fbpx
Таг: медиумска опсерваторија

таг: медиумска опсерваторија

ЗНМ: Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите

Неколку дена по последниот испад кон новинар од страна на државен функционер, повторно се соочуваме со случај каде на прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добива „куса лекција“ за новинарство, реагира Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Од таму велат дека утрово во клиничката болница во Тетово, за време...

ЕУ ги додели наградите за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција

Европската Унија, на вчерашниот настан кој во рамките на Медиумската конференција за Западен Балкан се одржа во Тирана, ги додели наградите за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција, меѓу кои и за македонски медиуми. За најдобра истражувачка сторија, на доделувањето на наградите во Тирана, беше избрана „Софтверот на Рашковски за сообраќајни казни”, на новинарката Ирена Каревска, објавена на „360...

ЗНМ и ССНМ побараа законските измени што ги засегаат новинарите да бидат донесени што побрзо во Собранието

Сега, повеќе од кога било е потребно нападот врз новинарите да се третира како напад врз службено лице, време е да се направи поголем исчекор во оваа насока, истакна претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски на прес-конференцијата што пред Собранието ја одржаа ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) по повод Меѓународниот...

ЗНМ и СЕММ бараат итна истрага за нападот врз сопственикот на портaлот „Буре весник“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот на порталот „Буре весник“, Зоран Божиновски. Како што објавија повеќе медиуми, нападот врз Божиновски се случил вчера вечер пред неговата куќа во...

ЗНМ и СЕММ реагираат на стигматизирачкиот и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во заедничко соопштение го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на којшто известуваат од меѓувладината конференција во Брисел. Со самото тоа, реагираат...

Можно е повторно ААВМУ и МРТ да немаат функционални раководни тела

Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк. Ова е оценка на Виолета...

Кина го забрани реемитувањето на Светскиот сервис на Би-би-си

Кина официјално забрани во земјата да се реемитува Светскиот сервис на британската јавна радиодифузна куќа Би-би-си. Според радиодифузните регулатори во најмногубројната земја во светот, причината за ваквата одлука се известувањето на Би-би-си за корона вирусот и за прогонот на Ујгурите, етничко малцинство во Кина. Од Британскиот јавен радио дифузен сервис, Би-би-си порачаа оти се разочарани од ваквата одлука. Одлуката уследи откако...

Заев: Подготвени сме за целосна контрола на јавните пари за медиумите

Промена на членот 102 од Законот за АВМУ, со што ќе се тргне забраната за рекламирање на Владата и нејзините институции, општините и јавните претпријатија, како и создавање на фонд за проекти од јавен интерес, е најавата што дојде директно од премиерот Зоран Заев. Тој најави дијалог за најавените измени со засегнатите страни, вклучувајќи ги и новинарските здруженија, кои...

ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

Новинарите и медиумските работници во земјава имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради ковид-19. Сопствениците на медиумите, пак се незаинтересирани да разговараат за овие проблеми, соопшти Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Синдикатот во јуни спровел анкета меѓу вработените во медиумите за работните...

Бавната динамика на реформите во медиумите во земјава ја загрозува европската интеграција

Исполнувањето на реформите во сферата на медиумите во нашата земја што произлегоа од Договорот од Пржино, сè уште не е целосно завршено. Земјата се движи со бавни чекори кон подобрување на медиумската сфера, што е услов за пристапување во Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Според домашните и меѓународните извештаи, нема доволно безбедност за новинарите и воопшто за медиумите во Македонија. „Останува фактот...

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари во медиуми во разни...

ААВМУ: Не сме надлежни да го поништиме конкурсот за членови на Надзорниот одбор на МРТ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вели дека нема надлежност да го поништи конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор на МРТ, во време кога мандатите на членовите на Програмскиот совет се истечени, пишува Порталб.мк. - Немаме надлежност да го поништиме конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор, тоа е надлежност на Програмскиот совет....

Новинарите се соочуваат со притисоци и по промената на власта

Владата се пофали дека медиумските работници се ослободени од политички притисоци. Но поведението на дел од функционерите во власта и искуствата на новинарите во секојдневната работа се доказ дека ова сè уште не е точно. Закани, притисоци, навреди, влијанија - сите овие методи се уште се дел од секојдневието во медиумската сфера, говорат повеќе новинари за Платформата за истражувачко...

Законот е само алатка, а не е клуч за слободни и професионални медиуми

Владата влезе во финален процес на менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Главните забелешки од страна на здруженијата и медиумската фела се однесуваат на предлозите на Владата за МРТ, Агенцијата за медиуми, како и обврските кон приватните радиодифузери. Европскиот експерт Питер Ванхојте за ПИНА вели дека засега делува дека предлог законот ќе резултира со порелаксирана медиумска...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...