fbpx
Таг: меморандум

таг: меморандум

Метаморфозис и НОВА заеднички ќе работат на подигање на нивото на медиумска писменост на учениците

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ и Меѓународните училишта НОВА започнуваат соработка со цел заеднички да ја унапредат медиумската писменост на учениците и да го подигнат нивото на свесност за улогата на дигиталните медиуми денес. За таа цел, директорот на Меѓународните училишта НОВА, Иван Новаковски, и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, потпишаа меморандум за соработка. Соработката ќе вклучува различни...

Македонија дел од Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија кон овој центар, со што земјава стана 35 земја-учесничка, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Османи истакна дека приклучувањето на Северна...

Од летово во Македонија и Србија електронски ќе се плаќа за патарина со исти уреди

Електронска наплата на патарина по автопатите во Македонија и Србија со идентични уреди за плаќање - тагови и картички. Ова е новината што треба да се воведе од летово со потпишаниот меморандум меѓу двете земји во областа на инфраструктурата, кој се однесува на воспоставувањето интероперабилен електронски система за наплата на патарина. Со ова, граѓаните ќе можат да плаќаат патарина без...

Потпишан меморандум за изградба на Коридорот 8, до 15 ноември ќе се достават понуди за пругата кон Бугарија

Тројцата министри за транспорт на Северна Македонија, Албанија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка, со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за координирана изградба на железничкиот и патниот Коридор 8, информираат од Владата на РСМ. „Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија е од клучно значење за...

Курти и Заев го потпишаа, Порталб.мк го објавува Меморандумот за изградба на патот Тетово-Призрен

Премиерите на Северна Македонија и Косово, Зоран Заев и Албин Курти, на 17 септември годинава, потпишаа „Меморандум за разбирање“ во врска со патот Тетово - Призрен, којшто се ветува веќе десет години. Порталб.мк го обезбеди оригиналниот документ од меморандумот, кој содржи 6 члена. Според Меморандумот, ветено е дека страните ќе соработуваат меѓусебно за физибилити студијата за овој проект и дека...

Склучен Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Економскиот факултет – Скопје при УКИМ

Народната банка и Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја засилуваат соработката со заеднички вложувања во истражувањата и во натамошен квалитетен кадар во економската сфера, подготвен за предизвиците на новото ковид и пост-ковид време, информираат од Народна банка. Соработката ќе се остварува и при конципирањето нови студиски програми, со активна вклученост на Народната банка...

„Катимерини“: Грција го замрзнува усвојувањето на три меморандуми по „твит“ на премиерот Заев

Завчерашниот „твит“ на премиерот Зоран Заев од фудбалскиот натпревар меѓу С. Македонија и Холандија повторно ја налути грчката влада. Грчките власти имаат забелешка на користењето на терминот македонски, односно македонската фудбалска репрезентација, што договорот го дозволува. Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека парламентот во Атина ќе ја одложи ратификацијата на три меморандуми што беше планирано да се усвојат во јули,...

Потпишан Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и постивизантиски споменици

Во Солун денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура на Северна Македонија (МК) и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. Меморандумот го потпишаа министерката за култура, Ирена Стефоска и претседателката на Управниот одбор на овој Центар, Наталиа Пулу. „Денеска го направивме првиот формален чекор од она што се нарекува ново поглавје во културната соработка меѓу нашите...

Преку гасната централа и терминал Александрополис, државата ќе стане важна точка за снабдување со гас на Западен Балкан

Во Владата денеска се потпишаа договорите за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александрополис, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александрополис. Меморандумите за соработка беа потпишани помеѓу АД Национални енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“ од Грција, како и помеѓу Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ како и Меморандум за...

За последната фаза од Програмата за зачувување на природата, обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци

фото : МЖСПП
Меморандум за соработка за спроведување на последната, таканаречена Излезна фаза од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), потпишаа денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада. Документот треба да придонесе за одржливост на резултатите од ПЗП која се спроведува во изминатите 8 години. Главната цел е да се...

Владата и Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер потпишаа меморандум за партнерство

Мухамед Зекири Пламенка Бојчева фото: Влада
Меморандум за соработка, како дел од Стратегијата за транспарентност, денеска потпишаа генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева. Овој документ има за цел воспоставување партнерски однос меѓу двете институции за унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Дополнително, обврските...

МРТ и Бугарската национална телевизија ќе соработуваат со размена на телевизиска програма

Директорот на Македонската-радио телевизија (МРТ) Марјан Цветковски и директорот на Бугарската национална телевизија (БНТ) Емил Кошлуков вчера го потпишаа Меморандумот за разбирање, со кој двата јавни сервиса се обврзаа на реципрочна размена на телевизиска продукција. МРТ и БНТ ќе вршат размена на вести, детски, забавни, културни и образовни програми, јавува МРТ. Македонската радио-телевизија наскоро сака да отвори дописништво во Софија,...

Опозицијата и власта на различен колосек по бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни ставови по бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во интервју за „Студио 10“ на „24 ТВ“ денеска побара Собранието да усвои Меморандум во однос на идентитетските прашања, а покрај овој чекор, тој побара и формирање на експертска влада и организирање на нови предвремени парламентарни избори...

Порталб: Опасноста од вето од Бугарија постои веќе една година, ЕУ треба да интервенира за да се реши спорот

Опасноста од блокада на членството на Северна Македонија во ЕУ од Бугарија постои веќе една година, а Европската Унија треба да интервенира во решавањето на оваа проблематика. Двете соседни земји немаат потреба за недоразбирања и ова прашање може да се реши само со посредство на европските претставници, велат експерти за европски и политички прашања за „Порталб.мк“. Малинка Ристевска Јорданова од...

Бугарски професори, научници и историчари го осудија Меморандумот на официјална Софија против Македонија

Вкупно 34 бугарски историчари, професори и научници кои работат и живеат во Бугарија или во странски земји, упатија јавно писмо со кое го осудуваат Меморандумот што официјална Софија го упати до членките на ЕУ, поставувајќи црвени линии и сериозни историски претензии за приклучувањето на Северна Македонија на ЕУ. Во писмото што го објави mediapool.bg, потписниците, меѓу кои се и историчарот...

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за намалување на загубите на вода

Со грант од околу 122.000 евра добиен од Western Balkans Green Center (WBGC), ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта ќе го реализира проектот за „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на...

Преку меморандум со „Мастеркард“, граѓаните во иднина полесно ќе добиваат е-услуги

Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Во владата денес беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова, информираат од Министерството за финансии. - Во пракса, ова...

Општините од Охридскиот регион сакаат да соработуваат со Планинската спасителна служба

Општините Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид, со кој ги дефинираа меѓусебните обврски, а со цел за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива. Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, на средбата потенцираше дека бројот...

И Охрид се вклучува во акцијата „Нула глад“ во општината

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателот на здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“, Душко Христов, потпишаа меморандум за соработка во рамки на реализацијата на проектот „Нула глад во општина Охрид“. „Согледувајќи ги проблемите на значајна група сограѓани од една страна и вишокот храна кој се појавува од разни оператори со храна – производители, дистрибутери па и...

Од чиста измислица до „таен документ“, демонизација на политичкиот противник и говор на омраза

Сатиричната колумна на авторот Џејсон Мико, инаку поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона и лобист во САД, платен од претходната македонска Влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, збунувачки и сензационалистички е објавена од низа портали во земјава, кои намерно или ненамерно не го сфатиле контекстот на напишаното и колумната ја претставиле како официјален документ испратен до македонската Влада. Со тоа се манипулира јавноста...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...