fbpx
Таг: медицински сестри

таг: медицински сестри

Лекарите на Клинички на протест побараа повисоки плати и решавање на хаосот со паркингот

„Егзодус на докторите и на медицинските сестри“, „Дали планирате уште некој генијален преглод закон со кој ќе ги намалите работничките права?“, се само дел од транспарентите со кои денеска, околу 200 доктори и медицински сестри од Клинички центар го искажаа својот револт пред зградата на Министерството за здравство, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот го организира Синдикатот...

Светски ден на здравјето: Пред 20 години имало 18.000 лекари, сега има околу 6.000

Пациентите сè уште немаат пристап до лековите од новата ажурирана позитивна листа, која се најавува веќе две години. Дијабетичарите велат дека ако антидијабетна терапија ги чинела 70 евра месечно, сега за неа мора да плаќаат 120 евра. Пациентките, пак, и натаму мака мачат да стасаат до термин за мамографија и ехо на дојка три месеци, бидејќи нема термини во...

Италија ќе издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ

Италијанската влада најави дека планира до крајот на 2025 година да издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ, известува Телеграф. Оваа иницијатива е критикувана како лицемерна во контекст на анти-миграциските политики на десничарска власт, предводена од премиерката Џорџа Мелони. Оваа година веќе се издадени преку 80.000 работни дозволи за странски работници, а во...

Порталб: Филипче за понеделник ја презакажа средбата со медицинскиот патронажен персонал

Средбата со медицинскиот патронажен персонал од земјава, министерот за здравство Венко Филипче ја одложи за понеделник, иако претходно најави дека истата ќе се реализира до вчера. Медицинските сестри од крајот на овој месец се во опасност да останат без работа, бидејќи две години работат под договор, пишува Порталб.мк. Порталб.мк разговараше со една од медицинските сестри, вработени преку овој проект, која...

Порталб: Од следниот месец, над 130 здравствени работнички во опасност да останат без работа

Патронажните медицински сестри во земјава се во опасност да ги загубат своите работни места. Тие две години работат со договор што истекува на крајот на месецот. За овој проблем, во вторникот до Министерството за здравство, тие доставија допис до министерот Венко Филипче, со кој бараат да им се издадат решенија за работа. Министерот најави дека до утре ќе се сретне...

Медицинските техничари и сестри трчаа во чест на колегите што ја загубија битката со пандемијата

Членовите на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ беа дел од Скопскиот маратон и трчаа во чест на нивните колеги и колешки кои борејќи се против пандемијата го загубија својот живот, но и за оние кои сѐ уште се таму, во првите борбени редови. Здружението „За нас“ порача дека медицинските сестри се секогаш во кондиција,...

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември оваа година сите медицински сестри и техничари кои што завршиле високо медицинско школо или специјализација со добиени 180 односно 240 кредитни поени, ќе добијат соодветен надоместок за своето образование. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче по денешниот работен состанок со директорите на ФЗО Стево Крстевски и Фатон Ахмети, Претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и...

Примарната здравствена заштита ќе се унапредува преку обуки за медициските сестри

Поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност, Министерството за здравство и Светската здравствена организација ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ), како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита, промовиран во земјата во почетокот на 2019 година, соопшти Министерството за здравство. „Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и...

Продолжени договорите на медицинските сестри од Здравствен дом – Скопје, понуда за вработување и за повеќе доктори

Веќе од утре ќе им бидат продолжени договорите на медицинските сестри, кои беа ангажирани на определено време во Здравствен дом - Скопје, а чии договори за работа истекле на 31 октомври, потврди за Мета д-р Виктор Исјановски, директорот на институцијата. Како што тој информира, станува збор за четириесетина медицински сестри чии договори истекле заклучно со крајот на минатиот месец, а...

Медицинските сестри од тимот за трансплантација на срце реагираат што се изоставени од наградата „13 Ноември“

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ апелира медицинските сестри да не бидат изоставени од здравствените тимови, особено од оние кои се наградувани, како во случајот со добитниците на наградата „13ти Ноември“ што ја доделува Град Скопје за успешно извршување на првата трансплатација на срце во нашата земја. „Ние сме горди...

