fbpx
Таг: Марин Ле Пен

таг: Марин Ле Пен

Макрон ја победи Ле Пен на изборите во Франција и обезбеди втор мандат

Францускиот претседател Емануел Макрон со значителна предност ја победи својата ривалка од екстремната десница Марин Ле Пен на денешниот втор круг од претседателските избори во Франција. Како што пренесува Ројтерс, според предвидувањата, Макрон обезбеди втор мандат избегнувајќи нешто што ќе значеше политички земјотрес. Според првичните резултати, Макрон обезбеди 57 - 58 отсто од гласовите. Ваквите предвидувања обично се прецизни, но...

По првиот круг претседателски избори во Франција, Макрон има причини да се плаши од националистката Ле Пен

На вчера одржаниот прв круг претседателски избори во Франција убедливо најмногу гласови освои актуелниот шеф на државата Емануел Макрон, но неговата ривалка, односно второпласираната крајна десничарка Марин ле Пен, во одлучувачкиот втор круг на 24 април би можела да му создаде многу проблеми на Макрон, пишува Би-Би-Си. Според анкетите, трката за претседателската функција во вториот круг на 24 април би...

Франција утре избира претседател – Макрон во првиот круг во тешка битка со Ле Пен

Во Франција утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Досегашниот претседател Емануел Макрон се обидува да освои втор мандат како претседател, додека како главен ривал на изборите му е радикално десничарската кандидатка Марин Ле Пен. Податоците од анкетните истражувања што ги пренесува Ројтерс покажуваат дека изминативе недели се приближуваат рејтинзите на двајцата главни кандидати. На два дена пред...

Макрон со лоши резултати, Ле Пен не успеа да победи во француските региони на вчерашните избори

Екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен е главниот губитник на вториот круг од регионалните избори во Франција што се одржаа вчера. Оваа партија не успеа да победи во ниту еден од француските региони, вклучувајќи го и јужниот регион Прованс Алпи Азурен Брег, каде што анкетите покажуваа дека можат да ја добијат власта. Алијансата од другите политички партии...

Макрон оствари лош резултат на регионалните избори во Франција, партијата на Саркози води

Главните претенденти за освојување на новата претседателска функција во Франција на изборите што ќе се одржат наредната година остварија лоши резултати на првиот круг од регионалните избори. Партијата „Републиката напред!“ на актуелниот претседател Емануел Макрон доживеа фијаско, освојувајќи само 10,9 отсто од гласовите, пренесуваат Гардијан и Би-би-си. „Шамар во лице“ е коментарот на еден од пратениците на партијата на Макрон...

Марин ле Пен под истрага за проневерување пет милиони евра од европски фондови

Против ултраконзервативката Марин ле Пен се води официјална истрага во Франција поради проневерување финансиски средства во Европскиот парламент. Според француското законодавство, отворањето ваква истрага е еднакво на поднесување обвинение. Наводната злоупотреба на средствата на парламентот се одвивала од 2012 година, а во неа, покрај Ле Пен, се вплеткани и други претставници на партијата Национален фронт. Станува збор за сума од 5...

Со победата на парламентарните избори во Франција, засилен подемот на Макрон

Политичкиот подем на младиот француски претседател Емануел Макрон дополнително се засилува по победата на неговата центристичка коалиција на парламентарните избори во Франција, чиј втор круг се одржа вчера. Со 350 пратенички места од вкупно 577, коалицијата формирана од партијата на Емануел Макрон, Републиката напред (РЕМ), инаку формирана пред отприлика една година, и Демократското движење (Модем) освоија 60,7 отсто пратеници во...

Инаугурацијата на Макрон ќе се одржи в недела

Францускиот претседател во заминување, Франсоа Оланд, денеска изјави дека инаугурацијата на неговиот наследник, Емануел Макрон, ќе се одржи в недела на 14 мај. Како што се наведува, церемонијата ќе биде одржана во Елисејската палата. На изборите за претседател на Франција, проевропски ориентираниот Емануел Макрон освои 66,10 отсто од гласовите, а кандидатката на екстремната десница, Марин ле Пен, освои 33,90 отсто...

Еврото на шестмесечен максимум по победата на Макрон

По победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, утринава еврото ја достигна највисоката вредност во последните шест месеци во однос на доларот и на јенот, јавија светските медиуми. Причината е што инвеститорите се убедени дека ваквиот резултат, односно победата на Макрон над ултранационалистката Марин ле Пен, претседателка на крајно десничарската партија Национален фронт, ќе предизвика свеж дотек на...

Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција

Проевропски ориентираниот претседателски кандидат, Емануел Макрон, победи на изборите во Франција. По неговиот избор за претседател, тој изјави дека неговата победа претставува „надеж“ и „ново поглавје“ за Франција. https://twitter.com/AFP/status/861294312247640064 Макрон освои помеѓу 65,5 и 66,1 отсто од гласовите во вториот круг на гласање, додека неговата противничка, лидерката на ултрадесницата, Марин ле Пен, освоила помеѓу 33,9 и 34,5 отсто од гласовите. https://twitter.com/AFP/status/861288071689633793 Приврзаниците на Макрон почнале...

Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во Франција

Во Франција утринава, во осум часот, беа отворени избирачките места на кои 47 милиони Французи во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат за новиот шеф на државата. До 12 часот, излезноста на гласачите е 28,23 отсто. Своето право на глас го остварија и претседателските кандидати, лидерката на ултрадесницата, Марин ле Пен, и проевропски ориентираниот претседателски кандидат, Емануел Макрон. https://twitter.com/MailOnline/status/861156515344003072 Францускиот претседател во...

Макрон жртва на хaкерски напад, голем број податоци за кампањата излегоа во јавноста

Изборниот штаб на независниот кандидат на претседателските избори во Франција, Емануел Макрон, соопшти дека тој е жртва на голема и координирана хакерска операција. Имено, голем број на меилови од кампањата биле објавени на интернет на еден ден пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори. Странските медиуми јавуваат дека околу девет гигабајти податоци биле објавени на веб-страницата „Пејтсбин“, која овозможува...

Ле Пен ја гаѓаа со јајца и доби студен туш од анкетите

Во завршницата на предизборната кампања, ултранационалистичката кандидатка за претседател на Франција, Марин ле Пен, вчера ја гаѓаа со јајца при средба со граѓани во Бретања. Во меѓувреме, таа доби и студен туш од најновите анкети, кои покажуваат дека нејзиниот противкандидат, Емануел Макрон, убедливо води пред неа. Француската кандидатка за претседател, Марин ле Пен, при посета на Дол де Бретањ беше пречекана...

Макрон поубедлив од Ле Пен во дебатата, покажуваат анкетите

Кандидатот за претседател на Франција, независниот кандидат на центарот, Емануел Макрон, бил поубедлив од Марин ле Пен за време на клучната телевизиска дебата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење. Околу 63 отсто од лицата што учествувале во анкетата за телевизијата БФМ сметаат дека проевропскиот поранешен министер за економија бил поуверлив за време на дебатата од лидерката на Националниот фронт. Две третини...

Ле Пен ги сака гласовите на екстремните левичари

Кандидатката за претседател на Франција, Марин ле Пен, ги повика гласачите кои во првиот круг гласаа за кандидатот на левицата, Жан-Лик Меланшон, да ја поддржат во вториот круг на изборите. Ле Пен објави видео на „Твитер“ во кое ги повика приврзаниците на Меланшон да го бојкотираат нејзиниот противкандидат, Емануел Макрон, поранешен банкар и министер, за кој рече дека е претставник...

Оланд: Ќе гласам за Макрон, Ле Пен е опасност за Франција

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го поддржа проевропски ориентираниот претседателски кандидат на центарот, Емануел Макрон. Тој предупреди дека евентуалната победа на Марин ле Пен во вториот круг на изборите закажани на 7 мај, би значела „опасност по Франција“. Оланд истакна дека Франција ризикува да „стане изолирана и да се отцепи од Европската Унија“ во случај антиевропскаи настроената Ле Пен да биде избрана. -...

Победата на Макрон го зајакна еврото

Центристичкиот кандидат Емануел Макрон и лидерката на ултрадесницата Марин ле Пен освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Франција и се квалификуваа во вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај, покажаа конечните резултати што денеска ги соопшти француското Министерство за внатрешни работи. Макрон освоил 23,75 отсто, а Ле Пен 21,53 отсто од гласовите, додека зад нив...

Французите во вториот круг ќе избираат помеѓу Емануел Макрон и Марин ле Пен

Според првите неофицијални резултати од првиот круг од претседателските избори во Франција, кажани по затворањето на гласачките места, во вториот круг ќе се борат Емануел Макрон, со 23,7 отсто од гласовите, а по него е ултрадесничкарката Марин ле Пен, со 21,7 отсто од гласовите. Тие, доколку и официјалните резултати ги потврдат бројките, ќе се соочат на 7 мај. Франсоа Фијон...

Франција избира претседател и го одредува ритамот за иднината на ЕУ

Французите денеска гласаат на претседателски избори, кои можат да ја одредат иднината на Европската Унија. Според анкетите спроведени пред изборите, четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7 мај, што би било првпат во Франција да се случи тоа, оти вообичаено претседател се избира во првиот круг. Двајца од 11 кандидати се остро на линијата...

Куршумите на терористот не можат да ја убијат предноста на соперникот на Ле Пен

По синоќешниот напад на булеварот Шанзелизе, срцето на Париз, кој, веројатно е терористички напад, куршумите на терористот освен што убија еден полицаец и ранија двајца, можеби и ќе „ја убијат“ предноста на поранешниот министер за економија, Емануел Макрон, кој е на првата позиција на ранг-листите пред десничарката Марин ле Пен, која е втора, шпекулираат некои од светските медиуми. Нападот во...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...