fbpx
Таг: Меѓаши

таг: Меѓаши

Меѓаши започнува онлајн кампања „Поттикни мир“ со цел промоција на емпатија, дијалог и ненасилство

Детската амбасада „Меѓаши“ ја започнува својата онлајн кампања „Поттикни мир“. Целта на кампањата е преку кратки содржини со поттикнувачки зборови да се промовираат вредности како што се емпатија, солидарност, одговорност, дијалог и ненасилство. Кампањата ќе биде на повеќе јазици, а пораките ќе се споделуваат на социјалните мрежи на „Меѓаши“. „Живееме во целосно поделено општество по етничка, социјална, образовна и било...

Денеска се одбележуваат 28 години од постоењето на детската амбасада „Меѓаши“

Денеска се навршуваат 28 години од оформувањето на Детската амбасада Меѓаши. Формирана е на 29 април 1992 година во Скопје како меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето. „Во ова чудно време-невреме би сакале да ја споделиме со вас радоста за нашата 28-годишнина на многу години исполнети со работа и активности во секакви околности, години посветени на помош...

„Меѓаши“ изрази загриженост што невакцинираните деца се изоставени од образовниот процес, предлагаат алтернативни форми на образование

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ изразија загриженост што денес има деца кои би требало да бидат прво одделение, а сѐ уште се надвор од образовниот систем поради непримени вакцини согласно календарот за имунизација. Оттаму апелираат владата да ја преиспита одлуката со која во училиштата може да се запишат само деца за кои ќе биде приложен доказ за вакцинација....

Нема упис во прво одделение без примени задолжителни вакцини

За упис на прваче во основно училиште, задолжително треба да се достави потврда за примени задолжителни вакцини на детето. Здравствените власти ќе инсистираат да се почитува законот, кој налага покрај другите документи, оваа потврда да се достави задолжително. Од друга страна, основното образование е задолжително, па она што останува нејасно е - што со оние деца чии родители нема да...

Граѓански организации на меѓународен суд ќе ја тужат државата и Скопје за загадувањето

Четирите граѓански организации - Прва детска амбасада во светот– Меѓаши, „Радар“, „Зелен институт“ и ,,Новинари за човекови права” подготвуваат тужба кон државата и Град Скопје пред домашните и меѓународни судови поради загадувањето на воздухот. Во исто време, овие четири организации покренаа петиција наречена „Нула толеранција за аерозагадувањето“. - Ја повикавме и меѓународната заедница да помогне во борбата за живот и решавање...

Граѓаните на протест пред Владата побараа итно справување со загадувањето

Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Станете за чист воздух“ протестираа пред Владата барајќи итно решавање на проблемот со енормното загадување. Активистите и граѓаните побараа властите, кои ветија дека ќе го решат проблемот со загадувањето, да почнат да ги имплементираат ветувањата и да ги идентификуваат и казнат загадувачите. Основачот и извршен директор на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац,...

Сакаме паркови, а не згради, порачаа граѓаните на протестот за чист воздух

Со пароли и извици „Сакаме паркови, не згради“ и „Нема воздух, нема мир“, граѓаните на Скопје денеска го одржаа мировниот марш за чист воздух, организиран од Коалицијата О2 и Првата детската амбасада во светот „Меѓаши“, на кои им се придружија уште 18 невладини организации. Протестот почна пред Владата и продолжи преку булеварите Илинден и 8 Септември каде граѓаните се...

Скопјани денеска ќе протестираат за чист воздух

Коалицијата О2 за чист воздух и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ќе го одбележат светскиот ден на мирот (21 септември) со мирен марш за право на чист воздух. Маршот, како што е најавено, ќе почне пред Владата во 17 часот, по што ќе продолжи по булеварот Илинден, а на булеварот 8 Септември, граѓаните ќе се спојат со здруженијата...

„Меѓаши“: Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска побара итни мерки против загадувањето на воздухот, нагласувајќи дека на децата во Македонија им е загрозено најементарното право - правото на живот (Конвенција за правата на детето, член 6). „Република Македонија како потписничка на Конвенцијата е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат! Според Светска банка, аерозагадувањето во...

Денеска е Светски ден за превенција од насилство врз децата

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 14 години заедно со 240 граѓански организации од 88 земји во светот ги одбележува 19 ноември како Светски ден за превенција од насилство врз децата и 20 ноември како Светски ден на детето. - Алармираме поради влошувањето на состојбата на децата, особено насилството врз нив, за да ги поттикнеме граѓанските организации, државните институции и другите...

Хелсиншки: Властите не ги почитуваат правата на младите

Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како организации кои со свои претставници беа присутни на вчерашната средба, реагираат на несоодветниот начин на кој беа третирани претставниците на „Средношколски пленум“ од високите државни функционери. - Поставувајќи се од позиција на моќ, министерот и заменик-министерот за образование и наука, Абдилаќом Адеми и Спиро Ристовски, и вицепремиерот Владимир Пешевски, се...

Детската амбасада „Меѓаши“ целосно го поддржа „Средношколски пленум“

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ја изрази својата целосна поддршка за „Средношколски пленум“ и за нивната јасно искажана и покажана потреба да бидат активни носители на општествените промени што нив ги засегаат. „Го повикуваме министерот за образование конечно да го препознае потенцијалот што го носат младите и да ја испочитува нивната одлучност активно да придонесат во создавањето подобар систем на...

„Меѓаши“: Директорите и наставниот кадар имаат одговорност пред учениците, а не пред партиите

Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска најостро го осуди притисокот што се врши врз средношколците кои протестираат. „Најостро ги осудуваме затворањата врати (кога учениците се внатре и/или кога учениците се надвор); однапред предодредените неоправдани изостаноци додека учениците се во училиштата; родителските состаноци проследени со „информации“ кои казни следуваат за вакви ситуации; заканите со 2.000 евра казни; уцените со неодење на екскурзии; заканите...

„Меѓаши“: Средношколската унија и пленумот да разговараат како партнери

„Средношколски пленум“ и Средношколската унија треба да разговараат како партнери и да најдат заедничко решение за излез од состојбата пред таа да ескалира со несакани последици, е ставот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ за преставката што до нив ја испрати Средношколската унија. „Младите можат да се сослушаат и да разговараат конструктивно, почитувајќи ги различните ставови и мислења или да заземат партиски и...

„Меѓаши“: Децата најмногу страдаат од сиромаштија

Сиромаштијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и нивните семејства. СОС-телефонот за деца и млади на детската амбасада „Меѓаши“ годинава регистрирал 146 деца потенцијални жртви, од кои повеќе од половина живеат на работ на егзистенцијата и не можат да го остварат своето право на образование. Годинава само две деца се јавиле во детската амбасада Меѓаши да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...