fbpx
Таг: малолетници

таг: малолетници

Со закон се предлага децата-жртви на насилство да имаат можност за обесштетување

Со текстот на Предлог-законот за правда за децата, кој беше утврден на владина седница, за првпат децата-жртви ќе имаат можност на право за обештетување. Од Министерството за правда соопштуваат дека со членот 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на...

Видео на Фејсбук шири невистини и шпекулации за убиството на Вања Ѓорчевска

Трагедијата со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, за жал, беше и сè уште е повод за изобилство на дезинформации, теории на заговор, кои неуморно се шират на социјалните мрежи. Таква е и оваа вирално видео во кое сопственикот на Фејсбук профилот преку обраќање во живо изнесува многу невистини и теории засновани на шпекулации. На пример,...

Украина не регрутира лица под 18 години, жените се запишани во воениот регистар, но не значи дека ќе бидат регрутирани

Украина  ја намали старосната граница за воен рок од 27 на 25 години, но не регрутира лица помлади од 18 години. Регрутирањето деца во вооружените сили е спротивно на законот во Украина. Што се однесува до жените во Украина, тие од 1 октомври 2022 година се запишани во воениот регистар, ама тоа не подразбира по автоматизам и дека...

Полицијата ќе казни родители на 13 малолетници оти после полноќ биле затекнати во казина, обложувалници и угостителски објекти

Доцна синоќа, од извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, Битола и Скопје, затекнати биле 13 малолетници без надзор на родител после 24 часот, информира денеска Министерството за внатрешни работи. „Малолетниците биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци“, велат оттаму. Оваа...

Во Франција на деца до 15 години ќе им треба родителска дозвола за пристап до социјални мрежи

Франција усвоила закон со кој малолетниците помлади од 15 години ќе мораат да добијат согласност од родителите за користење на платформите на социјалните мрежи, пишувааат француските медиуми, повикувајќи се на агенцијата АФП. Според законот, платформите на сите социјални медиуми ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и проверка дали малолетниците имаат родителска дозвола. Платформите кои не...

Величење и поддршка на малолетниот убиец – како содржините на ТикТок го претставија масакрот во Србија?

„Само гениј може да убие 9 лица на млади години, тој е гениј“. Ова го пишува на видео на социјалната мрежа ТикТок, испишано над фотографии од 13-годишниот К.К. од Србија, обвинет за убиство на вкупно 9 лица – осуммина ученици и човек од обезбедувањето на училиштето. Видеото има речиси 620.000 прегледи и над 90.000 допаѓања. Корисничката сметка од која е објавено...

Потребни се други мерки за превенција, а не кривична одговорност за деца под 14 години, тврдат експертите

Дали треба да се намали возрасната граница и дали и деца под 14 години треба да подлежат на кривична одговорност е прашањето по кое се отвори дебата во јавноста, откако во Србија 13-годишниот К.К. уби девет луѓе и повреди уште седум во ОУ „Владислав Рибникар“. Тој ќе полни 14 години во јули годинава, што значи дека само поради тие...

Наставници од „Макаренко“ ќе им предаваат на малолетниците во казнено-поправните домови

Малолетниците од казнено-поправните домови ќе се образоваат по наставни планови и програми како учениците во редовните училишта, а не по експериментални програми како досега, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). За ова, Владата усвоила измени на Законот за основното образование, со кои се решава долгогодишен проблем поврзан со обезбедување на редовен образовен процес за малолетниците во воспитно–поправните...

Девојка осомничена дека на двајца тинејџери им помогнала да силуваат малолетничка

Дваесет и едно годишна девојка од Струмица е осомничена дека им помогнала на две 15 годишни момчиња да силуваат 13 годишно девојче, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) - Струмица. Постапка е поведена и против двајцата малолетни силувачи. Спооред обвинителството, силувањето се случило за време на новогодишната ноќ при прослава во куќата на еден од малолетниците, осомничената девојка им помогнала на...

И денеска лажни дојави за бомби во Бугарија, во Пловдив утре ќе нема настава

На мејловите на училиштата во неколку бугарски градови и денеска биле испратени закани за поставени бомби, по што морало да се евакуираат учениците и да се прекине наставата. Лажни дојави за бомби имало во училишта во Софија, Варна, Добрич, Бургас, Велико Трново, Јамбол, Стара Загора и Пловдив. Поради лажните дојави, градоначалникот на Пловдив објави дека 31 март ќе биде...

