fbpx
Таг: марихуана

таг: марихуана

Бразилската полиција пронашла пет тони марихуана во камион

Бразилската полиција запленила 5,1 тон марихуана во еден камион во државата Санта Катарина, информираат локалните власти. Три лица се уапсени за време на операцијата која се случила во четвртокот и која овозможила најголема заплена на дрога во таа држава, информираше локалната полиција. Приведен е возачот на камионот, како и неговите двајца браќа за кои постојат сомневања дека се сопственици на дрогата. Според...

Приведени четири лица за производство и за продавање марихуана

Министерството за внатрешни работи (МВР) подготви кривични пријави за четворица македонски државјани поради недозволена трговија со марихуана. Акциите се реализирани од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Единица за недозволена трговија при МВР во соработка со надлежните служби за борба против дрога на Албанија и на Грција, а во координација со СЕЛЕК Центарот од Букурешт, Романија, кој...

Притворен битолчанец поради шверц на 100 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Охрид, постапувајќи по кривична пријава, почнало истражна постапка против жител на Битола, кој заедно со уште едно лице бил фатен како во возило превезува 100 килограми марихуана, соопшти Јавното обвинителство. Осомничениот се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а на барање на јавен обвинител, Основниот суд Охрид му...

Рама: Не сме во криза како некои соседни земји, па да се бара техничка влада

Откако тричасовните преговори меѓу него и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вчеравечер завршија неуспешно, денеска премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на прес-конференција кажа дека опозицијата не може да бара техничка влада, бидејќи ситуацијата не е „како во некои соседни земји“. - На Демократската партија ѝ дадовме систем за да ги контролира сите државни структури...

Запленети 144 килограми марихуана на граничниот премин Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, вчера заплениле 144 килограми марихуана, која била сокриена во приколка од товарно возило, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, камионот со странски регистарски таблички, управуван од бугарски државјанин, бил пријавен за излез од земјава. Цариниците го селектирале за детална контрола откако се посомневале во тврдењата на возачот дека приколката е...

Запленети 12 тони марихуана во Албанија

Магацин со 12 тони марихуана открила албанската полиција во селото Пагри, кај Пермет, во рамки на голема акција за сузбивање на производството и трговијата со дрога. Магацинот бил контролиран и пред два месеца, но тогаш бил празен, а овој пат е најдена дрогата, која била делумно подготвена за продажба, а делумно се сушела. Уапсени се три лица, по сопственикот на магацинот...

Царината минатиот месец поднела 10 кривични пријави против 14 лица и пет фирми

Царинската управа на Република Македонија, постапувајќи по констатирани неправилности, во март годинава до надлежните јавни обвинителства поднела 10 кривични пријави против 14 физички и пет правни лица. Како што соопштуваат од Царината, пријавите се поднесени за неовластено производство и пуштање во промет на накротични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, за криумчарење, фалсификување пари, фалсификување исправа, царинска измама и за недозволено пренесување...

ОЈО за организиран криминал гони две лица осомничени за трговија со марихуана

Во координирана акција со Секторот за криминалистички истраги - единица за недозволена трговија со дрога при МВР, Jавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција разбило група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици. Надлежен јавен обвинител, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, денеска до судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, поднел...

Притворени три лица осомничени за трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, станува збор за лицата Ф.И. (50), С.Ф. (50) и М.А. (47), на кои на барање на обвинителството, судија на претходна...

Откриени 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските инспектори во соработка со Министерството за внатрешни работи вчера на граничниот премин Блаце, пронашле и заплениле 20 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал македонски државјанин. Како што соопшти денеска Царинската управа, возилото вчера околу 10.30 часот се пријавило за влез во земјава. „При прегледот на возилото, во задните врати на комбито помеѓу лимот и тапацирот, поточно...

Поднесено обвинение против криминална група за шверц на 100 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинителен акт против три лица - членови на криминална група, кои се товарат за шверц на 100 килограми марихуана. Како што соопштуваат од обвинителството, станува збор за четиричлена група, која организирала шверц на 100 килограми марихуана од Албанија во земјава. Дрогата, според обвнителството, била наменета за нарко-пазарот во Турција,...

