!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Домашниот бруто-производ лани се зголемил за 2,9 проценти во однос на 2015 година


Скопје, 29 септември, 2017 - 14:25 (META) 

Домашниот бруто-производ (БДП) во 2016 година изнесувал 598.881.000 денари и стапката на пораст изнесувала 2,9 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика.

Финалната потрошувачка во 2016 година во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 проценти.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62,7 проценти, машините и опремата со 30,1 отсто, а другите инвестиции со 7,2 проценти.


Ангелоски: На компаниите им требаат современи машини за да бидат конкурентни


Скопје, 12 април, 2017 - 15:26 (META) 

На компаниите им треба полесен пристап до финансиски средства за да ги обноват своите машини со современа и висока технолошка вредност, заради добивање краен производ со поголема додадена вредност, изјави Богослав Ангелоски од Сојузот на стопански комори.

„За поголем развој на индустриското производството и за финализирање производи со поголема додадена вредност, потребен е економски план за развој, а врз таа основа да се изработи стратегија за извоз на македонски производи на странските пазари во контекст на принципите на ЦЕФТА и Светската трговска организација“, изјави Ангелоски.

Според него, важно е македонските компании да ги следат сите релевантни европски и светски трендови во областа на индустријата, како иновациите, новите технологии и новите компании кои се присутни на пазарите.

„Крајната цел е македонските компании да станат дел од интегрираниот глобален светски пазар. За компаниите, покрај искусен кадар, потребен е и свеж кадар, кој ќе придонесува за развој на новите технологии“, изјави Ангелоски.

Според него, доколку сакаме да се приклучиме на земијите со висок технички и технолошки развој, потребно е минималниот пораст да изнесува од седум до девет проценти на годишно ниво и таквиот тренд да се одржува во континуитет од пет до 10 години.


Десет лица загинаа во пожар во хотел на југоистокот на Кина


Нанчанг, 25 февруари, 2017 - 12:33 (META) 

Голем пожар зафати хотел кој се наоѓа во градот Нанчанг, во југоисточниот дел на Кина, и притоа загинаа 10 лица, јавуваат кинеските медиуми. Едно лице било повредено откако скокнало од прозорец од втори кат.

Спасувачката акција завршила, а пожарот најверојатно го причиниле машините за сечење градежен материјал.

Истрагата е во тек, а притворени биле седум лица.

 


Саемот за мебел ќе се одржи од 22 до 27 март


Скопје, 16 март, 2016 - 14:14 (META) 

Меѓународниот саем за мебел ќе се одржи од 22 до 27 март на Скопски саем. На саемот ќе учествуваат 400 странски и домашни изложувачи, кои ќе понудат 10.000 производи што ќе бидат изложени во 11 саемски хали.

– На саемот ќе може да се најде опрема за домаќинства и за јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата за мебел – информираше оперативниот директор на Скопски саем, Магдалена Хамбова.

Саемот за мебел се очекува да го посетат 50.000 посетители.


Германски подарок за Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје


Скопје, 3 ноември, 2014 - 12:13 (META) 

Германската фирма „Киблер“ и Германското сојузно министерство за економска и развојна соработка од Бон, на Одделот за конфекциска техника на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе му подарат единаесет индустриски машини за шиење и додатен прибор.

Донацијата е во вредност од 7.500 евра, а ќе биде предадена в среда, во присуство на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Фирмата „Киблер“ и претходно има донирано материјали за шиење во вредност од 5.000 евра.

Соработката се остваруваше во рамки на двегодишниот проект за јавно-приватно партнерство меѓу фирмите „Босут“ од Куманово и „Киблер“ и Сојузното министерство за економска соработка, со цел квалификување и воведување нови производствени методи за зголемување на конкурентноста на македонската конфекциска индустрија.