fbpx
Таг: матуранти

таг: матуранти

В петок Отворен ден на УКИМ за идните студенти

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје в петок, на 10 декември, организира Отворен ден за сите матуранти и идни студенти. Настанот ќе се одржи во периодот помеѓу 10 и 12 часот, како и од 12 до 14 часот, на секој од факултетите во рамки на универзитетот. На Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите...

Тројца матуранти создадоа паметна ракавица со која може да се комуницира со глувонеми лица

Никола Бансколиев, Владимир Вешоски и Владимир Донев се тројцата матуранти од електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ кои неодамна создадоа паметна ракавица, со помош на која може да комуницираат глувонеми лица на знаковен јазик. Идејата за ваков изум бил на нивната професорка Стефана Христовска, која предава стручни предмети во училиштето. „Таа рече дека има идеја која сака ученици да ја реализираат. Професорката...

„Шорткат“: Изум на тројца матуранти за комуникација со глувонеми лица

Овозможување на глувонемите лица полесно да комуницираат со лицата кои можат да слушаат и да зборуваат. Ова е изумот на тројца перспективни матуранти од училиштето „Михајло Пупин“, со можност за превод на знаковниот јазик во текст, преку посебен изум - дигитална ракавица. Тројцата ентузијасти - учениците Никола Бансколиев, Владимир Вешоски и Владимир Донев, во новата епизода на „Шорткат“ говорат за...

Повеќе од 3.000 матуранти фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

Оценувачите во текот на процесот на оценување по предметот англиски јазик од државната матура, утврдиле дека дури 3.100 ученици препишувале на испитот, потврдија за Мета.мк одговорните во Државниот испитен центар (ДИЦ). Директорката Благица Павловска вели дека утврдените недоследности (преписи) се откриени и санкционирани. „Тие 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници, утврдени се преписи на есеите. Препишаните есеи им се...

Надлежните признаа пропусти во полагањето англиски јазик од државната матура

Да се лоцира одговорноста за пропустот при полагањето на вториот екстерен испит од државната матура, побараа денеска надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), откако на полагањето на вториот испит во саботата, некои медиуми објавија дека е пробиен тестот. Надлежните во Државниот испитен центар (ДИЦ) демантираа и кажаа дека тестот не бил пробиен, туку дека прашањата биле споделени откако...

ДИЦ: Тестовите од државната матура не се пробиени, апелиравме да се почитуваат правилата

Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Нивната реакција следува откако повеќе медиуми денеска објавија оти наводно тестовите по англиски јазик од испитот на зрелоста биле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер. „Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата...

МОН: Ги разбираме колегите од ДИЦ, но инстистираме матурскиот испит да се одржи на 27 мај

Министерството за образование и наука (МОН) инсистира државната матура да се одржи во предвидените рокови, а за секој нов предлог да се консултираат и учениците. Ова е апелот од одговорните во МОН, по денешната прес-конференција на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), на која штрајкувачите кажаа дека штрајкот продолжува и дека продолжуваат да биде стопиран, меѓудругото, и процесот за...

Поради штрајкот во ДИЦ, полагањето на државната матура доведено под знак прашање

Продолжува штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), институцијата која е единствената одговорна за организација и реализација на државната матура. Ваквата одлука штрајкувачите ја донеле откако вчера имале неуспешни преговори во Владата со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и откако не постигнале договор за да добијат повисоки плати. Штрајкот трае веќе трета недела. „Вие медиумите, матурантите и дел...

Без положена матура, нема упис ниту на македонски ниту на странски универзитет

Државната матура е услов за упис на универзитет и во земјава, но и на странски универзитети. Тоа што процесот е во застој и организацијата на испитот на зрелоста е стопирана, ги загрижува матурантите кои планираат своето високо обазование да го продолжат надвор од земјата каде што уписите главно се организираат во јуни. Доколку нема државна матура, матурантите нема да...

