fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Низа препораки за власта во извештајот „Слободата на медиумите во Македонија – напредок на стаклени нозе“

Да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постоечките европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се става јасен воден печат на комуникациските материјали од Владата, за нивниот извор да ѝ биде јасен на јавноста, да се воведе законска регулатива...

ССНМ и ЗНМ го осудуваат однесувањето на Ковачевски и Битиќи кон новинар од Алфа

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудуваат односот на премиерот Димитар Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Битиќи кон новинарот од Алфа ТВ, Матеја Петровски. „Едно навидум едноставно прашање, кое треба да добие едноставен одговор, од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, беше...

Медиумите и известувањето за реформите се клучни во пристапувањето на земјава кон ЕУ

Медиумите ќе ја играат клучната улога за на јавноста да ѝ обезбедат објективна, прецизна и фактичка информација за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и за реформите што треба да се спроведат. Токму поради тоа неопходен е независен и професионален медиумски сектор во земјава. Ова денеска го истакна Мари-Мадлен Канелопулу, раководителка на сектор при Делегацијата на ЕУ...

ДЕБАТА: Државното финансирање на медиуми да не се повтори, лошо влијае на новинарството

Државното финансирање на медиумите во минатото придонело за нагло влошување на квалитетот на новинарството, бидејќи клинтелизмот на тој начин најотворено влегува во односот меѓу државата и медиумите. Ова беше потенцирано на денешниот настан „Отворени прашања за изборното рекламирање со државни средства“ што го организираше Институт за демократија денеска во хотелот Панорамика во Скопје. На настанот се дискутираше за ризиците од...

Слободата на изразување е нарушена поради закани и недостиг на медиумски реформи, забелешки и од Брисел

Слободата на изразување е еден од клучните критериуми што секоја земја-аспирант за членство во ЕУ мора да ги исполни. Според новата методологија за проширување, поглавјето за слободата на изразување и медиумите припаѓа на првата група, онаа на основните права. Сепак, во Извештајот за напредокот беше забележано дека Северна Македонија постигнала ограничен напредок во областа на информирањето и медиумите. Медиумските...

Новинарските и медиумските организации против враќањето на државните кампањи во медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот на Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките партии. Во писмото ЗНМ, ССНМ,...

Министерството за правда ќе го повлече предлогот за пренесено негативно мислење да се одговара како за навреда

Од Министерството за правда за Вистиномер велат дека е погрешна формулација и ненамерен пропуст тоа што во измените на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кои се наоѓаат во собраниска процедура, стои и дека новинарот може да одговара за навреда ако пренесе нечие ,,негативно мислење”, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во Предлог-законот за граѓанска одговорност за...

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...

Вистиномер: Новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета чека во Собранието

Во предлог текстот што се наоѓа во собраниска процедура на прво читање, има интервенција во повеќе од 1/3 од постојните членови во важечкиот Закон. Важна новина предвидена со новиот законски текст е значителното намалување на максималните износи кои судот може да ги досуди како надоместување на нематеријална штета, предизвикана со навреда или клевета од новинар во вршење на новинарска професија,...

Мониторинг во медиумскиот сектор: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година. Резимето од мониторингот за реформите во медиумскиот сектор...

Вистиномер: Субвенциите од државата добредојдени за печатените медиуми

Во севкупното финансирање на медиумите со јавни пари влегува и субвенционирањето на печатените медиуми што се прави по утврдени правила. Правилата беа дефинирани во разговори помеѓу претставници на Владата, Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, а со свои предлози учествуваа и од ЗНМ, се вели, меѓу другото, во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов:...

Вистиномер: Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

Финансирањето на приватните медиуми со јавни пари е сѐ уште изразен проблем во Северна Македонија и покрај тоа што по парламентарните избори во 2016 г. и формирањето на политичката коалиција што ја раководи земјата од 2017 година, беше договорено и ветувано таквата пракса да прекине. Ова, меѓу другото, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор...

Дебата на Метаморфозис: Медиумските реформи треба да се континуитет, а не тргни-застани процес

Фондацијата Метаморфозис вчера организираше дебата за реформите во медиумскиот сектор, која што се одржа по презентацијата на сопствениот извештај „Реформи на половина пат - политичката волја час ја има, час ја нема“ од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите. На дебатата беа потврдени наодите од извештајот, при што заеднички заклучок на соговорниците беше дека нема исполнување на...

ЕК извештај: Новинарите сè повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот на неказнивност остана висок,...

SafeJournalists: Осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите – институциите мора да реагираат

Мрежата „SafeJournalists“, чиј дел е Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), регираше на попречувањето на работата на новинарите и нивна дискредитација во локалните избори и порача дека ќе ги алармира релевантните меѓународни институции и чинители за инцидентите. „Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа за загрозување на безбедноста на...

Вистиномер: Измените во Кривичниот законик треба да донесат нулта толеранција кон нападите и заканите врз новинарите

Отсега обвинителството ќе мора да ги прибира доказите по службена должност наместо новинарот да пријавува дека е нападнат и да се изложува на трошоци во судска постапка. Од Министерството за правда за „Вистиномер“ велат дека нивната работна група во предвид ги зела компаративните анализи од повеќе европски земји, во однос на тоа како таму правно се заштитени новинарите се...

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ бараат Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат до Министерството за економија, барајќи да ги поништи тендерите за медиумска кампања. „Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и комуникациска стратегија и за...

Можно е повторно ААВМУ и МРТ да немаат функционални раководни тела

Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк. Ова е оценка на Виолета...

Едукативен центар за новинари, развиена дописничка мрежа и присуство на социјалните мрежи – МРТ го планира развојот до 2025

Македонската радио-телевизија (МРТ) ја објави Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис за периодот до 2025 година. Неколку значајни новини предвидува МРТ во нејзиното работење во наредните пет години, со кои се надеваат дека јавниот сервис ќе има многу поголема улога во општествениот развој и севкупните случувања во земјава. Планиран е натамошен развој на дописничката мрежа на МРТ од земјава,...

ААВМУ нема да ги одзема дозволите на радиодифузерите кои не платиле годишен надоместок

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000 денари (околу 813.000 евра), на вчерашната седница одлучи да ги запре сите покренати постапки за одземање на дозволи по основ на неплатен годишен надоместок за радио...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...