fbpx
Таг: меѓувладина седница

таг: меѓувладина седница

Ковачевски-Рама: Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, ќе биде фатално да имаме враќање назад

Премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска на заедничка прес-конференција ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион. Премиерот Ковачевски неколку пати апелираше до опозицијата да не ги кочи европските процеси и истакна дека втората меѓувладина седница денеска...

Бугарскиот премиер Петков: Бугарите може да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија

Бугарската страна нема да го менува својот состав во Комисијата за историските прашања, владите на Бугарија и на Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарите во Северна Македонија ќе бидат вклучени во Уставот. Тоа се три од најбитните работи што бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ги наведе на парламентарната седница во Собранието на Бугарија, каде беше повикан на...

На заедничката седница во Софија, Ковачевски и Петков ги формализираа петте работни групи

Двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков на денешната заедничка владина седница на Северна Македонија и Бугарија ги формализираа петте работни групи што ќе работат во повеќе области, а веќе се дефинирани и конкретните теми на коишто тие ќе работат. „Навистина и јас сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е што самите министри работеа во...

Ковачевски и Петков: Да оствариме напредок во пријателството, наместо национализам и говор на омраза

Со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи, нагласи македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на почетокот на пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница на владите на Бугарија и Северна Македонија. Заедничката владина седница почна претпладнево во резиденцијата „Бојана“ на...

Словенија со јасна поддршка за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ

Словенија дава јасна поддршка на нашата земја за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ како почеток на преговорите за пристапување. Словенечкиот претседател Борут Пахор, во рамките на дводневната посета на Македонија, вчера изјави дека меѓувладината конференција меѓу Македонија и ЕУ не смее да се одложи, затоа што тоа ќе ги загрози интересите на нашата земја, на...

Заев и Рама од Поградец прогласија ново поглавје во соработката на двете држави

Заедничката седница на владите на Македонија и Албанија во Поградец отвора ново поглавје во билатералните односи на двете земји и значи работење на решенија што водат до спокојна и безбедна иднина на нашите граѓани и нашите земји, а не на нивно одложување, порача македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во пограничниот албански град, пренесува службата за информирање. Според Заев, владите на...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...