Утре Отворен ден на УКИМ за идните студенти

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре, на 27 април, ќе одржи Отворен ден. Секој од факултетите ќе ги отвори вратите за идните студенти во два термина – во 10 и во 12 часот. Од УКИМ информираа дека на Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера, а матурантите ќе...

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв пат државна матура ќе се полага малку порано од вообичаено, на 27 мај, а прославите ќе започнат претходно, од средината на мај. „Ние ќе славиме во „Рагуза“, па ќе одиме на...

Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН

На својата вонредна седница одржана вчеравечер, Генералното собрание на Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука (МОН) околу државната матура, соопштија денеска од Сојузот, информирајќи дека успешно е постигнат договор за ова прашање. Според договореното, државната матура ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти...

Средношколците и МОН постигнаа компромис околу државната матура

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за Министерството за образование и наука (МОН), соопшти денес претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имаа со министерот Јетон Шаќири. Павиќевиќ кажа дека не е прифатено единствено барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај за 3 јуни, а од...

Матура да се полага на 3 јуни наместо на 27 мај, бара Средношколскиот сојуз

Полагањето на првиот екстерен испит да се одржи на 3 јуни наместо на 27 мај, бараат претставниците на Сојузот на средношколци. Оттаму сметаат дека оваа промена треба да се однесува само на првиот екстерен испит, односно сите останати испити да си останат во веќе предвидените датуми. Денеска се одржала седница на Генералното собрание на Сојузот, на кое биле усвоени...

Сојуз на средношколци: Не смее да се укинe еден интерен испит, тоа не е во интерес на матурантите

Ако се укине еден интерен испит од вкупно два кои се дел од државната матура,  можноста да се запишат матурантите на факултет ќе биде сериозно намалена и нарушена, предупредуваат во Сојузот на средношколци. Оттаму, во дописот до јавноста велат дека во таков случај факултетите нема да можат да ги бодираат кандидатите чии испити би содржеле само македонски јазик и литература,...

Павиќевиќ: Дојавите за бомби нарушија дури 10 наставни недели од првото полугодие

Вкупно 10 работни недели од првото полугодие биле нарушени поради лажните дојави за поставени бомби, а повеќето училишта не ги надоместија пропуштените часови и не го поминаа материјалот. Ова вчера го утврдиле делегатите на генералното собрание на Сојузот на средношколци. Како што вели претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, покрај лажните дојави и пропуштената настава, тие разговарале и за престојното...

Дојавите за бомби можно е да го скратат материјалот за учење, матура ќе се полага на 27 мај

Државниот испитен центар (ДИЦ) објави дека испитот на зрелоста годинава матурантите ќе го полагаат на 27 мај и на 10 јуни. Она што останува во моментов отворено како прашање, е дали надлежните ќе го скратат материјалот за учење поради часовите што учениците ги изгубија заради лажните дојави, но и заради продолжениот распуст. Иако министерот за образование и наука Јетон...

ДПИ одлучи дека УКИМ не смее да бара од идните студенти дополнителни изјави

УКИМ
На само неколку дена пред рокот за запишување на нови студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заинтересираните лица за студирање се на маки кои документи треба да ги соберат за да се пријават на студиските програми на факултетите. Изминативе денови студенти се жалеа дека факултетите на овој скопски универзитет им барале на идните студенти да потпишат...

Отворен ден на УКИМ на 19 август

УКИМ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира „Отворен ден на УКИМ“ на 19 август, петок, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера. На Отворениот ден, матурантите – идни студенти ќе можат физички да ги посетат сите факултети на овој универзитет, и тоа во периодот од 10 до 14 часот. Овој настан...

Матурските резултати по македонски јазик за прв пат подобри од оние по англиски

На последното полагање државна матура, учениците покажаа подобри резултати на тестот по македонски јазик, одошто на оној по англиски јазик, што не беше случај до минатата година, информира за Мета.мк директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска. До лани учениците секоја година подобри постигања покажуваа по англиски, одошто на испитот по македонски јазик. „Годинава просечната оценка по македонски јазик е...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...