fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

Медиумите тема на преговорите на работните групи од 2 септември

Реформите во медиумите од 2 септември ќе се најдат на преговарачка маса на работните групи составени од претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, пишува „Вест“, повикувајќи се на неофицијални информации од свои извори. Според информациите на „Вест“, во преговорите за реформи во медиумскиот простор ќе бидат вклучени и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), невладини организации, синдикални...

Шок-бомбите врз мигрантите ја ставија Македонија во фокусот на светските медиуми

Македонија и мигрантската криза се најде во фокусот на светските медиуми, кои јавуваат дека македонската полицијата употребила шок-бомби и солзавец врз мигрантите кои се наоѓаат во безграничната зона меѓу Македонија и Грција. „Вол стрит џурнал“, „Њујорк тајмс“, „Еуронуз“, „Дејли меил“, „Франс 24“ и „Би-Би-Си“ се само дел од медиумите кои ги пренесоа извештаите на „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“ и „Блумберг“. Во написите...

„Сител“ со најмногу, а „Телма“ со најмалку приходи за 10 години

Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, што ја објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, покажува дека телевизијата „Сител“, остварила најмногу приходи во последните 10 години, односно ги зголемила вкупните приходи за речиси пет пати, „Канал 5“ за речиси четири пати, а „Телма“ во 2014 година остварила исто толку приходи колку и...

ИРИ: Најмногу ѝ веруваме на телевизијата, помалку на порталите, најмалку на весниците

Според истражувањето на јавното мислење, кое Интернационалниот републикански институт (ИРИ) го спроведе од 6 до 15 јуни 2015 година во Македонија, 90 отсто од граѓаните за политички вести се информираат преку телевизија. Втор извор на информации е интернетот, а веб-порталите ги избрале 23 отсто од граѓаните. Печатените медиуми ги одбрале 13 отсто од граѓаните, а радиото како медиум го одбрале...

Конференција на телата за саморегулација во медиумите од ЈИЕ

Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Под покровителство и на иницијатива на Совет на Европа, на дводневната конференција во Будва, Црна Гора, беше официјализирано основањето на „Медиа нетикс“ - Мрежа на тела за саморегулација во медиумите во Југоисточка Европа. Оваа мрежа ќе служи како платформа за регионална соработка...

Саморегулација во медиумите за професионално известување

Граѓани и организации до Советот за етика во медиумите поднеле 38 жалби, поради непрофесионално известување во медиумите, беше истакнато на денешната дебата, која се одржа во Тетово под наслов „Совет за етика во медиумите - формириање и перспективи“. Најчесто граѓаните, но и организациите се жалеле на клевети и на навреди, говор на омраза, нарушување на угледот на поединци, но и...

Хан од балканските влади бара поголема слобода за медиумите

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во видеообраќање на регионалната конференција на БИРН во Сараево „Предизвици за медиумската слобода“, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост и бара итно внимание. Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот останува точка на особена загриженост за Европската комисија, особено прашањето на владиното мешање и закани против независноста на јавните...

Светските медиуми ја пренесоа веста за вонредните избори

„Немири во Македонија: ЕУ посредниците со план за предвремени избори“, „ЕУ посредниците договорија предвремени избори во непослушната Македонија“, „Предвремените избори во Македонија наводно се врзани со договор за транзициона влада“, „Македонија ќе одржи избори во април 2016“ се дел од насловите со кои светските медиуми јавуваат за вчерашниот договор за надминување на политичката криза во Македонија. Повеќето медиуми ги...

Агенција за разузнавање или за задоцнето предупредување?

Пoкажување мускули на медиумите и барање одговорност од нив за објавените или пренесени информации за случувањата во Куманово и за нивната увертира, нападот на караулата Гошинце и некаков обид за самооправдување (миење раце) од последователна одговорност во врска со овие настани, е сижето на коментарите на поранешни припадници на тајните служби за соопштението на Агенцијата за разузнавање. За поранешниот директор...

ЗНМ: Владата преку кампањи со јавни пари ги корумпира медиумите

Во електронските медиуми во периодот од октомври до декември 2014 година вложени се вкупно 5.306.107 евра, а во дневните и во неделните весници 657.759 евра, се вели во анализата за јавните пари во медиумскиот простор, направена од Здружението на новинари на Македонија Во анализата на ЗНМ се вели дека општинската власт најмногу средства има вложено во весниците „Нова Македонија“, „Лајм“...

Советот за етика во медиумите утре ќе одржи годишно собрание

Утре ќе се одржи редовното годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со почеток во 11 часот, во хотелот „Квинс“ во трговскиот центар „Зебра“ во Скопје. СЕММ е саморегулаторно тело за унапредување и за заштита на професионалните стандарди и на етиката во медиумите во Република Македонија, преку примена на морални санкции кон тие што не ги почитуваат...

