fbpx
Таг: Меѓународна агенција за атомска енергија

таг: Меѓународна агенција за атомска енергија

Резолуција на МААЕ: Нуклеарната централа Запорижја да биде вратена под контрола на Украина

Нуклеарната централа Запорижја веднаш да се врати под целосна контрола на Украина, се вели во резолуцијата одобрена на 67-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Информацијата ја пренесе украинската новинска агенција Укринформ, по објавата на Министерството за енергетика на Украина. „На 67-та Меѓународна конференција на МААЕ, 69 земји ја поддржаа резолуцијата за нуклеарна безбедност во Украина. Резолуцијата беше...

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата....

Од руските гранатирања без струја се оставени 10 милиони граѓани на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 10 милиони граѓани на Украина се оставени без струја поради руските гранатирања на енергетската инфраструктура, при што најпогодени се регионите Кијив, Одеса, Виница и Суми, пренесува Гардијан. Поради недостатокот на струја, во бројни населени места не функционира и снабдувањето со вода за пиење. Извештаите кои пристигнуваат од цела Украина говорат дека руската агресија вклучува...

Руска пропаганда со кратко траење: Агенцијата на ОН не најде „валкана бомба“ во Украина

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при Обединетите Нации потврди дека не пронашле знаци за непријавена нуклеарна активност во Украина, откако изврши увид на три локации на барање на Украина, како одговор на руските наводи дека украинската страна работи на создавање „валкана бомба“, пишува Гардијан. Официјална Москва ја обвини Украина дека планира да употреби валкана бомба - конвенционална експлозивна направа...

Физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижја е нарушен, велат од мисијата на ОН

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижја изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан. Мисијата на тимот од МААЕ извршија обиколка на нуклеарната електрана, но неколку членови на тимот ќе останат и наредните денови за детално да ја проучат...

Гранатирања околу нуклеарната електрана во Запорижја пред мисијата на ОН да почне со работа

Украинските власти ги обвинија руските сили дека утрово ја гранатирале договорената рута по која мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) требаше да се движи кон нуклеарната електрана во Запорижја. Како што јавува Укринформ, руските власти го гранатирале градот Енергодар, при што биле погодени станбени згради, продавница и градинки. Гардијан, пак, ги пренесува информациите на руското Министерство за одбрана...

Ракетирањата продолжуваат, мисијата на ОН пристигна во нуклеарната електрана во Запорижја

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска пристигна во окупираниот град Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната електрана Запорижја (Запорожје), јавува Укринформ. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека нивната мисија ќе трае неколку дена, иако руските власти кои ја имаат окупирано електраната, претходно рекоа дека мисијата ќе трае само еден ден, пишува...

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“,...

Во нуклеарната електрана во Запорожје за малку избегната катастрофа

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси побара ургентен пристап на експертска мисија од МААЕ во нуклеарната електрана во Запорожје, која што се наоѓа под окупација на руските сили. Овој стратешки објект во текот на вчерашниот ден на два пати остана без електрична енергија за да можат да работат нуклеарните реактори, пишува Гардијан. „Не можеме...

ОН бара итен прекин на борбите и пристап до нуклеарната електрана во Запорожје

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржа итен состанок во врска со ситуацијата во нуклеарната електрана во Запорожје, која од пролетва се наоѓа под руска окупација. Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, рече дека е екстремно критична. Откако неколку пати беше гранатирана нуклеарната електрана деновиве, еден реактор е...

Загриженост за нуклеарната безбедност по гранатирањето на украинската нуклеарна централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на итен прекин на секоја воена акција во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, предупредувајќи на многу реален ризик од нуклеарна катастрофа, јавува „Би-би-си“. Шефот на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, рече дека е крајно загрижен од извештаите за гранатирање на оваа нуклеарна електрана, која е најголема од ваков вид во Европа. Реакцијата доаѓа откако Украина...

Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко. Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми...

ОН предупредуваат на забрзан напредок на вооружувањето на Северна Кореја

Јукија Амано, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија која е дел од Обединетите нации, изјави дека Северна Кореја бргу напредувала во развојот на вооружувањето. Амано рече дека тоа го покажала шестата нуклеарна проба што Северна Кореја ја изведе на 3 септември. Тој предупреди дека таа најсилна нуклеарна проба на Пјонгјанг претставува нова закана. - Сега е најважно меѓународната заедница да се...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...