ТикТок воведува временско ограничување од еден час дневно за малолетниците

Апликацијата за видеа ТикТок поставува дневно ограничување од 60 минути на времето поминато на екранот за корисниците помлади од 18 години. Доколку малолетниците ја достигнат границата, ќе мора одново да внесат лозинка за да продолжат да ја користат услугата истиот ден. Според Би-би-си, функцијата ќе биде воведена во текот на наредните недели, а младите, сепак, ќе имаат можност да ја...

Франција планира да ги забрани Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 години

Француските пратеници минатата недела усвоија нацрт-закон со кој се бара платформите за социјални медиуми како Инстаграм, ТикТок и Снепчет да го блокираат пристапот за малолетници под 15 години, освен ако немаат овластување, односно дозвола од нивните родители, пренесува „Политико“. Во спротивно, технолошките гиганти ќе се соочат со казни до 1 отсто од нивните годишни глобални приходи. Техничките решенија со кои...

Не е точно дека Украина регрутира 17-годишни деца и дека ја намалила границата на 16 години

Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските граѓани чиј пол е...

Вистиномер: Нема докази за наводен секс скандал на Џастин Трудо со малолетничка

Приказната дека премиерот на Канада, Џастин Трудо наводно имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави, не е поткрепена со никакви докази. Гласините за тоа не се од јули 2022 година – кога е објавен постот што е предмет на нашата рецензија, туку датираат од изборната кампања во октомври 2019 година,...

Акциска контрола во угостителски објекти во Струмица

Триесет и шест малолетници биле затекнати после полноќ во еден струмички локал противно на законот, а во друг угостителски објект им бил точен алкохол, констатирале полициски службеници. Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, трудовите инспектори утврдиле дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. „Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, одделот за криминалистичка полиција, оддел за специјални полициски...

Случајот „Јавна соба“ решен со затворски казни од 4 години за обвинетите

Основниот кривичен суд Скопје денес изрече две затворски казни од 4 години за главните обвинети за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата, Дарко Костовски и модераторот Михаил Паневски одговараа за кривично дело за злоупотреба на фотографии од голи жени и девојки како и лични податоци (име, презиме, телефонски број, адреса на живеење) и нивно дистрибуирање во групата „Јавна соба“ на...

Казни во Битола: Кафулиња служеле алкохол на малолетници, примале гости без сертификати

Во контроли на подрачјето на Битола околу полноќ, во две кафулиња биле откриени гости без сертификати и било утврдено дека на малолетници им се служи алкохол, соопшти МВР. Станува збор за кафе бар на булевар „1 Мај“ и бар на улицата .Рајко Жинзифов во Битола. Контролите се извршени во времето од 22.30 часот вчера до 30 минути по полноќ денеска. Службениците...

Организаторите на „Секс скаутс енд рокенрол“ викнати во полиција, град Скопје го раскина договорот со Прв извиднички одред

Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции во јавноста, информираа денеска оттаму. Ова следува по скандалот кој беше обелоденет во јавноста, по сведоштвото на родител кој го споделува искуството на неговото дете кое минатитот викенд било дел од настан организиран од првиот скопски извиднички одред. Наводно, активностите биле несоодветни, односно вклучувале соблекување...

Над 650 лица не се евидентирани во матичните книги на родени, најголем дел се малолетни

Во матичните книги не се запишани 659 лица, а дури 60 проценти од нив се малолетници. Според податоците на Управата за водење матични книги, од пополнетите прашалници на јавниот повик, меѓу „фантомите“ најбројни се Роми (428), потоа Албанци (88), Турци (20), Бошњаци (4), Срби 2 и еден Влав. Овие податоци денеска ги сподели на прес конференција, заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска...

Малолетничката од Велес која физички нападнала врсничка повикана на разговор во полиција

Дванаесетгодишна малолетничка од Велес вчера физички нападнала малолетно девојче од 11 години, а случајот бил пријавен во СВР Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните“, соопшти МВР. Покрај ова, се преземаат и дополнителни мерки...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...