Светските медиуми јавуваат за масовноста на митингот на „Граѓаните за Македонија“

„Македонија протестира: Антигруевски протести во Скопје“, „Проблематичната Македонија се подготвува за најголемите опозициски протести“, „Илјадници протестираат против контроверзната македонска влада“, „Повеќе од 20.000 лица бараат оставка од македонската влада“ се насловите на светските медиуми што денеска информираат за масовниот митинг на „Граѓаните за Македонија“. Британската национална телевизија „Би-Би-Си“ јавува дека лидерот на СДСМ очекува 100.000 лица да се појават на протестот,...

Провладините медиуми „предвидуваат“ украинско сценарио в недела

Подготовки за хаос на опозицијата по скопските улици или обид на власта преку медиумите блиски до неа да ги демотивира и исплаши граѓаните кои планираат да бидат дел од големиот протестен собир закажан за недела, 17 мај. Дел од порталите и од провладините медиуми веќе на големо и во зачестени интервали пишуваат и емитуваат прилози во кои повикувајќи се на...

Ненормални, рекетари, хохштаплери, идиоти: Кој си збори за себе си збори!

Од почетокот на објавувањето на „бомбите“ од опозицијата, во снимките од прислушуваните разговори јавноста слушна доста валкани епитети, пакосни атрубити, навреди и пцости што функционери на власта ги адресираат до своите политички опоненти, си ги делеа меѓусебе, но не ги поштедија ниту новинарите, кои покрај тоа што се (треба да бидат седма сила), секој месец издвојуваат дел од своите...

Светските медиуми за антивладините протести во Македонија

„Македонските демонстранти бараат оставка на Владата, судири со полицијата“, „Најмалку 19 повредени на антивладините протести во Македонија“, „ Полицијата се судри со македонски демонстранти за време на антивладината криза“ се само дел од насловите што осамнаа во странските медиуми, кои пренесуваат информации на „Асошиејтед прес“, АФП и на „Ројтерс“. Странските медиуми наведуваат дека 19 лица се повредени во насилните протестите...

Богата новинарска и уредничка жетва: Како паѓаше слободата?

За шест години, според индексот на слободата на медиумите, Македонија паднала за 49 места. Во 2010 година сме биле на 68. место, за денес, според „Репортери без граници“, да се најдеме на 117. место. Како што пишува во годишните извештаи, за лошата состојба во медиумите во Македонија придонесе затворањето на многу медиуми, користењето на рекламниот простор како алатка за „воспитување“ на медиумите,...

Трагедијата кај Велес ја врати Македонија во светските медиуми

Македонија неделава се најде во фокусот на светските медиуми поради три настани: инцидентот во Гошинце, погребниот венец испратен до новинарот Борјан Јовановски, како и синоќешното прегазување на 14 мигранти на пругата Велес - Скопје. Трите инцидента, кои се случија во период од три дена, се најдоа во познатите светски медиуми, вклучувајќи ги и „Еуроњуз“, „Еј-Би-Си њуз“, „Хафингтон пост“, „Индепендент“, „Гардијан“...

Советот на честа на ЗНМ ја осуди реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов

Советот на честа при Здружението на новинари изразува загриженост и го осудува непримерниот речник  во реакцијата на Кабинетот на Претседателот на РМ, по повод текстот „Иванов во изолација на Водно“. „Советот смета дека е неприфатливо оваа државна институција во реакцијата потпишана од генералниот секретар, Борис Јосифовски, да користи вокабулар од типот ’Вашите лични фрустрации, комплекси и недостаток на домашно воспитување...

Ердоган: Медиумите се соучесници во убиството на обвинителот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска остро ги критикуваше новинарите, обвинувувајќи ги медиумите дека се соучесници во убиството на обвинителот во Истанбул. Турската влада бурно реагираше на објавувањето на фотографиите, на кои обвинителот Мехмет Селим Кираз, кога левичарска група го држеше како заложно, е прикажан со пиштол вперен в глава. Владата привремено го блокираше пристапот до „Фејсбук“, „Твитер“ и до...

ЕУ ќе се бори против „руските дезинформации“

Дваесет и осумте земји-членки на ЕУ заеднички одлучија да ѝ се спротивстават на „руската дезинформација“, изјави на прес-конференција претседателот на европскиот совет, Доналд Туск. Сè уште не е познато во која форма тоа ќе се прави, иако најчесто спомнувана опција е отворање нов европски телевизиски канал на руски јазик, кој ќе се емитува во Русија и ќе ја кажува „фактичката...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...