fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

ЗНМ и ССНМ ги повикаа истражните органи да постапуваат по заканите кон Иванов, Стојановска, Додевска

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува вербалните закани кон новинарот Мишко Иванов, испратени до него на социјалната мрежа Фејсбук. „Вчеравечер, веднаш по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со говор на омраза и закани до новинарот на ТВ „24“. Откако Иванов ја објави пораката...

Владата и ССНМ се разидоа за извештајот на „Репортери без граници“

Кон крајот на април „Репортери без граници“, го објави извештајот за состојбата со слободата на медиумите во светот, во кој Северна Македонија е рангирана на 92. место, од вкупно 180 земји. Тие сметаат дека нашата земја во последната година има забележано мал напредок во поглед на медиумските слободи споредено со 2019 година, кога бевме рангирани на 95 место. Најлошо рангирани...

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во оваа куќа. Податоците ја покажуваат...

„Цивил“: Проблемот со дезинформациите во време на корона вирусот не ја одмина Македонија

Постигнувањата по падот на режимот во сферата на јакнењето на медиумските слободи се евидентни, но придружени се со низа слабости и предизвици, истакнува организација за човекови права и слободи „Цивил“. „Слабостите и предизвиците се последица и од трендови со поширок регионален и глобален карактер, но не мал дел од нив се и од субјективна природа. На глобално ниво, пандемијата на...

ААВМУ: 3 Мај потсетува дека владите имаат обврска да ја почитуваат слободата на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по повод 3 Мај - Меѓународниот ден на слободата на медиумите, порача дека покрај прославувањето на фундаменталните принципи и независноста на медиумите, овој ден служи и како потсетник за улогата на медиумите во развојот на демократијата и обврската на владите да ја почитуваат нивната слобода. „Годинава, светскиот ден на медиумите се одбележува...

„Метаморфозис“: Најголема закана се дезинформациите околу Ковид-19 пандемијата

Фондацијата „Метаморфозис“ одбележувајќи го Меѓународниот ден на слобода на медиумите, 3 мај, порачува дека кризата со пандемијата на Ковид-19 која ја одбележа годинава досега, дополнително ја нагласува неопходноста од обезбедување кредибилно известување и информации, како и потребата од беспоштедна борба со дезинформациите. Меѓународниот ден на слобода на медиумите годинава се одржува 27. пат. Потсетувајќи на повикот на генералниот секретар на ОН,...

ЗНМ и ССНМ: Професионалното новинарство е јавно добро кое не смее да се ограничи

Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 Mај, денес, повеќе од кога и да е претходно, стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија а тоа е дека новинарството мора да се третира како јавно добро, а протокот на информациите не смее да...

Пандемијата не е изговор за ограничување на слободата на говорот

Советот на Европа ги предупредува земјите членки да не ја користат пандемијата со корона-вирусот за замолчување на медиумите, свиркачите или политичките противници. Ваков апел Советот упати на почетокот на април преку документ, со кој им дава насоки на земјите членки како поуспешно да се справат со падемијата на корона-вирусот и во исто време да ги почитуваат основните човекови права...

Во првиот квартал поднесени 109 жалби од баратели на информации од јавен карактер, десетина се од новинари

Покрај тоа што во изминатиов период ги реши сите заостанати предмети, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во предвидениот рок ги решава и жалбите кои пристигнуваат во моментов, информираат за „Мета.мк“ од Агенцијата. Во првиот квартал од 2020 година до Агенцијата биле поднесени 109 жалби од страна на барателите на информации од јавен...

Новинари денеска поднесоа тужби против државата за нападите во Собранието на 27 април

Здружението на новинарите на Македонија потсетува дека на 27 април, пред три години се случи „крвавиот четврток“, каде поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери. „Во име на одбележување на овој црн ден за демократијата и застапување на слободата на изразувањето и безбедноста...

Совет на Европа: Слободата на изразување клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за Ковид-19

Слободата на изразување, вклучувајќи го и слободниот и навремен проток на информации, е клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за прашања поврзани со пандемијата со Ковид-19, се наведува во Упатството на Советот на Европа до владите ширум Европа за почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права во рамки на санитарната криза поврзана со Ковид-19, испратено...

ССНМ: Владата се кити со туѓи перја

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на соопштението на Владата во врска со извештајот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, порачувајќи дека Владата си припишува себеси туѓи заслуги. „Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во извештајот на „Репортери без граници“...

Влада: Остануваме отворени за секој конструктивен предлог од професионални медиумски орагнизации

Владата ја оценува улогата на медиумите како исклучително важна за време на пандемијата со Ковид-19, за навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата, соопштуваат од таму. Тие, како што велат, остануваат отворени за секој конструктивен предлог кој доаѓа од професионалните и одговорни медиумски организации. Здружението на новинарите на Македонија...

ЗНМ: Што поскоро да почне изработката на новиот предлог-Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) велат дека процесот на донесување на измени и дополнувања на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета треба да почне што поскоро, бидејќи нашата земја си зеде обврска да ги усвои уште во 2018 година. Министерството за правда формално го контактирало ЗНМ на оваа тема во јуни 2019 година, при што на...

ААВМУ бара од институциите отвореност за медиумите и двонасочна комуникација со новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) апелира до Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите и да го зголемат степенот на транспарентност во периодот на вонредната состојба поради епидемијата со корона вирусот. Од ААВМУ потенцираат дека комуникацијата со новинарите треба да биде отворена и двонасочна. „Во вонредна состојба исклучително е важно да им биде...

ЗНМ: Слободата на изразување да биде загарантирана и во вонредна состојба

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека владините институции и здравствените центри мора да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба. „Укажуваме дека ние како организација, a и голем дел од нашите членови, сме незадоволни од недостигот на двонасочната комуникација за вклучување...

СЕММ: 70 отсто од жалбите за непрофесионално известување се за корона вирусот

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам, информираат од таму. „Од моментот на прогласување...

Утре презентација на првиот извештај за итните реформи во медиумската сфера

Фондацијата „Метаморфозис“ ќе изврши виртуелна презентација на Првиот периодичен мониторинг извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР),финасиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) Презентацијата ќе се одржи утре (16 април) и планирана е да трае помеѓу 12 и 13.30 часот. Настанот ќе се одржи виртуелно на платформата ZOOM https://techsoupglobal.zoom.us/j/97381027136?pwd=aGRuOStQN1ZBU0VOVHd6bHJUTDkyUT09 Meeting ID: 973 8102 7136 Овој извештај се занимава со набљудување на...

ЗНМ изработи Прирачник за етичко известување од избори во земјава

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изработи „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ во пресрет на одржувањето на претстојните парламентарни избори во земјава. Автори на прирачникот се Марина Тунева, Младен Чадиковски, Насер Бислими и Емилија Јаневска, додека уредувањето и препораките се на Драган Секуловски. Публикацијата пошироко ги елаборира етичките стандарди и улогата и значењето на медиумите за...

Рускиот агитпроп за Ковид-19 пустоши во ЕУ и балканските земји

На почетокот на април, Европската Унија објави Специјален извештај во врска со присуството на дезинформации во светските медиуми и на социјалните мрежи во врска со пандемијата на корона-вирусот. Извештајот треба да ги помогне напорите на ЕУ да се спротивстави на дезинформациите, вклучително и преку откривање, анализа и изложување на кампањи за дезинформации. Според извештајот, постои јасна тенденција на зголемување...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...