fbpx
Таг: Меѓународна заедница

таг: Меѓународна заедница

ВМРО-ДПМНЕ инсистира граѓаните при гласањето да оставаат отпечаток од прст, бара помош од Меѓународната заедница

Игор Јанушев фото: ВМРО ДПМНЕ
Опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска побара во подготовката на измените на Иборниот законик да се вклучи меѓународната заедница како и да се воведат машини за отпечатоци на прсти за локалните избори, за, како што велат, да нема злоупотреби при гласањето. Според пратеникот Игор Јанушев, за ова во изминатиот период течеле преговори меѓу работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, но...

Гутереш: Раселувањето на Рохинџа-муслиманите е етничко чистење

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денеска ги повика властите во Мјанмар да ги прекинат воените операции и да стават крај на насилството кон муслиманите Рохинџа, нагласувајќи дека целата ситуација го дестабилизира регионот. Гутереш истакна дека раселувањето на речиси една третина од вкупната популација на муслиманскиот народ Рохинџа во Мјанмар може да се нарече етничко чистење. Околу 370.000 муслимани Рохинџа...

Меѓународната заедница загрижена поради актуелната ситуација на Косово

Амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД се загрижени поради актуелната ситуација на Косово. Ставот на амбасадорите денеска го соопшти американската амбасада во Приштина. „Косово се соочува со многу предизвици, како актуелни, така и долгорочни, вклучувајќи ја програмата со ММФ, енергетската ситуација, но исто така и потребата за економски развој, јакнење на владеењето на правото, европската перспектива...

Биљали: Очекувам брз прием на Македонија во НАТО, а потоа решавање на спорот за името

Меѓународната заедница ќе инсистира Македонија првин да добие покана за членство во НАТО, без да има промена на името, а потоа да се даде рок за преговори за изнаоѓање решение за спорот со Грција, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали во неделното интервју за македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. - Колку што јас имам информации, меѓународната заедница или главните креатори...

Коѕиас обвинува дека меѓународната заедница ја разгалила Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во интервју за грчката телевизија „Антена“, ја обвини Македонија за иредентизам, неподготвеност, но и за разгаленост од меѓународната заедница. - Бев, како што знаете, двапати во Скопје, разговаравме за прашањето, беа неподготвени. Дојдоа во Грција, пак неподготвени. Разгалени се од меѓународниот фактор. Овде си имаме работа со иредентизам кој не треба да го...

СДСМ: Граѓаните и меѓународната заедница го осудуваат неодговорното однесување на Груевски

Неодговорното однесување на Никола Груевски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои со денови си зборуваат сами со себе, доби осуда и од демократскиот свет, велат од СДСМ. „На Груевски, преку резолуцијата усвоена од Европската народна партија, јасно му беше ставено на знаење дека нема толеранција за корумпирани политичари и за корупциски скандали. ЕПП ги осуди и провокациите и агресивното однесување кое претставува...

Зврлевски: Неопходни се законски измени за контрола на прислушувањето

Нелегалното следење на комуникациите доведе до голема општествена криза во Република Македонија, но ова не е првпат системите за следење на комуникациите да бидат злоупотребени во земјава, изјави републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, на конференција на тема „Следење на комуникации - законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“, која денеска се одржува во Скопје. - Системите за следење на...

Георгиевски: Уставниот суд и народот на избори да судат за владата на СДСМ, а не Иванов

Платформата на албанските партии е негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор, a приказната дека тој останал отворен и сега се довршуваат отворените прашања е лажна, напиша на „Фејсбук“ поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО - Народна партија, Љубчо Георгиевски. „Охридскиот договор е затворен и оверен од меѓународната заедница. За жал, и двете партии наместо да ја...

Спасовски: Со писмото Иванов си бара оправдување пред себе и пред јавноста

Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот, а Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој уште еднаш го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го даде мандатот на СДСМ за формирање влада. - Граѓаните се...

Вучиќ: Јас да дадам изјава како Хашим Тачи, странците би ме обесиле на Теразије

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини меѓународната заедница за двојни стандарди бидејќи, како што изјави, не ги третира на ист начин изјавите на водечките политичари од Србија и од другите земји во регионот. По состанокот со високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Вучиќ се осврна на изјавата на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој...

