туристички центар го гледаат како шанса за економски развој не само за ски-центарот, туку и за градот Тетово.


Кучи: Се зголемува бројот на жени претприемачи, сопственички на компании


Скопје, 18 ноември, 2016 - 14:32 (META) 

„Жените претприемачи, освен што креираат нови работни места, воведуваат и посебни пристапи во менаџирањето и во организацијата на бизнисите“, истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележувањето на Денот на жените претприемачи.

Тој истакна дека радува фактот што бројoт на жените како претприемачи и раководен кадар во малите претпријатија е во постојан пораст и кај нас, така што активни се околу 20.000 деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена, кои вработуваат повеќе од 50.000 лица.

Кучи потсети на мерките креирани за финансиска поддршка на женското претприемништво, кои веќе петта година по ред се реализираат преку годишните програми за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на МСП на Министерството за економија.