fbpx
Таг: марјанчо николов

таг: марјанчо николов

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2017 година продолжува и денеска

За предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра, и денеска ќе се расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Седницата е почната на 28 септември и денеска е нејзино осмо продолжение. Поради собраниската расправа за буџетот, Собранието, како што пишуваше „Мета“, за изборите на 11 декември, нема да се распушти на 12 октомври туку на некој друг датум. Документот...

Продолжува расправата за предлог-буџетот за 2017 година во матичната собраниска комисија

На Комисијата за финансирање и буџет денеска е второто читање за предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена. Со овој предлог-буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто...

Николов: Со овој неразвоен буџет се проектира нов дефицит и долгови од 305 милиони евра

„Владата ги игнорира укажувањата на Светска банка дека мора да почне да ја намалува задолженоста и да почне фискална консолидација, бидејќи јавниот долг ќе достигне повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ. И во 2017 година Владата со овој неразвоен буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра“, истакна претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет,...

Николов: Да се откажевте од 1,2 отсто од расходите, ќе обезбедевте 36,4 милиони евра

Опозицијата има различно видување од власта за тоа од каде треба да се обезбедат 36,4 милиони евра, кои треба да послужат за обесштетување на граѓаните од поплавените подрачја, изјави претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ, на денешната расправа за ребалансот на буџетот. - За да се обезбедат овие 36 милиони евра без да се...

СДСМ бара да се повлече ребалансот на буџетот додека не се расчисти случајот со обврзницата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара ребалансот на буџетот да биде повлечен од дневен ред на Собранието сè додека не се расчисти законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ во Собранието, Марјанчо Николов. Николов вели дека по вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери, дека Министерството за финансии не побарало правно...

Собранието не го усвои предлогот за измени на Законот за буџетите

Во рамките на продолжението на 85. седница, Собранието не го усвои предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџетите, во прво читање, предложен од опозицијата. Образложувајќи го предлогот, Марјанчо Николов од СДСМ истакна дека се бара наместо Владата, Собранието да ја носи фискалната стратегија. - Ова Собрание треба да ја зајакне фискалната контрола на Владата, а потоа и на...

Николов: Со буџетот за 2016 година, секој од нас е задолжен за 150 евра

Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ, на собраниската расправа за предлог-буџетот, истакна дека опозицијата нема да го поддржи буџетот за 2016 година бидејќи е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен. За историски највисокиот буџет од 3,2 милијарди евра, Николов додаде дека е нетранспарентен и не се знае каде Владата ќе ги потроши парите. - Овој буџет е наменет за тажна сегашност и...

Николов: Буџетот е нереален, неразвоен и недомаќински

Пратеникот на опозицијата Марјанчо Николов, на комисиската расправа за финансирање и буџет, на расправата за предлог-буџетот за 2016 година, истакна дека опозицијата нема да даде поддршка за ваков буџет, бидејќи е неразвоен, нереален, недомаќински и ја става раката длабоко во џебот на граѓаните и во џебот на компаниите, за потоа да ги троши парите непродуктивно. Според него, Владата нереално го испланирала процентот...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...