fbpx
Таг: манифестација

таг: манифестација

Елисавета и Оливер се годинешните младоженци на Галичка свадба

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски кој по потекло е од Галичник, оваа година ќе бидат во центарот на вниманието на најпознатата македонска свадба - Галичка свадба, која ќе се одржи од 14 до 16 јули, соопштуваат организаторите на Галичка свадба. Традиционално почетокот на годинешната Галичка свадба ќе се означи во сабота на 15 јули со симболичниот чин на „фрлање три...

На Плаошник одбележан 24 Мај, Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

На Плаошник во Охрид денеска се одржа централната манифестација за одбележување на 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Премиерот Димитар Ковачевски на настанот рече дека Плаошник е местото каде е основан и дејствувал Првиот словенски универзитет, и тука најгласно одекнува вечната и непобитна вистина за потеклото на нашиот македонски јазик, на нашата македонска писменост и...

„Денови на Холандија“ од денеска во „Ист гејт мол“

Амбасадата на Кралството Холандија, European plants и Ист гејт мол ја организираат манифестацијата „Денови на Холандија“, која се отвора денеска на главниот влез пред трговскиот центар „Ист гејт“. На отворањето на манифестацијата ќе присуствуваат холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, претставници на Холандската амбасада, извршниот директор на Ист гејт мол Игор Давков и претставници на трговскиот центар. Со одржувањето на...

Mеѓународниот саем на книгата во Скопје ќе се одржи од 4 до 10 мај

Скопски Саем, со поддршка од Министерството за култура како покровител, в мај ќе го го организира 35. Меѓународен Саем на книгата. Саемот годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Саемот ќе се одржи од 4 до 10 мај во Арена „Борис Трајковски“, со над 50 учесници, во кои се вбројуваат најуспешните македонски издавачки куќи. Се...

„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

Вчера вечер се одржа завршниот настан од манифестацијата за чествувањето на Блаже Конески во годината што е стогодишнина од неговото раѓање. „Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука. Зашто одбраната на посебноста на македонскиот јазик за Конески е света работа и должност: „не е...

Објавен повикот за учество на манифестацијата „Бела ноќ“

Јавната установа Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници на културната манифестација „Бела ноќ“, која годинава треба да се одржи по 17 пат. „Годинава, како и секоја Бела ноќ, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации),...

Распишани конкурсите за поезија и дизајнерско решение за манифестацијата „100.000 поети за промена“

Манифестацијата „100.000 поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст - Струмица“ ги распиша поетскиот и конкурсот за дизајнерско решение на постери и плакати за овогодинешното издание на Фестивалот. Како што информираат организаторите, поезијата треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со глобалните и локалните промени. На овој конкурс можат да учествуваат автори од сите...

Наградени 32 првенци на генерацијата од скопските средни училишта

Триесет и двајца матуранти - првенци на генерацијата 2016 - 2020 и 2017 - 2020 од 23 скопски средни училишта, денеска добија специјални признанија и парични награди, кои им ги додели градоначалникот Петре Шилегов на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли Ан. Тој им посака нивните соништа да ги реализираат во државата и...

Галичка свадба ќе се одржи од 13 до 15 јули

Годинешното 45. издание на Галичка свадба ќе се одржи од 13 до 15 јули во истоименото село на планината Бистра. И оваа година неколку илјади посетители од земјава и странство одново ќе бидат сведоци на над 30 оригинални свадбени обичаи и ритуали, проследени со традиционални народни носии, песни и ора кои пленат со својата автентичност, убавина и културна вредност. - Горди...

Саемот на книга го посетиле 44.300 посетители

Саемот на книга 2018 завршува денеска, а манифестацијата до вчера ја посетиле 44.300 посетители, информираа организаторите. На 30. јубилејно издание се претставиле 70-на издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. „Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП, со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената...

