fbpx
Таг: медиумски работници

таг: медиумски работници

Најголем број од новинарите и медиумските работници во земјава заработуваат потпросечни плати

Најголем број од новинарите и медиумските работници за својата работа примаат надомест под просечната плата во државата, покажа истражувањето кое е изработено од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот Ресис, а е поддржано од ЕУ, пишува Вистиномер.  Притоа, 55 отсто од новинарите земаат плата под просечната во државата, а 77 проценти од медиумските работници се под...

ЗНМ и ССНМ: Новинар и снимател на „Алсат“ спречени да ја вршат својата работа во Чашка

Новинарска екипа на телевизија Алсат утрово била спречена да ја врши својата работа за време на протест во Општина Чашка, реагираа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Протестот пред општината бил против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка. „Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски...

Вработените во МИА повторно на протест

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) денеска повторно за време на паузата излегоа на протест за да го изразат незадоволството од непостапувањето по нивните барања, соопштија од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Ова е седми предупредувачки протест поради тоа што нивните барања за зголемување на платите не се најдоа на дневен ред на владината седница одржана на...

ЗНМ со осуда за физички напад врз снимател од ТВ 24

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24, Иван Камчев. Напаѓачот ја оштетил и неговата опрема, информираше здружението. Камчев, враќајќи се од денешно снимање, со колега од МРТВ на патот Градско-Прилеп кај Росоман биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документира настанот, снимателот Камчев бил нападнат вербално, а потоа...

ЗНМ: Негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите

Бројот на напади кон новинари и медиумски работници во 2022 година бил зголемен, а дополнително загрижува фактот што медиумските професионалци се сѐ почесто предмет на закани и малтретирања на социјалните мрежи. Неказнивоста сѐ уште е голем проблем и особено загрижува говорот на омраза и етикетирањето новинари и медиумски работници од страна на политичари и други носители на јавни функции,...

ЕФН го осудува однесувањето на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија

Во изминатите денови, државни функционери во Северна Македонија во неколку наврати вербално малтретираа новинари и медиуми. Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучи на својата партнерска организација во Северна Македонија – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), во осудата на несоодветното однесување на јавните личности и потсетувањето на моралните обврски што ги носи јавната функција, соопшти ЗНМ. „Од 16 јануари,...

ЗНМ реагира на постапката на град Скопје: Рекламирање со јавни пари е забрането

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) алармира за постапката на градот Скопје, кој преку јавна набавка планира да инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни телевизии и онлајн медиуми за промоција на активности на градот. Kaко што се наведува во соопштението од ЗНМ, според огласот за јавна набавка, достапна на електронскиот систем за јавни набавки, градот Скопје предвидува...

ЗНМ: Скршена камера – безбедноста на новинарите и снимателите мора да биде гарантирана на протестите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) јавно укажува на примери од проблематичен однос кон медиумски работници од страна на дел од припадниците на МВР како и на поединечни лица, дел од толпата, кои протестираа во текот на вчерашната ноќ пред Собранието. Во момент додека службени лица вршеле лишување од слобода на лица кои претходно насилно се однесувале на јавниот простор...

ССНМ: Работничките права се предуслов за професионално новинарство

Само солидаризирани во борбата, новинарите и медиумските работници можат да се изборат за своите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, порача Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во видео-обраќање по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот. „Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, четворица немаше...

ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат додатоците за работа во недела

По истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) добил пријави и поплаки од новинари и медиумски работници од повеќе медиуми во државата дека или не им биле исплатени законски утврдените додатоци на плата за работа во недела или им биле исплатени помалку пари, информираат од ССНМ. „Согласно измените на Законот...

Вистиномер: Националните медиуми не покриваат две третини од граѓаните со дописници од нивните места на живеење

Бројот на дописници од внатрешноста на државата е сведен на минимум. Македонската радио телевизија едвај има вработено неколку новинари од внатрешноста, додека приватните телевизии, земаат информации од хонорарно ангажирани новинари, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Неосигурани, без договори за работа, со сопствено возило и опрема, секојдневно на работа се упатуваат малкумина дописници и медиумски работници од внатрешноста, покажа...

Вистиномер: Може ли да се стори повеќе за зголемување на безбедноста на медиумските работници?

Прашањето за физичката безбедност и заканите кон новинарите и медиумските работници е сѐ уште актуелно. Иако има одредено поместување во позитивна насока, сепак, тие и натаму се соочени со физички закани при извршување на својата работа и со непреземање конкретни активности од институциите задолжени за тоа (полицијата и, пред сѐ, јавното обвинителство) и сѐ досега немаше придвижување кон подобро,...

Над 50 медиумски работници повредени на анти-ЛГБТИ протест во Грузија, се бара истрага за насилството

На анти-ЛГБТИ протестот што се одржа вчера во грузискиот главен град Тбилиси се повредени над 50 медиумски работници, јавуваат светските агенции. Протестот се одржа против планираниот марш на гордоста во Тбилиси, при што учесниците на анти-ЛГБТИ извршиле 107 напади врз 54 новинари, фоторепортери и сниматели на медиумите. Веднаш по ваквиот напад, организаторите на маршот на гордоста Тбилиси Прајд го откажаа...

ССНМ-ЗНМ: Имунизацијата на медиумските работници започнува од понеделник, во прва фаза ќе се вакцинираат 631 лице

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против ковид-19. На повикот одговориле новинари и медиумски работници од вкупно 110 традиционални и онлајн медиуми од целата држава. Се пријавиле вкупно 758 лица од кои...

Објавен повик за обуки за медиумски работници за унапредување на медиумската писменост за родово базираното насилство

Организацијата ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, објавува јавен повик за учество на обуки за унапредување на знаењата и вештините кај медиумските професионалци во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските...

Новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат во втората фаза како дел од виталните институции

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Драган Секуловски извршниот директор на ЗНМ и Тамара Грнчароска и Павле Беловски членови на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ). На средбата се разговарало за важноста новинарите да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против...

Владата со Протокол: Настаните да траат до половина час, половина од времето да е за новинарски прашања

Заради одржување на непречена работа на медумските работници и другите присутни на јавни настани, Владата на денешната седница донесе посебен Протокол за одржување настани со медиумско присуство. Тој содржи два дела, општи генерални насоки за сите јавни настани, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции. Според општите генерални насоки, меѓу другото, ако...

Почина Сашо Михајловски – Сале, синдикален водач во ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) извести дека ноќеска ненадејно починал синдикалниот водач во телевизија Алфа, Сашо Михајловски – Сале, роден 1970 година. „Загубивме голем другар, борец, синдикалец и пред се човек кого колегите неизмерно го почитуваа, на кого му ја доверија борбата за нивните права како вработени во Алфа ТВ, а која тој без трошка штедење и...

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на вработени во МРТ, се...

ССНМ: Државните институции да овозможат услови за безбедно известување во време на пандемија

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници реагираше по поплаките на нивните членови откако тие информираа за начинот на кој била организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството. „Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...