fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Објавен периодичниот извештај на Евротинк за работата на АЕК и ААВМУ

Иако редовно се објавуваат записниците од состаноците на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, сепак тие не вклучуваат детали за текот и за содржината на дискусиите. Ова го покажува шестиот периодичен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ), спроведен од Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност...

Расте бројот на неодговорени и одбиени барања за пристап до информации од јавен карактер (инфографик)

Лани пораснал бројот на неодговорени, одбиени и пренесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на институциите, покажува Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2019 година. Правните и физичките лица лани поднеле вкупно 8.752 вакви барања, и тоа најчесто до државните институции,...

МРТ од денеска започнува со емитување на четири нови канали, кои ќе се пуштаат етапно

Македонската радио телевизија информира дека дека од денеска почнува со емитување на четири нови телевизиски канали, и тоа МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма. „Прв канал што ќе почне да емитува...

Лани пораснал бројот на поднесени жалби за прекршување на пристапот до информации од јавен карактер (инфографик)

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер лани регистрирала 755 жалби против молк на имателите на информации или против управни и реални акти на првостепени органи, што е за 133 повеќе во споредба со 2018 година. Зголемувањето на поднесените жалби за прекршување на правото на пристап до информации од јавен карактер е забележано...

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 милиони евра во споредба...

ССНМ и ЗНМ: Отпуштањето новинари не смее да биде прва мерка за справување со кризата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуваат одлуката на работодавецот „Нет медиа Груп Доел“ кој што ги поседува интернет порталите „Локално“ и „Стандард“ да отпушти најмалку петмина новинари, дел вработени на определено, а на дел да им ги прекине хонорарните договори. „Иако овој чекор се образложува со кризата предизвикана...

До мај ќе се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. Во изработената анализа ќе...

Владата со новите економски мерки ќе ги субвенционира и медиумите

Владата на денешната седница донесе одлука, со новите економски мерки да ги субвенционира и медиумите. Премиерот Оливер Спасовски, на прес-конференцијата посветена на овие мерки, не даде прецизно објаснување кои медиуми, медиумски работници ќе бидат опфатени и како тоа ќе се реализира, и истакна дека за сите детали ќе биде донесена уредба. Исто така, за сега не е познато, колку средства од...

ЗНМ и ССНМ: Реакцијата на „Аџибадем Систина“ кон „ИРЛ“ е притисок кон новинарите и обид за цензура

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја осудуваат непримерната комуникација на „Аџибадем Систина“ кон новинарите од редакцијата на истражувачката новинарска платформа „ИРЛ.мк“ по повод нивната сторија за Ковид-19 насловена како „Пандемско профитерство или грижа за заедницата: Другата страна на приказната за Ковид-19 тестовите“, објавена на 28 март 2020 година. „Како засегната...

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, ТВ 21-М, 24 Вести...

Јавниот сервис во предизборието: МТВ избалансирано, Македонското радио во полза на ВМРО-ДПМНЕ

Само дел од каналите на Македонската-радио телевизија (МРТ) прикажале избалансирано предизборно известување во информативната програма во периодот од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот пред отпочнувањето на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Најголем дисбаланс има кај програмата на првиот програмски сервис на Македонското радио,...

Непрофесионални портали не можат да ја прашаат Владата во живо

Одлуката на владата да обезбеди видеопренос во живо преку социјални мрежи на редовните прес-конференции поврзано со пандемијата на коронавирусот, предизвика незадоволство кај дел од интернет-порталите во земјата. Во иднина, на прес-конференциите на Владата нема да можат да присуствуваат новинарските екипи, туку медиумите од редакција без никакво ограничување ќе можат да го преземат видеото од преносот и сите други материјали...

МРТВ објави јавен повик за ангажирање на новинари – дописници и сниматели од Штип

Македонска радиотелевизија објави јавен повик за потребите на дописничката мрежа на МРТВ, при што бараат новинар и снимател од Штип, ангажирани на хонорарна основа. Инаку, анализата за дописниците од Здружението на новинари, покажува дека Македонската радиотелевизија има само тројца дописници од Источниот регион и ниту еден дописнички центар не е активен. „МРТВ свои простории има во Струмица, на ул. Маршал Тито...

МРТВ ќе започне нов програмски канал за детска програма, најдоцна за 20 дена

Средствата кои Македонска радио телевизија ќе ги добие од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе ги искористи за нов канал специјализиран за детска програма. Ова го најави директорот на МРТВ, Марјан Цветковски, при потпишувањето на договорот во АВМУ, од каде што јавниот дифузер доби 30 милиони денари (488 илјади евра) за набавка на заштитна опрема на новинарите за...

МРТВ доби 488.000 евра од АВМУ за заштита на новинарите и за производство на програма

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги додели финансиска помош – донација за справување со последиците од корона вирусот Ковид-19 во вкупен износ од 105.000.000 денари (1,7 милиони евра). Од 103 милиони денари (1,6 милиони евра) наменети за радиодифузерите, 30 милиони денари (488 илјади евра) се за Македонска радио телевизија. Останатите комерцијални и непрофитни радиодифузери кои во моментов вршат телевизиско...

Донесено Упатството за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го донесе новото Упатство за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информираат од оваа агенција. „Целта на ова Упатство е согласно Законот, на физичките и на правните лица (баратели на информации) да им се овозможи побрзо и поефикасно да го...

Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потенцира дека Регистарот на професионални онлајн медиуми на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и ЗНМ е изработен на волонтерска основа и единствено служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство во овој регистар. Од ЗНМ во нивното соопштение нагласуваат дека владиното ограничување, според кое,...

МРТ тврди дека лани го намалила долгот за 2,8 милиони евра, но опаднал и бројот на вработени

Раководството на Македонската-радио телевизија (МРТ) тврди дека лани успеале да го намалат долгот на јавниот радиодифузен сервис за над 2,8 милиони евра. Обврските на МРТ на крајот од 2019 година биле заокружени на околу 11,8 милиони евра, се вели во Извештајот за финансиското работење на ЈРП МРТ“ за четвртиот квартал од минатата година. Од јавниот радиодифузен сервис во извештајот повторуваат...

Медиумите зависни од политиката и бизнисот, а новинарите незаштитени

Американскиот Стејт департмент минатата недела го објави извештајот за состојбата со човековите права во 2019 година во Северна Македонија, во кој, освен напредокот постигнат во одредeни области, има и сериозни забелешки. На состојбата со слободата на говорот и на медиумите ѝ е посветено големо внимание. Има сериозни примери на прекршување на ова основно човеково право, без кое не може...

ЗНМ и СЕММ подготвија публикација „Насоки за безбедно и професионално известување за корона вирусот“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во интерес на подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“. Публикацијата, во првиот дел, нуди насоки за етичко, професионално и одговорно известување за коронавирусот...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...