Спречен шверц на 12 килограми марихуана

Екипи на Секторот за внатрешни работи Охрид и на Царинската управа во два одделни случаи спречиле шверц на 12 килограми марихуана и привеле две лица, државјани на Албанија. Синоќа, полициски екипа, кај населбата Рача, на меѓународниот пат Охрид-Поградец, при преглед на автомобил, марка „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, што го управувало 44-годишно лице од Поградец, пронашла околу 10 килограми марихуана....

Македонски државјани го организирале шверцот на 8 тони марихуана, запленета во Италија

Италијанската полиција запленила рекордно количество од 8 тони марихуана, која била натоварена во камион што го управувал македoнски државајнин, пишува весникот „Венеција тудеј“. Според весникот, дрогата била транспортирана со ферибот од Албанија до италијанското пристаниште во Анкона. Италијанските служби, пишува весникот, ја детектирале дрогата на пристаништето, но го пуштиле камионот да помине, а информацијата за транспортот ја чувале во тајност...

Царината спречила шверц на 18 килограми марихуана, сокриена во плинска боца

Царинските екипи на граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за шверц на 18 килограми марихуана, што била сокриена во плинска боца. Како што информираат од Царинската управа, вчера, околу 6 часот, на граничниот премин за излез од Македонија било пријавено возило, со албански регистарски таблички, а управувано од И.Ш., државјанин на Албанија. Возилото било селектирано за детална контрола и при...

На Блаце откриени 68,5 килограми марихуана

Царинските инспектори завчера на граничниот премин Блаце пронашле околу 68,5 килограми марихуана при контрола на комбе во специјално направен бункер, соопшти денеска Царинската управа. „Инспекторите завчера околу 22:30 часот на Блаце запреле комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од Б.К., хрватски државјанин. При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет...

Спречен шверц на 8 килограми марихуана на граничниот премин Табановце

Царинските екипи на граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за шверц на осум килограми марихуана, која била сокрина во автомобил што го управувал 56-годишен државјанин на Република Албанија. „На 3 декември 2016 година, околу 15 часот, на излез од Република Македонија, на граничниот премин Табановце, се пријавило патничко моторно возило марка „смарт“ со албански регистарски ознаки, а управувано од осомничениот Б.О. (56)...

Запленети 30 килограми марихуана на граничниот премин Долно Блаце

Екипи на Царинската управа синоќа на граничниот премин Долно Блаце откриле и заплениле 30 килограми марихуана, која била сокриена во возило што го управувал 53-годишен државјанин на Кралството Шведска, информираше МВР. Дрогата била сокриена во посебно направен бункер во подот на возилото. „На 2 декември 2016 година, во 21.30 часот, на граничниот премин Долно Блаце, при контрола на Т.Б.Л.А. (53) од Кралството...

54 килограми дрога запленети на Ќафасан

Педесет и четиригодишниот Г. Ќ., жител на албанскиот главен град Тирана, е фатен на граничнииот премин Ќафасан, на излез од Република Албанија кон Република Македонија, со 54 килограми марихуана. Шверцуваната дрога била пронајдена во товарно возило, откако при проверка скенерот открил седумдесет сомнителни кесички. Лицето е веднаш приведено.

На Табановце запленети 12,5 килограми марихуана

На граничниот премин Табановце, во автомобил со германски регистарски ознаки, се пронајдени 12,5 килограми марихуана, известуваат царинските службеници. Во откривањето учествувале цариниците од одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце. Како што информираат од царината, во четвртокот, околу 22 часот, на излез од Република Македонија е запрен автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил...

Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4 наркодилери

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, денеска соопшти дека во вторникот во организарана акција пресекле меѓународен канал за трогвија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, како што информираше Чавков, била со потеколо од Албанија, а требало да заврши во Турција. Во акцијата биле уапсени...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...