fbpx
Таг: Мануел Валс

таг: Мануел Валс

Валс си поднесе оставка, Казнев именуван за нов премиер на Франција

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, е именуван за премиер на државата на местото на досегашниот Мануел Валс, кој поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира на претседатеските избори во Франција, што треба да се одржат во април следната година, јавува „Би-би-си“. Валс синоќа му ја предал оставката на францускиот претседател Франсоа Оланд, по што Казнев...

Трамп го направи невозможното, Ле Пен може да победи во Франција, смета Валс

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека лидерката на Национален фронт, Марин ле Пен, има шанси да победи на претседателските избори во Франција, закажани за следната година. - Можно е. Тоа значи дека целосно се сменила политичката рамнотежа– рече Валс, одговарајќи на прашање на економската конференција во Берлин, предупредувајќи на „опасноста која ја претставува екстремната десница“. Ле Пен неодамна изјави дека изборот на...

Француската влада ќе бара продолжување на вонредната состојба

Француската влада од парламентот ќе бара второ продолжување на вонредната состојба, воведена по терористичкиот напад во Париз во ноември минатата година, изјави францускиот премиер Мануел Валс. Обраќајќи им се на пратениците, Валс рече дека поддршката која Франција ѝ ја дава на коалицијата во борбата против Исламска држава во Ирак и во Сирија значи дека не смее да се игнорира опасноста...

Валс: Нападот на црквата е варварски чин

Францускиот премиер Манеул Валс оцени дека нападот на црква на северот на земјата претставува „варварски чин“, поради кој цела Франција треба да остане обединета. Валс на „Твитер“ напиша дека со ужас ја примил веста за варварскиот чин, кој претставува удар за сите Французи и за сите католици и порача дека ќе останат обединети. Француските власти засега не го окарактеризираа како терористички чин...

Валс: Можни се нови терористички напади во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс на француското државно радио предупреди дека се можни нови терористички напади откако на 13 јуни беше убиен француски полицаец и неговата партнерка, која била службеничка во Министерството за внатрешни работи. - Уште невини ќе ги изгубат животите. Многу е тешко да се кажат вакви работи. Разбирам ако некој ме обвини дека создавам дополнителен страв кај луѓето,...

Франција ќе ја продолжи вонредната состојба

Франција планира да ја продолжи вонредната состојба воведена по терористичкиот напад во ноември 2013 година за уште два месеца поради безбедноста на европскиот шампионат во фудбал во 2016 година, соопшти денеска премиерот Мануел Валс. - Соочувајќи се со вака голем настан, мораме да преземеме безбедносни мерки затоа што настанот истовремено е и прослава – изјави Валс за радиото „Франс инфо“. Тој...

Валс бара да се зајакне контролата на границите на ЕУ

Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека е потребно итно зајакнување на контролите на границите на Европската Унија по бомбашките напади во Брисел, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава. - Итно е потребно да се зајакнат надворешните граници на ЕУ – рече Валс, додавајќи дека е неопходно да се запрат луѓето што влегуваат во Европа со лажни пасоши, а имајќи...

Валс: Да се избегне излегувањето на Британија од ЕУ, но не по секоја цена

Францускиот премиер Мануел Валс денеска предупреди во Давос дека би било многу лошо ако Велика Британија излезе од ЕУ, но оти британските барања не мора да бидат задоволени по секоја цена. - Излегувањето на Британија од ЕУ, без сомнеж, е лоша работа, особено лоша работа – рече Валс пред новинарите во Давос, каде учествува на Светскиот економски самит. Тој рече дека...

Валс: Не знаеме дали Салах е во Франција или не

Француските власти не знаат дали осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам, е во Франција или Белгија, изјави францускиот премиер Мануел Валс. Освен тоа, Валс наведе дека не е познато дали има уште поврзани групи со напаѓачите кои се во бегство. - Заканата е присутна. Ние во овој момент на истрага не знаеме дали постојат уште групи или поединци кои се...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...