fbpx
Таг: машиновозачи

таг: машиновозачи

Германија во хаос – по земјоделците, нов штрајк започнаа машиновозачите

Германија деновиве е погодена од серија на штрајкови, кои предизвикуваат големи проблеми во тамошното општество. По блокадите на земјоделците, во Германија денеска стапија на штрајк машиновозачите кои од почетокот на ноември се во спор со раководството на Дојче Бан околу висината на платите, јавува германската новинска агенција ДПА. Прекинот со работа започна во два часот наутро во среда во патничкиот...

Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи. Тој во изјава за Мета.мк...

По 12 дена штрајк, од утре нормализација на железничкиот сообраќај

Машиновозачите по 12 дена штрајк денеска се одлучија да го прекинат штрајкот, откако им бил исплатен вториот дел од платата за февруари и патните трошоци за март. Од попладнево ќе се нормализира товарниот железнички сообраќај, додека од утре во 6 часот ќе почнат да сообраќаат и патничките возови. Машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт стапи во штрајк на 31 март...

Возовите кон Куманово и Табановце повторно не сообраќаат, нема доволно машиновозачи

Патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаат од 4 јануари годинава, а граѓаните од кумановските села реагираат дека им е укинат најевтиниот превоз кон Куманово и Скопје. Според возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, дневно меѓу Скопје и Табановце сообраќаат по четири пара возови, со поаѓања од главниот град во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот и поаѓања од...

Железничкиот превоз во прекин, штрајкуваат машиновозачите поради неисплатена плата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово се во прекин. Штрајкуваат машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт поради неисплатен втор дел од нивната плата за септември. Патничките и товарните возови нема целосно да сообраќаат до добивањето на платата, информираат синдикалните претставници во железничкото претпријатие. Инаку, Железници на РСМ-Транспорт е претпријатие во сопственост на државата кое има најголеми долгови во...

Железничкиот сообраќај е ставен во функција, заврши штрајкот на машиновозачите

Машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со раководството на железничкото транспортно претпријатие. Вториот дел од платата за јуни веќе им е исплатен, а до 15 август го очекуваат и првиот дел од платата за јули. Договорено е вториот дел од платата за претходниот месец да го добијат до 25 август, а доколку ова не...

Машиновозачите бараат плати, железничкиот сообраќај во земјава е во прекин

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во прекин од вчера во 16 часот, поради бојкотот на машиновозачите. Работничкиот персонал на Железници на РСМ-Транспорт кој ги управува возовите во земјава си го бара вториот дел од платата за јуни. Машиновозачите најавија дека до управниот одбор на железничкото претпријатие и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис...

Продолжи штрајкот на железничарите, возовите мируваат

Товарниот и патничкиот железнички сообраќај во земјава се во прекин поради штрајкот на машинскиот персонал на „Македонски железници - Транспорт“ што почна вчера. Денеска е пропуштен единствено експресниот воз  Белград - Скопје - Солун. Штрајкот ќе трае до исполнувањето на барањето за зголемување на коефициентот за работните места, исплата на вториот дел од платата за април, како и за гаранција...

Сугарески ќе бара решение за проблемите во железничкиот сообраќај

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници на Синдикатот на машинскиот персонал при „МЖ Транспорт“, како и со генералниот директор на компанијата, при што разговарале за прекинот со работа на дел од вработените. На средбата се разговарало за доцнењето на платите, како и за другите барања на синдикатот. „Министерот Сугарески изрази огромно разбирање за настанатите ситуации во...

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“. Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила. Според процените, и во текот...

Возовите не сообраќаат поради штрајк на машиновозачите, се превезуваат само мигранти

Од вчера напладне, откако машиновозачите ги бојкотираат работните задачи, незадоволни од доцнењето во исплатата на платите, патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија и понатаму е во прекин. Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во „МЖ Транспорт“, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти. Според Независниот синдикат...

Машиновозачите го прекинаа бојкотот

Членовите на Независниот синдикат на машинскиот персонал утринава одлучија да го прекинат еднонеделниот бојкот, иако раковдоството на „Македонски железници - Транспорт“ не ги исполни барањата на машиновозачите, пренесува телевизија „Телма“. Дел од машиновозачите биле против прекин на бојкотот, но мнозинството гласало за спротивното. Главна причина за ваквиот епилог се решенијата за суспензија и за намалување на платата за 50 отсто, кои...

Прекинат штрајкот на железничкиот сообраќај

Синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот на патничкиот и на товарниот железнички превоз по средбата со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Возовите ќе сообраќаат според утврдениот возен ред. В понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, а колективен договор ќе биде потпишан во рок од две недели до еден месец. Независниот синдикат ќе преговара и...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...