fbpx
Таг: Мавровка

таг: Мавровка

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот,...

Обвинителството поднесе обвинение за инвеститорот на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, во врска со дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“. „Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал...

Обвинителство поведе истрага за дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие...

Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ (галерија)

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што...

МВР поднесе кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка. „Од страна на СВР Скопје - Единица за економски и...

Ниту една компанија не е заинтересирана да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Уривањето на дивоградбата што започна да се гради пред трговскиот центар „Мавровка“ нема да се одвива едноставно и брзо како што се очекуваше, пишува „Порталб.мк“. На постапката за избор на економски оператор што ќе ја руши дивоградбата не се јави ниту една компанија. Поради ова, рушењето на објектот без одобрение за градење ќе биде одложено уште повеќе, бидејќи треба...

Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на инспекторите, констатирано е дека градежните активности се вршат незаконски, но сепак од Општина Чаир велат...

МВР: Полицајката сама се удрила од пајакот, Асани само вербално ја нападнал

Полицајката Јасмина Јаначковска која вчера имаше инцидент со функционерот на ДУИ и поранешен претседател на огранокот во Чаир, денеска била примена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, извести МВР. Притоа, според соопштението, таа пред министерот кажала дека не била удрена од Асани, кого долго време медиумите го посочуваат како учесник во некои физички инциденти, туку дека самата се удрил...

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе блокира улици и ќе протестира

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот повторно ќе протестира пред Основен суд Скопје 1, а од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Влае. „Република Македонија сега е единствена земја каде што се притвораат пратеници и невини граѓани во судски монтирани случаи....

Тепачка за паркинг-место пред „Мавровка“

На булеварот Филип Втори Македонски, вчера, во 15 часот, пред влезот на подземната паркинг-гаража во Трговскиот центар „Мавровка“, Е.Р. (27) од село Студеничани, го паркирал возилото марка „голф“ на тротоарот, по што настанала тепачка со С.Ш.(36) од Скопје, вработен во фирмата „Франк“, која стопанисува со подземната гаража. Во тепачката дошло до кршење на задното ветробранско стакло на автомобилот. Потоа Е.Р. со шипка го удрил С.Ш....

Четворица млади нападнати и избодени во трговскиот центар „Мавровка“

Четири лица од Арачиново и од Скопје, на возраст од 18 до 23 години, вчеравечер во трговскиот центар „Мавровка“ биле нападнати од три непознати лица, кои со остар предмет им нанеле убодни рани, соопштуваат од полицијата. Повредените биле пренесени во градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, каде кај едно од лицата, Б.М. (23), лекарите констатирале тешка телесна повреда, додека останатите...

Приведено 14-годишното момче што прободе девојка кај „Мавровка“

Четиринаесетгодишно момче е приведено под сомневање дека со нож нападна 16-годишна девојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Од МВР велат дека девојчето и 14-годишното момче прво почнале да се караат, по што тоа со нож ѝ нанел две убодни рани во пределот на левата натколеница. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градска општа болница.

Малолетна девојка прободена со нож кај „Мавровка“

Попладнево, пред трговскиот центар „Мавровка“, со нож е прободенa 14-годишнa девојка. Според неофицијални информации, девојката двапати била прободена во левата нога. Таа е префрлена на една од скопските клиники и е надвор од животна опасност. Од полицијата го потврдија случајот, но сè уште нема официјални информации за напаѓачот.

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување. Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија. На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од две непознати лица, при што едното...

Полицаец застрелан кај „Мавровка“

Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден. Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство. Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите. Полицијата најавува повеќе детали за денеска.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...