fbpx
Таг: Медицински факултет

таг: Медицински факултет

Коалиција Маргини: Студентите и Деканатот на Медицински да се изјаснат дали стојат позади медицинските професионални стандарди

Загриженост и разочараност искажаа денеска Коалиција Маргини и „ТрансФормА“ од одлуката на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје во последен момент да ја откаже дискусијата наменета за студенти насловена „Патот на Транзицирањето“, која се однесуваше на аспектите на медицинските услуги и грижа во процесите на потврдување на родот на трансродовите и родово различните лица. Оваа одлука, велат од Коалицијата, беше...

Продолжен е рокот за запишување на семестар на Медицинскиот факултет во Скопје

По објавата на Мета.мк и заложбите на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Mедицинскиот факултет во Скопје го продолжи рокот за заверка на семестар без студентите да треба да плаќаат казна. Рокот за пријави на студентите требаше да истече денес, среде испитна сесија, а речиси 3.000 студенти имаа исти термини за носење документи, по што пред факултетот се создадоа огромни редици....

Студентите на Медицински факултет со часови чекаат ред за упис на семестар [галерија]

Редица студенти долга стотина метри речиси цел ден го „красеше“ Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, каде студентите со часови чекаа за да стигнат до службата за студентски прашања и да го упишат новиот семестар. Рокот за упис на летниот семестар за студентите од сите години и од цел факултет истекува утре. Вакви гужви се создале и вчера, а студентите...

Промовирана е-платформа за научни студии за рак

Министерството за здравтво за првпат воспоставува национална електронска платформа, на која ќе се објавуваат научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и црн дроб. Министерот за здравство Фатмир Меџити, кажа дека при креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и САД. „Во нив е прикажана...

Годинава стручен испит положиле 440 лекари

Во десет испитни сесии кои биле организирани во текот на годинава стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање лиценца за работа, соопшти Лекарската комора. Најголем интерес за полагање стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија, кога положиле 232 доктори на медицина. Инаку, докторите на медицина по завршување на Медицинскиот факултет и...

Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

Новите огласи, односно новиот конкурс за специјализации, бил темата на денешната средба на министерот за здравство Фатмир Меџити, со деканите на медицинските факултети: во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска; во Штип, проф. д-р Милка Здравковска; и претставник од Деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. Рокот за конкурирање за специјализации на овие факултети тече. Годинава првпат специјализации...

Мимоза Серафимовска: Не ги етикетирајте како болни младите на кои им е потребен психолог

Да се намали стигмата што постои околу темата за менталното здравје на младите и да се отворат младински центри во кои на младите би им помагале психолози. Ова би ја подобрило нивната благосостојба, како и развојот на нивниот личен, социјален и професионален живот, смета Мимоза Серафимовска, студентка на Медицинскиот факултет и истовремено претставник на студентите во Сенатот на Универзитетот...

Почина невропсихијатарот и светски признат епилептолог проф. д-р. Методи Чепреганов

По кратко боледување, денеска на 86-годишна возраст почина проф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, извести болницата „Неуромедика“, болницата каде што светски признатиот епилептолог работеше во последните децении. „Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност...

Младите најмногу сакаат да студираат за информатичари и лекари, најмалку за уметници [инфографик]

Бројот на лицата кои се запишуваат на факултетите и на високите стручни школи во државата се намалува, а младите најмногу сакаат да учат за електроничари, информатичари и математичари, најмалку за уметници. Тоа го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, факултетите за информатика, медицински и економски науки привлекуваат најголем број на студенти на првиот циклус на студии. Според...

Прослава за положен испит по анатомија ќе им донесе казни од по 2.000 евра на 28 студенти

zabava
Прославата за положениот испит по анатомија, дваесет и осуммина студенти од Медицинскиот факултет може да ги чини по 2.000 евра. Полицијата ги затекнала студентите во стан во Скопје во раните утрински часови додека тие славеле за поминувањето на еден од најтешките испити на нивните студии. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – непостапување...

Младите лекари и студенти предупредуваат: Нѐ демотивираат непотизмот и ниските плати

Лекарите бегаат од земјава не само поради ниските плати, туку и поради демотивирачките услови со кои се соочуваме уште во текот на студиите, велат студентите на Медицинскиот факултет, кои од денеска се дел од Неделата на студенти по медицина, што ја организира Клубот на млади лекари. - Проблемот е во тоа што не секогаш најдобриот студент ја добива највисоката оценка,...

Медицинските струки се виза за работа во странство за младите од Источниот регион

На последниот ден од уписите на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се повтори сликата од уписите во средните училишта. Пополнети се речиси сите места на факултетите со медицинските струки. Според последните бројки до 15 часот се пријавиле 389 завршени ученици. - Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за медицински науки, од студенти од...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...