fbpx
Таг: мандат за влада

таг: мандат за влада

ГЕРБ ја предложи еврокомесарката Марија Габриел за идна бугарска премиерка

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов официјално ја претстави пред бугарските пратеници еврокомесарката Марија Габриел за премиер на идната бугарска влада, јавува Медиапул.бг. Борисов од бугарскиот парламент соопшти дека Габриел ќе ги води разговорите со останатите партии за поддршка при гласањето избор на новата влада. Борисов додаде дека нејзините ресори како еврокомесар, кои ги вклучуваат иновациите, научните истражувања, културата, образованието и...

Објавени конечните резултати во Бугарија, победничката ГЕРБ речиси и нема шанси да формира влада

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Бугарија што се спроведоа во неделата. Според нив најјаката парламентарна сила во 48-от парламент на Бугарија ќе биде „„Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со 67 пратеника, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. На второто место е...

ГЕРБ го врати мандатот за влада, Бугарија оди кон третите избори во половина година

Поранешната владејачка бугарска политичка партија ГЕРБ денеска не се нафати да формира нова влада на многу необичен начин. Тие прво во партиското седиште, само за своите избирачи, ги презентираа имињата на предвидените министри кои би влегле во новата коалициска влада со Сојуз на демократските сили (СДС), а половина час подоцна, претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи мандатот на...

Напорите на претседателот Радев за формирање нова влада на Бугарија досега без резултат

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска организираше втор круг консултации со политичките партии застапени во парламентот на Бугарија, во обид да се формира нова редовна влада, јавија бугарските медиуми. Во моментов со Бугарија управува техничка влада што Радев ја формираше по избориет во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани уште едни, вонредни,...

Бугарија полека оди кон нови избори – Трифонов порача дека неговата партија ќе го врати мандатот

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Состојбата по парламентарните избори во Бугарија денеска дополнително се комплицираше, откако стана јасно дека и партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, инаку втора политичка сила според бројот на освоени гласови, ќе го врати мандатот за формирање влада што бугарскиот претседател Румен Радев треба да им го додели оваа седмица. Тој дополнително ги навреди сите партии што досега...

Пропадна и последниот јалов обид на ГЕРБ на Борисов да формира нова влада на Бугарија

Парламентарната група (ПГ) на ГЕРБ, партијата на досегашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, и на Сојузот на демократските сили (СДС) денеска испратила покана за средба во бугарскиот парламент со ПГ на „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, но од таму поканата експресно била одбиена, јави бугарската новинска агенција „Фокус“. Тоа беше последниот обид да ГЕРБ и СДС да формираат...

ВМРО-ДПМНЕ реши да ја замрзне комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски (галерија)

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги прекине релациите со претседателот на државата Стево Пендаровски. Таа одлука ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако вчера заедно со повеќе пратеници од партијата се појави пред претседателската вила на Водно и побара средба со претседателот. „ВМРО-ДПМНЕ од овој момент ја замрзнува комуникацијата со Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките што ќе ги води...

СДСМ: Неопходни се нова влада и локални избори!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот, со што ќе овозможи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, брзо да ја формира новата влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори, побара денеска СДСМ. Во соопштението од партијата се вели дека „блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот...

Бушати: Исплашени се тие што мислат дека со Македонија може да се владее без Албанците

Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија, на својот твитер-профил објави коментар за новиот развој на ситуацијата во Македонија, избегнувајќи притоа да ја спомене вчера соопштената одлука на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да не го додели мандатот правдајќи се со „платформата составена во Тирана“. Шефот на албанската дипломатија порача дека само луѓе исплашени од вистинските вредности може да помислат...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...