fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

Имајќи го предвид фактот дека политичките партии во Северна Македонија за да добијат политички поени традиционално користат националистичка реторика, во секој предизборен период интензивно се зголемува говорот на омраза, главно на етничка основа. И годинава ништо не се смени од ваквата пракса, a омразата од социјалните мрежи премина и во медиумите. Во неофицијална форма, кампањата во земјава започна со...

Државата со закон ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и го испрати на усвојување до Собранието. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршката на националните весници. Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми, но, со предлог законот...

ЕУ: Нова директива за SLAPP тужбите, воведени две заштитни мерки

Пратениците на Европскиот парламент усвоија нова директива со која се заштитуваат новинарите, активистите и нивните организации од судски процеси насочени кон намалување на слободата на говорот, таканаречени SLAPP тужби, соопшти ЕУ Инфо центарот во Србија, пренесе Н1. Европскиот парламент, со 546 гласа „за“, 47 „против“ и 31 воздржан, усвои нова директива за да се осигура дека поединците и организациите кои...

Вебинар за вештачката интелигенција во медиумите – кои се добрите, а кои лошите страни?

Дали и како вештачката интелигенција може да се користи во медиумите? Колку новиот развој на алатките за вештачка интелигенција можат да ги загрозат авторските права и трудови на новинарите и на фоторепортерите? Кои се придобивките, а кои се можните штетни последици од вештачката интелигенција во медиумската сфера? Ова се само дел од прашањата кои ќе се отворат на вебинарот „Вештачка...

Ковачевски ја заборави сопствената улога во медиумскиот сектор – извинувањето е лицемерно

На Ковачевски и на СДСМ никој друг не им е виновен што не сторија ништо позначајно реформски во медиумскиот сектор, а што било нивна должност, вклучувајќи го и тешкото спроведување на обврската за финансирање на МРТ, што е клучна реформа и значително би ги сменило улогите на пазарот. Затоа, изјавите на Ковачевски со напади врз медиумите и врз јавниот...

АВМУ ги осуди навредите од Ковачевски за медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се огласи со остра осуда на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија. АВМУ алармира дека политичарите треба да покажуваат високо почитување за новинарската професија, наместо грубо да ги напаѓаат. „Политичарите треба...

Граѓаните можат да реагираат за однесувањето во онлајн просторот за време на изборите

Со распишувањето на парламентарните и претседателските избори, започна периодот на постапување на Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Координативното тело ќе постапува по претставки во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите,...

Српските таблоиди ја „паднаа“ Владата на експремиерот Ковачевски

Наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во   Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24...

ССНМ: МПЦ-ОА да не создава паралелен судски систем за новинарите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги толкува како непримерни, недостојни и опасни обидите на МПЦ-ОА да влијае на новинарските трудови и информирањето, и остро го осудува начинот на најбескрупулозна пресметка со главниот и одговорен уредник на порталот religija.mk, Марјан Николовски. ССНМ смета дека обвинувањата и „судската“ постапка во рамките на својата хиерархија во Светиот архијерејски синод во МПЦ-ОА...

Најголем број од новинарите и медиумските работници во земјава заработуваат потпросечни плати

Најголем број од новинарите и медиумските работници за својата работа примаат надомест под просечната плата во државата, покажа истражувањето кое е изработено од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот Ресис, а е поддржано од ЕУ, пишува Вистиномер.  Притоа, 55 отсто од новинарите земаат плата под просечната во државата, а 77 проценти од медиумските работници се под...

Порталите рекордери по бројот на поплаки до Советот за етика во медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ги презентираше годишниот извештај за 2023, во однос на бројот на жалби за неетичко известување во медиумите. Податоците што ги презентираше претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, покажуваат дека од вкупно примени 132 жалби, дури 110 се однесуваат на онлајн медиумите, за кои посочи дека се најбројни...

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на новинарката Душица Мрѓа

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа од телевизија 24 вести, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Судот, според соопштението, оценил дека таа...

„Златен медал“ од новинарите за Данела Арсовска за нетранспарентност

Колку Владата е подолго на власт толку понетранспарентни стануваат институциите, велат повеќе новинари со кои разговараше Мета.мк, а во однос на тоа колку се задоволни од транспарентноста на владините, јавните и државните институции, локалната самоуправа во годината што измина. Општ впечаток е дека по доаѓањето на Димитар Ковачевски на премиерското место, транспарентноста на Владата е намалена, односно често се...

Интервјуа, рубрики, емисии и колумни – растечко присуство на Кина во македонските медиуми

Телевизиски емисии, рубрики во весници посветени на Кина, колумни и интервјуа на кинескиот амбасадор во Северна Македонија, како и промоција и објава на медиумски содржини на водечките кинески медиуми кои се под директна контрола од Кинеската комунистичка партија. За разлика од намаленото влијание на Кина кај проевропското политичко раководство на земјава, податоците покажуваат дека изминатиов период расте влијанието на...

Опасното трио: Медиуми – вештачка интелигенција – дезинформации

Како што генеративните алатки за вештачка интелигенција (ВИ) стануваат сè пософистицирани, расте и стравот дека голем број професии можат да бидат загрозени, а се зачестуваат и дискусиите во однос на заштитата на релевантните информации, наспроти дезинформациите и манипулациите кои можат да бидат генерирани со вештачка интелигенција. Колку и дали медиумската работа е загрозена со развојот на ВИ и колкава е...

Промовирана база за медиумскa сопственост во Македонија

Единаесет телевизиски канали, пет радија, 13 онлајн медиуми и пет весници се дел од македонската база на податоци „Мониторинг на медиумско сопствеништво“ – МОМ што денеска ја промовира тимот на невладината организација Глобален медиумски регистар – ГМР  и Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН, пренесе Призма.  Македонската верзија на МОМ е дел од регионалниот проект во кој се вклучени и...

Репортери без граници: Годинава биле убиени 45 новинари додека ја вршеле својата работа

Во 2023 година, 45 новинари биле убиени додека ја вршеле својата работа, се вели во извештајот на „Репортери без граници“ (РСФ) објавен денеска. И покрај октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, Репортери без граници забележува најмалку смртни случаи од 2002 година. Во 2012 и 2013 година, повеќе од 140 новинари биле убиени, најмногу поради војната во Сирија и во Ирак. Постепениот...

Медиумите, сепак известиле за Пленумот на Левица

Тврдењето на професорката Ванковска дека медиумите се посрамиле и ниту еден не го ни нотирал одржувањето на Пленумот на парламентарната партија Левица, е невистина која лесно фактографски се утврдува. Од она што може да се утврди се гледа дека не е до Гугл, туку до начинот на пребарување на професорката. Конечно, можеби медиумите немале новинари кои ќе го следат...

Краткиот пат на една лажна вест – долг пат на еден општествен хаос

Publish („објави“) е копчето кое е најлесно да се притисне. Да се притисне е лесно, но дали се исто така лесни и последиците што тоа може да ги донесе? Доволни се пет зборови кои ќе ја привлечат публиката и текст од десетина реда кои ќе ја шокираат јавноста или ќе предизвикаат наплив од чувства, без разлика дали се позитивни...

(ИНТЕРВЈУ) Гојковиќ-Арбутина: Невладините во Р. Српска со закон ќе бидат означени како странски агенти

Повторно криминализирање на навредата и клеветата, обележување на сите невладини организации кои добиваат донации од странство (вклучително и организациите кои се бават со новинарство) како „агенти на странско влијание“ и изготвување на Регистер на медиуми каде што државата ќе одлучува кој може, а кој не може да се бави со новинарска дејност. Ова се само дел од законските решенија кои...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...