Филипче се сретна со сестрите од Инфективна клиника кои поднесоа отказ, ќе се бара решение да се вратат на работа

Mинистерот за здравство Венко Филипче се сретна со Зорица Љубичиќ Митиќ, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа трите медицински сестри од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кои во текот на вчерашниот ден поднесоа откази до управата на Клиниката. „Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна...

Болничарите во борбата против коронавирусот: Многу пожртвуваност и посветеност

Густиот и интензивен распоред на работа, отежната физичка и емоционална кондиција и непосредно соочување со ризикот. Ова се само некои од жртвувањата кои моментално ги прават лекарите заедно со болничарите, за да ја надминат тешката ситуација во која се наоѓа здравството на Северна Македонија и во речиси целиот свет, која е последица на пандемијата на ширење на вирусот корона,...

Лекарите и медицинските сестри денеска протестираат поради насилството врз нив

Лекарите и здравствените работници денеска ќе протестираат во Скопје, поради неколкуте напади врз доктори и медицински сестри во изминатиот период. Протестот под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“ ќе се одржи пред Клинички центар пред ГОБ 8ми Септември, пред стара Градска болница, пред поликлиниките и Здравствени домови, како и пред ординации, во нивното време за пауза - од...

Медицинските сестри немаат сигурно работно место дури ни во Итна помош

Освен физички напади, персоналот на службата за Итна медицинска помош во Македонија се соочува и со уцени, со проблемот на недостиг на униформи и имаат низок бенефициран стаж. Сите овие случаи, според една медицинска сестра вработена во Здравствен дом - Скопје, чиј идентитет е познат на редакцијата на „Порталб“, се резултат на незадоволство на граѓаните спрема службата од една...

По лекарите, и медицинските сестри од Штип се селат во странство

Над десетина медицински сестри и техичари во Клиничката болница во Штип во моментов зеле оправдано неплатено отсуство во законскот рок до три месеци и работат некаде по здравствените институции на европските земји. Зачестен е трендот медицински персонал со средно образование со над дваесетгодишен работен стаж да поминува по неколку месеци во странство во неколку наврати, а потоа некои од нив...

Штипската Клиничка болница плати над 346.000 евра долг кон вработените

Со аванс од Фондот за здравствено осигурување, Клиничката болница од Штип им го плати долгот на болничарите, медицинските сестри и докторите, кои во периодот 2015-2017 година не добивале надоместок за дежурство. Над 80% од персоналот ангажиран во дежурствата имаше извршни решенија за наплата, со што на болницата и се закануваше блокада на сметката. Покрај основниот долг од 364.000 евра,...

Медицинските и стоматолошките сестри се преработени и добиваат минимален одмор

Медицинските сестри и другиот медицински персонал од тоа ниво во моментот се револтирани од односот на институциите во кои работат, оти  работат со само еден слободен ден во неделата, може да земат само минимален годишен одмор од 10 дена, а честопати се и повикувани да го прекинат и да се вратат на работа, велат од Здружение на медицинските сестри,...

Гинекологија има премалку кадар и лоши услови за ризичните новороденчиња

Покрив што протекува и влага сè до подрумот, валкана постелнина, недостиг од медицински кадар на сите нивоа, преголем број згрижени бебиња, зграда во која вентилацијата и системот за регулирање на температурата во просториите не функционираат или одвај функционираат уште од нејзиното пуштање во употреба, немање протечна вода, како и стари инкубатори и голема смртност од 127 новороденчиња од почетокот на 2017...

На првиот упис во средните училишта запишани 11.205 ученици

Во првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование за учебната 2017/2018 година, кое беше спроведено во изминатите два дена, односно 28 и 29 јуни, се пријавиле 17.179, а се запишале 11.205  ученици, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Од учениците кои се запишале, 8.590 се за настава на македонски наставен јазик; 2.440 ученици за настава на...

Законски измени за враќање на медицинските сестри во јавното здравство

Владата подготви измени на Законот за здравствена заштита со кои се овозможува медицинските сестри, техничари и радиолошки технолози со средно, вишо и со високо стручно образование ако сакаат, да можат да се вратат од приватното во јавното здравство, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров, додавајќи дека законските измени веќе се во собраниска процедура. Тодоров рече дека целта на законските измени...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...