fbpx
Таг: манифестација

таг: манифестација

Почнуваат „Струшките вечери на поезијата“

„Струшките вечери на поезијата“ ќе почнат вечерва на платото пред Домот на поезијата во Струга, во 20.30 часот. На годишната поетска манифестација во Струга ќе учествуваат 32 поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија и други. 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе трае до 28 август, а поетски читања ќе има и...

Фестивалот „Охридско лето“ одбележа 56 години постоење

Синоќа, со концертот на триото на Дамјан Пејчиновски на плажата Куба либре, фестивалот „Охридско лето“ го прослави својот 56. роденден. Пред тоа, пред бројните љубители на уметноста, пријатели на фестивалот, директорот на оваа музичко-сценска манифестација, Оливер Арсовски, ја пресече роденденската торта. - „Охридско лето“ испишува уште една успешна година во богатата фестивалска историја. Им се заблагодарувам на сите што ја помагаат манифестацијата,...

Заврши петтото културно-забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Со настапот на Викторија Чочороска од Вевчани, студентка по соло-пеење на ФМУ во Скопје, во придружба на Алмин Бајрамоски и на познатиот афористичар Сашо Бетоски, во Трпејца беше заокружено петтото издание на манифестацијата „На зајдисонце“. Претходно на летната сцена со турнир беше заокружена традиционалната школа за шах, раководена од Борис Лушески од шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Со доделување благодарници и...

Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“

Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“. Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да учествуваат повеќе од 30 пчелари...

Предавање на Академик Грозданов за фрескоживописот на „Света Софија Охридска“

Во Охрид привршуваат планираните активности во рамките на „Научната и културна визита - Охрид 2016“, во организација на МАНУ. Денеске е претпоследното предавање од страна на академик Цветан Грозданов. Како еден од најпознатите живи византолози и познавачи на средновековната уметност, тој ќе одржи предавање за фрескоживописот на „Света Софија“. Академик Грозданов, истовремено, е еден од учесниците во изведувањето на заштините зафати...

Меѓународен „Фолклорен мост“ во Струга

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва од 20 часот ќе се одржи меѓународната манифестација „Фолклорен мост“. Традиционално манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците. На годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од земјите на Балканот, како и фолклорни групи од Полска. Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните...

Од вечерва јубилејно „На зајдисонце“ во Трпејца

Во туристичката населба Трпејца, на брегот на Охриодско Езеро, од денеска до 28 јули, годинава - по петти пат, ќе се одржи културно-забавното лето „На зајдисонце 2016“, во организација на Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“. Покровител на манифестацијата и оваа година ќе биде Општина Охрид. Манифестацијата ќе почне со изведбата на химната „На зајдисонце“, по што следува видеопрезентација...

Годинава „Поетска ноќ во Велестово“ посветена на творештвото на Санде Стојчевски

Од утре до 18 јули, ќе се одржи 28. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, која се одржува со поддршка на Општина Охрид, а ќе почне со портрет на поетот Санде Стојчевски, за чие творештво ќе беседи Зоран Анчевски, додека стихови ќе читаат актери од независната аматерска театарска група „Аматер“. Музиката е на Петар Кочовски. В сабота, на 16 јули,...

„Научна и уметничка визита“ на МАНУ од денеска во Охрид

Од денеска до 27 јули, во Охрид, се одржува традиционалната манифестација „Научна и уметничка визита“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во Куќата на Уранија, местото каде и е формирана МАНУ, денеска и утре ќе се одржи лингвистичката работилница, со предавање на професор Јан Соколовски од Полска кој е член на МАНУ надвор од работниот состав. За...

Изложба на портрети на св. Климент Охридски во „Св.Софија“

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва ќе ја отвори изложбата на портрети на свети Климент Охридски во црквата „Света Софија“ во Охрид. Изборот од копии на портрети на овој охридски светец, настанати од 11 до 18 век, го направи врвниот познавач на византиската и на средновековна уметност, академик Цветан Грозданов. Манифестацијата е дел од одбележувањето на 1.100-годишнината од упокојувањето на свети...

