fbpx
Таг: маскирани

таг: маскирани

Полицијата трага по две лица што „фрлале предмети“ кон затворот „Идризово“

Секторот на внатрешни работи Скопје трага по две лица кои вчеравечер, маскирани фрлале предмети кон женскиот оддел во затворот „Идризово“, соопшти МВР. Полицијата била повикана откако претходно интервенирале затворски чувари, кои истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, по што маскираните лица побегнале. Како што соопшти МВР, вчера околу 22.30 часот затворска службеничка го известила главниот командир на затворот дека пред...

Маскирани напаѓачи фрлија молотови коктели на турскиот конзулат во Солун

Рано утрово маскирани напаѓачи фрлија два молотови коктели на конзулатот на Турција во Солун. За среќа, нема повредени лица или сериозна материјална штета, известуваат турските медиуми. Во прашање биле неколкумина напаѓачи, кои околу 5.30 часот фрлиле две шишиња со запалива материја на полицајците што го обезбедувале конзулатот. Само еден молотов коктел се запалил, но нема повредени или штета. Досега биле извршени неколку...

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопско Дељадровце

Утрово, околу 3.50 часот, тројца маскирани и вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа на „Макептрол“, во скопското село Дељадровце, соопшти полицијата. Разбојниците, со закана кон еден од вработените, одзеле околу 9.000 денари и побегнале од местото. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Разбојници ограбиле вработени на бензинска во Скопје

Синоќа, околу 23 часот, двајца маскирани и вооружени разбојници ограбиле вработени на бензинската пумпа „Супер оил“ на улицата Александар Урдаревски во Скопје, информира полицијата. Како што информираат оттаму, разбојниците, заканувајќи се со огнено оружје од двајца вработени одзеле 6.000 денари и два мобилни телефони. Екипа на скопската полиција извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Маскирани лица отворија оган врз полицијата во Марсеј

Група маскирани лица вооружени со пушки клашников наводно отвориле оган врз полицијата во јужниот француски град Марсеј. Нападот се случува за време на посетата на премиерот Маниуел Валс на Марсеј. Елитните полициски сили веднаш се распоредени на местото на пукањето во медитеранскиот крајбрежен град. Весник „Фигаро“ наведува дека не станува збор за нов терористички напад, туку за пресметка со нарко мафијата. Француските...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...