fbpx
Таг: Марин Ле Пен

таг: Марин Ле Пен

Ле Пен го откажа состанокот со либанскиот муфтија, не сакала да ја покрие главата

Претседателката на Националниот фронт и кандидатка на екстремната десница за претседателските избори во Франција, Марин ле Пен, го откажа состанокот со големиот либански муфтија Абдул Латиф Дериан. Ле Пен го откажала состанокот затоа што го одбила барањето да ја покрие главата. - Можете да му го пренесете моето почитување на големиот муфтија, но јас нема да се покријам – изјави Ле...

Полиција во седиштето на партијата на Марин ле Пен

Француската полиција врши истрага во седиштето на Националниот фронт во Париз за наводни злоупотреби на фондовите на Европската Унија, пишува „Гардијан“. Од Европскиот парламент наведуваат дека врвот на партијата во периодот од 2011 до 2012 година партиските функционери ги плаќал од фондовите на ЕУ. „Гардијан“ истакнува дека правилата на ЕУ наложуваат нивните фондови да се користат само за асистентите на европарламентарците. Ле Пен ги...

Макрон ќе ја победи Ле Пен во вториот круг, покажуваат анкетите

Независниот кандидат на изборите за претседател на Франција, Емануел Макрон, во вториот круг убедливо би ја победил Марин ле Пен, покажуваат најновите истражувања на јавното мислење. Анкетата, која ја спроведе францускиот институт за истражување на јавното мислење „Опинионвеј“, покажува дека Макрон и Ле Пен ќе се квалификуваат за вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај. Марон би имал предност...

Ле Пен: 2017 ќе биде година на националистичките партии

Претседателката на крајно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен, денеска на собирот на претставниците на десно-популистичките партии во Европскиот парламент, кој се одржува во германскиот град Кобленц, изјави дека 2017 ќе биде година на националистичките партии, пренесува ХРТ. „Минатата година англосаксонскиот свет со Брексит и со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја почна борбата за...

Според професорот што ги предвиде Брексит и победата на Трамп, ЕУ ќе се распадне годинава

Професорот по политичка економија на Универзитетот „Браун“, Марк Блајт, во интервју за „Би-би-си“ изјави дека Европска Унија ќе се распадне до крајот на годинава. Професорот Блајт, кој ги предвиде Брексит, победата на Доналд Трамп и резултатот од италијанскиот референдум, сега тврди дека ЕУ ќе се распадне дури, можеби, и пред Велика Британија да ја почне расправата за членот 50 од...

Ле Пен: Франција треба да излезе од ЕУ и од НАТО

Франција треба да излезе од Европската Унија и од НАТО, изјави претседателката на француската партија Национален фронт, Марин ле Пен. - НАТО е создадена кога постоеја закани од Варшавскиот пакт и експанзија на комунистичкиот Советски сојуз. СССР веќе не постои, како што нема ни Варшавски пакт. Вашингтон го поддржува постоењето на НАТО за постигнување свои цели во Европа – истакна Ле...

Ле Пен повика на укинување на бесплатното образование за децата на странците во Франција

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, денеска соопшти дека се залага за укинување на бесплатното образование за децата на странците. „Сметам дека треба да се изрази националната солидарност кон Французите. Немам ништо против странците. Сепак, им порачувам - ако доаѓате во нашата земја, немојте да очекувате некој да се грижи за вас и вашите деца...

Трамп го направи невозможното, Ле Пен може да победи во Франција, смета Валс

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека лидерката на Национален фронт, Марин ле Пен, има шанси да победи на претседателските избори во Франција, закажани за следната година. - Можно е. Тоа значи дека целосно се сменила политичката рамнотежа– рече Валс, одговарајќи на прашање на економската конференција во Берлин, предупредувајќи на „опасноста која ја претставува екстремната десница“. Ле Пен неодамна изјави дека изборот на...

Француската десничарка Марин ле Пен вмешана во аферата „Панама пејперс“

Соработниците на лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин ле Пен, воспоставиле офшшор-систем на релација Хонг Конг - Сингапур - Девствени Острови - Панама, тврди францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на новооткриените документи за глобалните финансиски малверзации, т.н. „Панама пејперс“. „Монд“ наведува дека системот што го организирале најблиските соработници на Ла Пен бил користен за парите да се извлекуваат...

Ле Пен ослободена од обвиненијата за поттикнување омраза

Судот во Лион денеска ја ослободи лидерката на француската партија Национален фронт, Марин ле Пен, од обвиненијата за поттикнување омраза за време на предизборната кампања во декември 2010 година. Ле Пен тогаш ги спореди муслиманите кои се молат на улиците со нацистичката окупација на Франција во Втората светска војна. Лидерката во октомври пред судот изјави дека не го прекршила законот. Обвинението е...

Голем пораз на Ле Пен на изборите во Франција

Француската екстремна десница не успеа да победи во ниту еден регион во вториот круг од неизвесните локални избори, откако во првиот круг, пред една седмица, оствари историски успех, покажаа анкетите. Избирачите им се вратиле на традиционалните партии за да го спречат доаѓањето на Националниот фронт (ФН) на Марин ле Пен на власт, јавуваат локалните медиуми. Според првите процени, резултатите претставуваат пораз за трите...

Партијата на Ле Пен води на изборите во Франција

Националниот фронт, француската екстремна десница на политичарката Марин ле Пен, води во првиот круг од локалните избори, покажаа излезните анкети. Ле Пен и нејзината внука Марион Марешал ле Пен на северот и на југоистокот на земјата освоиле повеќе од 40 отсто од гласовите. Ако информациите се потврдат, резултатите ќе претставуваат голем поттик за Ле Пен, која рече дека се надева...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...