Иван Лотески од населбата Варош го фати крстот во Охридското езеро

Иван Лотески од охридската населба Варош го фати Светиот крст што во осветените води на Охридското езеро го положи митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј. Лотески беше најсреќниот од неколкуте стотини верници кои денеска скокаа по крстот во Охридското езеро, чија температура според утринските мерења изнесуваше седум Целзиусови степени. - Скокам по крстот од мои 13 години. Денеска прв...

Манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржи утре

Годинешното 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржи утре, сабота (7 октомври). Град Скопје информира дека ќе има квалитетна програма која посетителите ќе може да ја видат на неколку точки во градот. Како и изминатите години, ќе има изложби, концерти, перформанси, бесплатен филмски маратон во кино „Милениум“ и музички спектакл. Во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде поставена...

Конкурс за манифестацијата „Нов културен бран“

Министерството за култура денеска на својата веб-страница ќе ги објави условите и формуларите за пријавување на општини, здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата и на уметноста за манифестацијата „Нов културен бран“. Таа ќе се реализира од крајот на август до крајот на октомври годинава,  односно сè до исцрпување на средствата за реализација на манифестацијата. „Цел...

Почнува „Галичка свадба 2017“, младенците се запознале во Галичник

Скопјаните Тања Чаловска и Бошко Лепчески, обајцата со потекло од Галичник, се младенците на „Галичка свадба 2017“ која ќе се одржува овој викенд. Триесет и едногодишниот правник и 28-годишната економистка се запознале пред седум години токму во Галичник, каде што утре ќе бидат и венчани во црквата „Св. Петар и Павле“. По подолго време се случува на Галичка свадба двајцата...

Отворена културната манифестација „Скопско лето 2017“

Меѓународната културна манифестација „Скопско лето“ беше отворена синоќа со настапот на Омер Фарук Текбилек во Македонската опера и балет. - И оваа година, програмите ќе се реализираат на 18 локации и простори во Скопје, во театри, ликовни галерии, музеи, Старата скопска чаршија, Сули-ан, централното градско подрачје и на други места, кои во квечерините на летото се претвораат во летни сцени -...

Петар Рупев од населбата Варош го фати крстот во Охрид

Петар Рупев, од охридската населба Варош, беше најсреќниот кој прв стигна до крстот во осветеното Охридско Езеро. За централната манифестација по повод празникот Богојавление - Водици во Охрид, беа пријавени околу 300 лица, на кои не им пречеа студените води на езерото, од само 6 Целзиусови степени. На Рупев, кој по четврти пат го фаќа крстот, црквата му подари крст,...

Денеска почнува „Вевчанскиот карневал“

Годинешниот „Вевчански карневал“ почнува денеска со културни настани предвидени за оваа манифестација. Програмата денеска е во знакот на одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј Велики, заштитник на вевчанските василичари и на Вевчани, додека формалниот почеток на карневалот е в четврток. Денеска, со почеток во 17 часот, во Клубот на пензионери во Вевчани ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на руралниот туризам во Република...

Кампања против ксенофобија насловена „Деца на планетата Земја“

Во Паркот на франкофонијата денеска се одржува манифестацијата „Деца на планетата Земја“, која е дел националната кампања против ксенофобија. „Деца на планетата Земја“ е граѓанска акција на Фондација „Отворено општество“ - Македонија, која порачува дека сите имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно. Во рамки на манифестацијата, која почнува во 11.30 часот и ќе трае до 19 часот, ќе се...

Папата Франциск ја прогласи Мајка Тереза за светица

Папата Франциск пред стотици илјади граѓани на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за светица. Во тек е процесијата околу канонизацијата на светицата Мајка Тереза, а папата Франциск пред граѓаните читаше од „Светата книга на мудроста“. На прогласувањето во Ватикан присуствува делегација на Македонија во која се претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерката за...

„Денови на Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември

Градоначалникот Коце Трајановски, директорката на комисијата на верските заедници, Валентина Божиновска, и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, денеска ја презентираа низата настани што ќе се одржат во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. „Деновите на Мајка Тереза“ ќе почнат на 4 септември (недела), кога и ќе биде прогласувањето за светица во Ватикан, а ќе траат до...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...