fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Судот ја одби тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата за „крвавиот четврток“

Основниот суд Скопје 2 вчера ја одбил тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата поради повреда на правото на слобода на изразување за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Судот пресудил во корист на државата, а образложението за пресудата за „крвавиот четврток“ дополнително ќе ѝ биде доставено на новинарката во писмена форма, напиша новинарката Мрѓа на својот...

Османи: Медиумската слобода е директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на видео-состанок на министерско ниво, за безбедност на новинарите и прашањето за неказнивост во рамки на Меѓународната конференција за слобода на медиуми на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Штеф Блок. „Република Северна Македонија е посветена на промоција, заштита и унапредување на сите човекови права и слободи, меѓу кои и...

ССНМ, ЗНМ и ААВМУ го осудија говорот на омраза на пратеникот Апасиев кон новинарките, тој се закани со тужба кон Јордановска

Лидерот на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев јавно, преку својот Фејсбук профил, упати закана за тужба кон новинарката Мери Јордановска, за „неовластено објавување личен запис (смс кореспонденција)“. Ваквите закани од пратеници и членови на парламентот кон новинари претставуваат директен и брутален притисок врз слободата на говорот и слободната новинарска мисла. Апасиев упати и навреди кон новинарките на „А1он“, Јордановска и...

Годишен извештај на ЗНМ за 2019 година: Сè уште е присутна политиката на неказнивост за насилство врз новинари

Во 2019 година била подобрена безбедноста на новинарите во земјава, иако сè уште е присутна политиката на неказнивост за насилство врз новинари, се вели во Годишниот извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Северна Македонија за 2019 година што го објави Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Во периодот од 2017 до 2019...

Владата со Протокол: Настаните да траат до половина час, половина од времето да е за новинарски прашања

Заради одржување на непречена работа на медумските работници и другите присутни на јавни настани, Владата на денешната седница донесе посебен Протокол за одржување настани со медиумско присуство. Тој содржи два дела, општи генерални насоки за сите јавни настани, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции. Според општите генерални насоки, меѓу другото, ако...

За три години за политичка пропаганда во медиумите партиите од буџетот на државата потрошиле 8 милиони евра

Европскиот експерт Рајнхард Прибе во 2015 година, во рамките на итните приоритетни реформи во медиумите, даде три препораки во врска со трошењето јавни пари во медиумите. Првата препорака беше да се воспостават строги правила за владиното рекламирање засновано на објективни и недискриминаторски критериуми, второ обезбедување целосна транспарентност на владиното рекламирање, податоци кој троши пари во медиумите, како и кои...

Измените на Кривичниот законик да функционираат во пракса, за напаѓачите на новинарите да се казнат

Само преку конкретни измени на Кривичниот законик со давање на надлежност на обвинителството да постапуваат по службена должност и преку зголемување на казните кон напаѓачите, системски ќе се подобри безбедноста и политиката на неказнивост кон новинарите и медиумските работници. Ова е главниот заклучок на вебинарот на тема „Изменување и дополнување на Кривичниот законик: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“...

МРТ со интерни огласи пополнува испразнети места, не може да добие дозвола за нови вработувања

Македонската радио-телевизија (МРТ) распиша 26 интерни огласи за вработените од оваа куќа во насока на пополнување на испразнети работни позиции и за унапредување на вработени во својата професионална кариера. Воедно, со ваквите огласи ќе се реши неправдата со оние професионалци кои се вработени со години наназад во МРТ, а кои со досегашната систематизација биле поставени на позиции кои не...

Државата најави ригорозни казни, ЗНМ бара за напади врз новинари да се постапува по службена должност

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе побара од Министерството за правда во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик во делот за казни за напади врз новинари и медиумски работници, најавени од министерот за правда, Бојан Маричиќ, да се вклучи и проширување на надлежностите на обвинителството да постапува во овие случаи, пишува „Порталб.мк“. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски за...

МРТ со скратени 3,6 милиони евра во предлог-буџетот за 2021 година

Со предлог-буџетот за 2021 година, Министерство за информатичко општество и администрација планира да одвои 670,5 милиони денари (10,9 милиони евра) од државниот буџет за Македонската-радио телевизија. Ова е намалување од 223,5 милиони денари (3,6 милиони евра), наспроти 894 милиони денари (14,5 милиони евра) кои за јавниот сервис беа одвоени во буџетот за годинава. Министерот за информатичко општество и администрација Јетон...

Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“ кажа дека Министерството веќе започнало постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници, информираат...

Реформата на законодавството за клевета тргна од мртва точка

Реформата на законодавството за клевета и навреда, која е една од реформските приоритети во сферата на медиумите, тргна од мртва точка. По најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, на почеток на месецот, дека ќе се направи ревизија на законодавството што се однесува на поголема заштита на  новинарите, Работната група за ревизија на Законот за граѓанската одговорност за клевета и...

Пет години тапка во место реформата во МРТ

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, неделава писмено го известил претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Костадин Костадинов, дека постапката за избор на новите членови на Програмски совет на Националната радио-телевизија и на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги треба да се повтори од почеток од деловнички причини. Минатата недела Џафери за агенцијата...

МРТ усвои Правилник за вработување, унапредување и распоредување на вработените

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) на седницата одржана на 11 ноември 2020 година го донесе Правилникот за вработување, унапредување и распоредување на вработените во јавниот радиодифузен сервис. Со овој документ се уредува постапката по која ќе се врши изборот на нов кадар и искачувањето на повисоки работни места на постојниот кадар помеѓу давателите на услуги и помошно-техничките лица...

Новинарските здруженија ги повикаа МВР и ЈО да реагираат по говорот на омраза против новинари и невладини организации

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудија говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикаа надлежните органи и институции, пред сè МВР и ЈО веднаш да реагираат, за да се...

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на содржините од...

Новинарството не е атрактивно за младите поради ниските плати и немањето верба во слободни медиуми

На онлајн дебатата „На кого останува новинарството“, организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), помладите новинари и искусни уредници дебатираа за причините, зошто оваа професија е помалку атрактивна кај помладите генерации и сѐ помалку студенти се запишуваат на студиите по новинарство. Според новинарката Милена Атанасоска Манасиева, од разговорите со колегите, професорите и невладините организации постои опасност новинарската...

Извештај и дебата на ОМР: Медиумските реформи и понатаму бавно се спроведуваат

Ако сме на час во средно школо, тогаш државава за реформите во медиумскиот сектор во изминатиов период најмногу би добила оценка меѓу тројка и двојка за она што досега е сработено. На овој начин Зоран Фидановски, новинар и член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ја опиша состојбата со исполнувањето на Итните реформски приоритети...

Маричиќ: Во измените на Кривичниот законик ќе продолжиме да разговараме со медиумските работници

Министерот за правда Бојан Баричиќ на денешната прес-конференција, меѓудругото говореше и за легислативата која се однесува на заштита на новинарите и на медиумските работници. „Паралелно треба да се разговара и со обвинителство и со судството, бидејќи сигурен сум дека на оваа тема можеме да имаме и дополнителна едукација на кадрите и во извршната власт, меѓутоа и во обвинителството и во...

МРТ официјално и во третиот квартал работела со добивка, но бројот на вработените и понатаму опаѓа

Македонската радио-телевизија (МРТ) во третиот квартал од 2020 година официјално работела со добивка, но бројот на вработени во јавниот радиодифузен сервис продолжил и понатаму да опаѓа. Во периодот од јули до септември 2020 година, МРТ остварила приходи од над 227 милиони денари (речиси 3,7 милиони евра) и вкупни расходи од над 209 милиони денари (речиси 3,4 милиони евра). Јавниот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...