fbpx
Таг: Мартин Протоѓер

таг: Мартин Протоѓер

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се дел од поранешното раководство...

Протоѓер, Јанкулоска и Чинговски сведочеа за случајот „Плацови на Водно“

Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Влатко Чинговски денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје како сведоци на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“. Тие одговараа на прашањата за финансирањето на партијата, од чии донации според тезата на обвинителката Лиле Стефанова, поранешниот премиер Никола Груевски купувал атрактивни плацови. Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер потврди дека Груевски...

Судењето за „Титаник“ се одложи за 24 септември поради болест на Протоѓер

Поради болест на обвинетиот Мартин Протоѓер судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 24 септември. Адвокатот на Протоѓер, Дончо Наков, на судот достави лекарска документација и објасни дека обвинетиот ноќеска во два часот бил однесен на ургентен центар. Обвинителката Лиле Стефановска, рече дека со лекарската потврда се докажува спреченоста на обвинетиот да присуствува на рочиштето, но таа...

Протоѓер во „Титаник“: Ноќта на петти на „А1“ ќе им се мочам у уста

По паузата во Кривичниот суд продолжи објавувањето на прислушуваните разговори во предметот „Титаник“. До сега објавени се 219 од вкупно 1.063 „бомби“. Во разговор од 31 мај 2011 година меѓу ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, таа му раскажува дека тогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Поп Арсов не бил популарен...

СЈО побара да се конфискува имот на Груевски, Протоѓер и Димовски, вреден 2,26 милиони евра

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска побара на дел од обвинетите во процесот „Титаник“, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски, да им биде конфискуван имот. Обвинителката Лиле Стефанова, во воведниот говор покрај осудителна пресуда, побара за надоместување на незаконски обезбедените средства за финансирање на изборната кампања во 2011 година конфискација на имот на Никола Груевски и Мартин Протoѓер во вредност...

Владата бара МВР да спроведе истрага за тендери и за хонорари на претходната власт

Владата побарала истрага од Министерството за внатрешни работи во врска со три случаи за сомнителни резервации на авиобилети од страна на претходната влада, за сомнителни набавки во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) од страна на фирмата „Атриум“ од Вевчани и за консултантски договори кои, како што соопшти владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција,...

СЈО бара на Груевски, Протоѓер и на Димовски да им се конфискува имот од 2,2 милиони евра

Специјалното јавно обвинителство во обвинението за случајот „Титаник“ бара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, на поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски и на обвинетиот Леко Ристовски солидарно да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиони евра. Оваа сума, според СЈО, одговара на незаконски обезбедените...

Апелација одлучува по жалбите во случајот „Титаник“ – СЈО бара притвори

Апелацискиот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности. Меѓу обвинетите во случајот „Титаник“ се и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот...

СЈО бара притвори – Јанкулоска, Протогер, Јанакиески и Божиновски ветуваат дека нема да бегаат

Специјалното јавно обвинителство денеска на јавни седници, кои се одржаа едни по други во Апелацискиот суд, уште еднаш побара да им биде одреден притвор на поранешните министри за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на поранешниот шеф на кабинет на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протогер, и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски...

СЈО поднесе жалби за одбиените притвори на Груевски, Јанакиески, Протогер и на Јанкулоска

Специјалното јавно обвинителство денеска до Апелацискиот суд Скопје доставило уште пет жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени барањата да им биде одреден притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и...

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот генерален секретар на Владата,...

Котевски дојде на распит во СЈО

Точно напладне во Специјалното јавно обвинителство продолжи распитот на осомничените во случајот „Талир“, а прв во просториите на обвинителството дојде директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Пред да влезе во СЈО, Котевски не даде изјава за медиумите. Во текот на денот, во обвинителството треба да се појават Илија Димовски, Кирил Божиновски, Мартин Протогер, Александар Бичиклиски, додека лидерот...

Кукли со ликовите на аболираните ставени во импровизиран затвор

Kукли на дување со ликовите на аболираните поранешни министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и на Мартин Протоѓер шефот на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски беа ставени во импровизиран затвор и донесени на почетокот на денешниот протест на „Шарената револуција“. https://twitter.com/meta_agency/status/734794346965372932 Демонстрантите со транспарент порачаа „Не за криминалот, не за аболиција“. Транспарентот беше напишан и на влашки јазик по повод Денот на...

Ни Протоѓер не сведочеше пред Анкетната комисија

Ниту Мартин Протоѓер, советник на премиерот Никола Груевски, денеска не се појави како сведок во собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушување. По мало препирање на членовите на комисијата околу деловникот и што да се стави како точка на дневен ред, членовите се договорија да се утврдат работните групи од претставници на анкетната комисија, кои ќе одат во институциите за да...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...