fbpx
Таг: МартинНешковски

таг: МартинНешковски

Штипското обвинителство отвори предистрага за бегството на Игор Спасов од затвор

Основното јавно обвинителство од Штип по допрен глас ќе испитува како се случи специјалецот Игор Спасов да избега и да биде недостапен на органите на прогон, вклучувајќи го ѝ затворот „Идризово“, каде што издржува 14 - годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје. - Предметот е во фаза на предистрага, оформен по допрен глас и...

Протест пред Влада поради молкот за смртта на Мартин Нешковски

Мал број активисти половина час вечерва ја блокираа улицата пред објектот на Владата, на протест организиран на иницијатива на братот на починатиот Мартин Нешкоски, објави „Нова ТВ“. Велат дека причините за протест се многу, но појдовна точка е расветлување на смртта на младиот Мартин Нешковски, враќање на институциите на државата и оставка од целокупната Влада. - Денешниот протест е поради четири...

Повеќе од 1.500 граѓани на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“

Извикувајќи „Убијци, убијци“, „Крвници, крвници“, „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, повеќе од 1.500 граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“. На протестот, организиран од опозициската партија СДСМ, се приклучи и коалицијата „Граѓани за Македонија“, а во првите редови се мајката и братот на Мартин Нешковски, кој пред четири години...

„Граѓаните за Македонија“ ќе се приклучат на протестот „Правда за Мартин“

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ го поддржува и ќе се приклучи на протестот „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, затоа што, како што стои во соопштението од коалицијата, и „по четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорноста за неговата смрт“. „Протестираме бидејќи од...

Меѓу приведените за протестите има и студенти од Прилеп

Неколку прилепчани се помеѓу приведените деветмина студенти на кои вчера им беше изречена мерка притвор, за протестите што се одржаа минатата недела во Скопје. Уапсените девет студенти се товарат за учество во толпа и за спречување полициски службеник во работата. Студентите, меѓу кои има и студенти од Прилеп, вчера биле изнесени пред истражен судија и издадена им била мерка притвор. Хелсиншкиот комитет упатува апел...

Стотина граѓани протестираат против полициската бруталност пред Владата и Мисијата на ЕУ

Стотина граѓани се собраа на протест против полициската бруталност пред Владата. Полицискиот кордон, составен од обични полицајци, а не специјалци, не ги пушта да поминат кон зградата на Владата. Насобраните велат дека се таму за да го изразат револтот од неразјаснетото убиство на Мартин Нешковски. Од Владата тие се упатија кон Мисијата на Европската унија. Претхотдно со едноминутно молчење им одадоа почит на,...

Протестите почнаа, полицијата и денеска го блокираше приодот до Владата

Неколку стотини граѓани и денеска, четврти пат, се собраа пред Владата на Република Македонија да го искажат својот револт од полициската бруталност и од криењето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата повторно го попречи патот до Владата и ја блокираше крстосницата помеѓу булеварите Климент Охридски и Илинден.. Протестите засега се мирни, со скандирања „Убијци“, „Доста беше молк“...

Демонстрантите од Обвинителството се префрлија пред Собранието

Над илјада демонстранти се собраа пред Собранието на Република Македонија, откако не успеаја да дојдат до Јавното обвинителство. Демонстрациите се одвиваат мирно, само со скандирање и засега не се регистрирани провокатори во групата. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Демонстрантите протестираат мирно и скандираат „Доле влада“, „Слобода“ и слично. Протестот започна пред Владата на Владата на Република Македонија, но поради полициските блокади...

Полицијата не дозволи демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство

Неколку стотини граѓани и денеска се собраа пред Владата на Република Македонија за да протестираат против прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата, како и вчера, го блокираше приодот кон Владата и не им дозволува на демонстрантите да пристапат до неа. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Еден од демонстрантите прочита писмо пред полицијата со кое ги повика да ги симнат панцирите и оружјето и...

По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка со надлежниот јавен обвинител. - Од...

Урко: Lupus in Magnus est

Во неколку разговори што ги објави опозицијата, граѓаните имаа можност да го слушнат името на Дејан Митревски-Урко, поранешната верна сенка на премиерот Никола Груевски. Од прислушуваните разговори, се добива впечаток дека Митревски уште вечерта знаел и два дена го криел убиството на младиот Мартин Нешковски на прославата по победата на ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори во 2011 година, кое го изврши...

Протестот пред Собранието заврши мирно

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно. На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата. Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата и разговараат. Дел од присутните го собираа...

Кривични пријави против четворица учесници во вчерашните протести

Полицијата подготвила кривични пријави против четворица скопјани, на возраст од 26 до 40 години, во врска со вчерашните протести за Мартин Нешковски што се одржаа пред зградата на Владата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Четворицата се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службени дејства“, стои во соопштение на МВР. Станува збор за...

И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

По вчерашниот протест пред Владата, во кој имаше повредено и демонстранти и полицајци, денеска двете страни засилено се подготвуваат за вториот протест, кој треба да почне во 18 часот. На социјалната мрежа „Фејсбук“, демонстратите даваат насоки како граѓаните да се однесуваат при насилни протести, а полицијата се мобилизира. Кордони и полициски возила можат да се видат на речиси секоја уличка во...

Груевски за протестите: Полицијата реагираше професионално

„Целата теза на Заев со која сака да распламти незадоволство меѓу граѓаните е дека властите, МВР, јас лично и другите, сме сакале да го скриеме убиството, сме сакале да не се дознае за убиството, затоа што станува збор за човек кој убил, а бил припадник на МВР. Веднаш штом МВР открило за што станува збор, лицето е приведено, дало...

Хелсиншки комитет: Врз граѓаните беше употребена прекумерна сила

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за употреба на несразмерна и прекумерна сила на вчерашниот протест пред Владата. Од комитетот велат дека полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на тие граѓани што беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани. - При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и...

На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се идентификувани 12 лица и...

Денеска протести за Мартин Нешковски во повеќе градови

За денеска во 18 часот, во повеќе градови низ Македонија се најавени протести со барање одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Во групата на „Феjсбук“ насловена „Стоп за полициска бруталност“ пишува: „Денот беше долг, исполнет со гнев и со правда. Полицијата тепаше, бркаше и го апсеше својот народ, испрати водени топови и пендреци. Денеска дознавме дека сите овие години...

Заев: Полицаецу со тебе се гордее цела Македонија

„Драг полицаецу, во оваа наша земја, огромен е бројот на луѓето во кои живее по еден човек. Само малкумина од врхушката на власта го имаат убиено човекот во себе. Ти си тој од кој денеска излезе на виделина најголемиот човек со големо „Ч“, човек со големо срце и душа, чесен човек со сите човечки особености и доблести. Ти што...

Полицијата ги лови демонстрантите и „парадира“ по Партизанска

Полицијата ги растури демонстрантите пред Владата, кои претходно тргнаа кон булеварот Партизански одреди, каде во моментов се движат само полицајците, а граѓани од страна подбивно ракоплескаат и им довикуваат „Убијци“ и „Срамота“. Групата демонстранти која се движеше по булеварот и по помалите улички, сега се растури, а полицијата ги повлече водените топови, но затоа донесе полициски кучиња. Претходно на насилството на полицијата, демонстрантите...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...