По одлуката на Иванов, Беса бара интервенција од меѓународната заедница

Отако Ѓорге Иванов изјави дека нема да го даде мандатот, ова е вознемирувачки момент за државата, се вели во соопштението на Движењето Беса. - Всушност, Иванов е најголемиот прекршител на Уставот, и тогаш кога неуставно му го довери мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш кога не му го довери мандатот на претседателот на СДСМ. Ова е алармантно, бидејќи тој ја претставува...

Иванов не му го даде мандатот на Заев оти го уривал суверенитетот

„Нема да го дадам мандатот на човек или партија кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија. Со темелните вредности на државата никој нема право да тргува“, рече претседателот Ѓорге Иванов на денешното обраќање пред јавноста. - Со преговарање за постизборна платформа на туѓа држава, се загрозуваат унитарноста и суверенитетот на државата. Тоа ќе бидат катастрофални последици...

СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се додворува

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и од нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и Сорос...

Комесаријат за бегалци: Во Прешево ниту еден мигрант не останал без храна

Комесаријатот за бегалци и за миграција од Србија соопшти дека ниту еден мигрант во Прифатниот центар во Прешево не останал без храна, откако претставникот на Црвен крст, Ахмет Халими, изјави дека на мигрантите не им се дели храна, туку само топли чаеви и супа. Оттаму, исто така, наведуваат дека во Прешево постојано се присутни претставници на меѓународната заедница и дека секојдневно...

Алепо е срам за меѓународната заедница, оцени Меркел

Срамно е што меѓународната заедница не е во состојба да го олесни страдањето во сирискиот град Алепо, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. - Алепо е срам. Срамота е што не успеавме да воспоставиме хуманитарен коридор, но мораме да продолжиме да се бориме за тоа - истакна Меркел. Изјавата на германската канцеларка доаѓа откако Русија и Кина вчера ставија вето на резолуцијата...

Странците едногласно предупредуваат: Не застанувајте на патот на СЈО

Меѓународната заедница, која посредуваше во постигнување на Договорот од Пржино, по опструкциите на кои наиде истрагата на СЈО во УБК, посочија дека Катица Јанева треба да ја има поддршката на сите институции при спроведувањето целосни и независни истраги. Гарантите на Договорот од Пржино во одделни реакции по вчерашните настани потсетуваат дека решавањето на политичката криза е клучно за враќањето на...

Јужна Кореја тврди дека има план за целосно уништување на Пјонгјанг

Јужна Кореја има план за целосно уништување на севернокорејската престолнина Пјонгјанг, доколку тамошните власти покажат каков било знак дека подготвуваат нуклеарен напад, објавила јужнокорејската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на воени извори, пренесува „Би-би-си“. Воени извори за агенцијата рекле дека секој агол во Пјонгјанг „ќе биде целосно уништен со балистички ракети и со високо-експлозивни гранати“. Северна Кореја во петокот ја изведе петтата...

Што побараа странците за изборите и по нив?

Со одржувањето на изборите не значи дека завршува неопходниот реформски процес во Македонија, категорични се изјавите на претставниците на меѓународната заедница, кои директно или индиректно беа вклучени во постигнувањето на Договорот од Пржино и неговиот продолжеток постигнат на 20 јули годинава. Главно, се бара да се имплементираат итните реформски процеси, СЈО да може непречено да продолжи со работа, сите политички...

Без реформи во медиумите, нема услови за фер избори, оцениле Заев и Селмани

Без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слободни, фер, демократски и регуларни избори. Ова е заедничката оценка од денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани. Средбата била реализирана на иницијатива на ЗНМ, стои во соопштението на СДСМ. На средбата, Заев го информирал претседателот на ЗНМ, Селмани, дека...

Груби: Иванов има две опции – да си оди или да си замине!

Нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или дејствување само ѝ штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница и затоа тој треба час поскоро да избере една од двете опции што ги има на располагање: да си оди или да си замине!“, изјави пратеникот Артан Груби од ДУИ за „Мета“, како реакција на вечерашното обраќање на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...