Манифестацијата „Бело лето“ ќе го означи почетокот на летната сезона

Со традиционалната, овојпат четврта по ред манифестација „Бело лето“, вечерва ќе биде означен официјалниот почеток на летната сезона во Охрид. Манифестацијата почнува во 19 часот во предворјето на црквата „Света Софија“, каде концерт ќе одржи „Владимир Василески-Четкар секстет“. Во 21 часот предвиден е настап на перкусионистичка група „Каранос ватерфол драмс груп“ (KARANOS waterfall drums group) од Воден, Грција, со дефиле од...

Манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“ посветена на Дејвид Боуви

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи утре во Градски парк, со почеток во 21 часот. Годинава манифестацијата која се одржува веќе девет години, e посветена на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Емин Џијан и ќе изведе познати...

Манифестација посветена на браќата Миладиновци ќе се одржи во Осиек

По повод 155 години од објавувањето на „Зборникот“ на браќата Миладиновци, во Осиек, Хрватска, денеска почнува  манифестацијата „19. Денови на браќата Миладиновци“, во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Денеска во Осиек ќе биде промовирана книгата „Македонски бои во славонска рамница, траги на сеќавањата“ од Јагода Тренеска-Цветичанин. Активностите продолжуваат и в сабота, 18 јуни, кога меѓу другото, ќе се организира...

Изложба на икони во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Во организација на Националната установа „Завод и музеј” од Охрид, утре во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ и по повод одбележувањето на Денот на светите браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј, свечено ќе биде отворена изложба „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност". Експонатите ќе бидат изложени во просториите на понтификалниот универзитет...

Утре се одбележува Денот на реката Дрим

Под мотото „Во срцето на Дрим - река на жива вода“, утре ќе биде одбележан Денот на река Дрим. Манифестацијата е организирана на иницијатива на еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид, со поддршка на проектот од ГЕФ - „Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим“. Активностите ќе почнат утре претпладне во манастирскиот и туристички...

Заедницата на Македонците во Хрватска ги организира „19. Денови на Браќата Миладиновци“

Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, денеска ја организираат културната манифестација „19. Денови на Браќата Миладиновци“. Манифестацијата ќе се одржи во два дела. Во првиот – денеска, во ѓаковачката катедрала на Штросмаеров трг, во Ѓаково, организирано е разгледување на катедралата, прием кај генералниот викар м-р Иван Ќуриќ и полагање венци на гробот на...

Поранешниот евроамбасадор Фуере и годинава во Охрид за Водици

Поранешниот амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, не ја напушта својата практика и своевидна лична традиција, за празникот Богојавление - Водици да биде гостин во Охрид. И оваа година поранешниот амбасадор на ЕУ ќе биде дел од атрактивната манифестација, исполнета со бројни активности. Фуере неколку години, освен што присуствуваше за Водици во Охрид, активно учествуваше и во пливањето...

Изложба на пастели со мотиви од Вевчани и од Охрид на сликарот Славко Упевче

Во рамките на познатата манифестација „Вевчански карневал“, кој ќе се одржи од 11 до 18 јануари, и „Печалбарските денови во Вевчани“, самостојна изложба на пастели со мотиви од Вевчани и од Охрид ќе има академскиот сликар Славко Упевче. Изложбата ќе биде отворена утре напладне, како дел од нововостановената Вевчанска академија на убави уметности. Славко Упевче своето ликовно уметничко деби го имаше...

Здружението „Богојавление“ ја откажа организацијата на манифестацијата Богојавление – Водици

Здружението „Богојавление“ се откажа од организацијата на свеченостите и на манифестациите поврзани со верскиот празник Водици - Богојавление. Иако ваквата одлука на здружението, на некој начин, беше очекувана, јавноста ја прими веста со големо изненадување бидејќи станува збор за манифестација што привлекува илјадници гости надвор од туристичката сезона и придонесува за афирмацијата на градот. - Сакаме да ја информираме пошироката јавност...

96-годишниот Мирко Иваноски, најстар жител во општините Охрид и Дебарца

Охриѓанецот Мирко Иваноски(96), кој е роден на 17 ноември 1919 година, е прогласен за најстар жител во општините Охрид и Дебарца на конкурсот објавен од охридскиот Црвен крст, како дел од активностите за одбележување на Неделата на грижа за стари лица. Како што пренесува порталот „Охрид њуз“, за брачна двојка со најмногу години поминати заедно, во рамките на истиот конкурс,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...