fbpx
Таг: Маврово

таг: Маврово

Ќе се заштитуваат ендемски растенија и ќе се наплатува влез – националните паркови со проекти за буџетски пари

Сите четири национални паркови во земјава „Пелистер“, „Маврово“, „Галичица“ и „Шар Планина“, поднеле проекти до Министерството за животна средина кои треба да се финансираат од државниот буџет. Министерството годинава одлучи за првпат да додели државна помош на овие институции и со тоа директно да учествува во заштитата на природата. Предвидени се 20 милиони денари, а финансии ќе добие секој...

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста за ДУП-овите во Маврово

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово донесена на ден 26.02.2015 година и Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година. „Судот во оваа фаза...

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти, пак, кои се отпочнати и се во тек, се реализираа бавно и со доцнење од...

ЦУК: Забрана за товарни возила oд Дебар до Маврово, без струја се Врапчиште и Лазарополе

Патниот правец Прилеп - Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, a регионалниот пат Прилеп - Витолиште (Мариово), не е исчистен и е прооден само за теренски возила, информира Центарот за управување со кризи. Снегот кој паѓаше ноќеска на територија на државава, без електрична енергија ги остави селата Врапчиште, како и Лазарополе. ЕВН е на...

Владата даде рок од 3 месеци за да се најдат можни места за дислокација на кафеавите мечки

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки. Ова е дел од одлуката на вчерашната владина седница, а во врска со зголемениот број мечки во Маврово и Ростуше, за што подолг...

Анима Мунди: Институциите да најдат решение што нема да предвидува отстрелување на мечките во Маврово

Граѓанската организација за заштита на животните Анима Мунди денеска повика надлежните иснтитуции да најдат решение за зачестената појава на кафеава мечка во селата во Националниот парк Маврово, што нема да резултира со убивање на животните. Од таму посочуваат дека мечката е важен и витален дел од националните паркови т.н. инжињер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот и...

Да се исчисти ѓубрето во Маврово, за мечките да не се симнуваат во селата

Да се отстранат сите ѓубришта и диви депонии околу населените места и локалните патишта, навремено да се чисти сметот, да се затворат со метална ограда сите места за одлагање на комунален отпад и да се обезбеди контрола на сите објекти во кои се чува храна кои можат да бидат лесно достапни и се во близина на објекти за домување. Ова...

Поради голем број мечки, се бара прогласување на кризна состојба во Маврово

Советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница на која ќе се бара прогласување на кризна состојба на територијата на општината, поради сè почестата појава на кафеавата мечка во населените места. Ова е денешниот заклучок од денешната средба во Маврови Анови, направена по иницијатива на ЈУНП „Маврово", меѓу претставниците на месните заедници од Општина...

Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була

„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година. На скијачките центри во земјава снег немаше паднато до 9 јануари, додека почетокот на скијањето доцни со недели и се очекува да започне дури претстојниве денови, односно...

„Маврово“ и „Шара“ стануваат дел од најголемата заштитена зона во Европа

Националните паркови „Маврово“ и „Шар Планина“ ќе станат дел од најголемиот прекуграничен парк во Европа, заедно со Паркот на природата „Кораб-Коритник“ во Албанија и Националниот Парк „Шари“ на Косово. Министерот за животна средина Насер Нуредини, заедно со колегите од Албанија и Косово, Мирела Кумбаро и Либурн Алиу викендов, по повод Меѓународниот ден на планините, во Тирана го потпишаа договорот за...

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. На изборите...

Екологистите побараа од министерот Нуредини времено да го заштити Маврово додека не се усвои законот за репрогласување

Националниот парк „Маврово“ да добие привремена заштита, додека не се репрогласи како заштитено подрачје според новиот закон, побараа 28 граѓански здруженија. Барањето, кое е поддржано и од 21 пратеник од интерпартиската парламентарна „Зелена група“, денеска на средба со претставници на Националниот парк „Маврово“, Македонско еколошко друштво (МЕД), „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“, му беше предадено и на министерот Насер Нуредини....

Националниот парк „Маврово“ уште чека репрогласување, екологистите велат штетите се непоправливи

Репрогласувањето на националниот парк „Маврово“ ќе мора да почека нова Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје. Последната е направена во 2011 година, и според Министерството за животна средина, е стар документ што не содржи податоци за реалната состојба со природното наследство на националниот парк. Минатата година раководството на Националниот парк ја достави оваа Студија со предлог-зонирање, но Министерството одби...

ЕСМ и МЕПСО работат на далноводот за Маврово, електраните „Црн Дрим“ повторно поврзани

По големите дефекти и прекини на далноводите во западниот и југозападниот дел на земјава, АД ЕСМ соопшти дека интензивно се работело и се работи на доведување на состојбите во нормала. Електраните на на ХЕС „Црн Дрим“, по санирањето на далноводите по кои ја испорачуваа струјата, повтнорно се вклучени во електроенергетскиот систем. Поради снежните врнежи и наталожување воден и тежок снег...

Земјотрес почувствуван во Маврово и Гостивар

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 12 часот и 06 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда M L 2.3. „Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово,...

Пробиени лавините кај Бигорскиот манастир, сообраќајот е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир утрово е нормализиран, откако ноќеска се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница. Градоначалникот на Маврово Ростуше Медат Куртовски синоќа на својот фејсбук- профил објави дека едно лице е повредено во лавините што вечерtа паднаa во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир.

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер беше регистриран во реонот на Маврово

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистиран во 22.17 часот со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите...

Гостивар, Маврово и Попова Шапка стануваат ПИП Центри за туристички развој

Во Гостивар, Маврово и Попова Шапка ќе се стават во функција ПИП (паметни, инфо и промо) центри за туристички развој. За нивно опремување се вложени 6.437.054 денари (104.000 евра) во рамки на Полошкиот плански регион, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Тие треба да овозможат полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион,...

Земјотресот утринава најсилно почувствуван во Гостивар и Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, рано утринава во 04 часот и 54 минути, регистрирала земјотрес чиј што епицентар се наоѓа 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот бил со локална магнитуда од пет степени според Рихтер и најсилно бил почувствуван во Гостивар...

Димковски: Забраната за движење низ шумите е делумна, изземени се Водно, Гази Баба и НП Маврово, Пелистер и Галичица

Парк шумата Водно и шумата на Гази Баба се изземени од делумната забрана за движење низ шумите, која беше донесена минатата недела, бидејќи со нив не стопанисува ЈП Национални Шуми. Таму движењето е слободно имајќи ги секако предвид рестриктивните мерки на Владата против пандемијата, рече на денешната прес-конференција Трајан Димковски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, осврнувајќи се на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...