fbpx
Таг: мали сипаници

таг: мали сипаници

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е вистина. Кога има низок...

Смртните случаи од сипаници зголемени за 43 проценти во споредба со 2021 година

Заедничката публикација на Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на Соединетите Американски Држави, објавена вчера, лоцира алармантен пораст на случаите на сипаници, епидемии и смртни случаи во 2022 година. Случаите на сипаници се зголемиле за 18 проценти и изнесуваат 9 милиони случаи, додека смртните случаи се зголемиле за 43 проценти (136.200) во споредба...

Мурал во центарот на Скопје испраќа порака дека децата се заштитени тогаш кога се вакцинирани

Мурал со дете на ролерки, кој оваа недела беше насликан на фасада на зграда во центарот на Скопје симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децатa преку нивно вакцинирае. Со муралот, УНИЦЕФ порачува дека за да ги заштитат здравјето и безбедноста на децата, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството...

Уште едно невакцинирано дете заболе од морбили, епидемијата сѐ уште е на сила

Изминатата недела регистриран е уште еден нов случај на мали сипаници, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Стамува збор за детенце од Скопје, од возрасната група од една до четири години. Епидемијата на територијата на државата сѐ уште трае, а ќе се прекине ако има два последователни термини од вкупно 42 дена кога нема да има нов сомнителен...

Морбилите не запираат, СЗО предупредува да не се оди на пат без примена вакцина

Во период од пет дена, во Македонија 13 нови пациенти заболеле од мали сипаници. Како што информираат во Институтот за јавно здравје, од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, петмина се од Скопје, а останатите осум се од пет други градови (Куманово, Гостивар, Кочани, Свети Николе и Велес). Сите се невакцинирани, непотполно вакцинирани или се со непознат вакцинален...

За шест дена, 105 нови случаи на заразени со морбили

Во периодот од 17 до 23 мај, пријавени се вкупно 105 нови случаи на мали сипаници, а од нив, 81 отсто не се вакцинирани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 59 се од деве други градови – Кичево (17), Дебар (8), Тетово (8), Куманово (7),...

Без вакцини нема во школо, одлучи владата

На денешната 135 седница, Владата одлучи во сите училишта да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. - Во сите училишта да се примаат пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација...

Филипче против, а Адеми е за да се примаат невакцинирани првачиња

Не отстапувам од ставот сите деца да бидат вакцинирани, и оние кои одат во градинка и оние кои се примаат, односно оние кои запишуваат во прво одделение во основните училишта, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ова следи по изјавата на неговиот колега од ресорот образование Арбер Адеми, кој вчера изјави дека и невакцинираните деца треба да се запишат...

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано....

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници на целата држава

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на целата територија, информираше денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Владимир Микиќ. Тој додаде дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции, да се спречат тешките форми на ова...

Нови мерки за борба со епидемијата на мали сипаници од Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесе нови дополнителни мерки за заштита и справување на населението од епидемијата на морбили. Истовремено се вели дека сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата се уште се на сила, односно дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, а се апелира за интензивна и неодложна...

Филипче: Невакцинирани деца нема да се примаат ниту на училиште

Нашите заложби се во насока вакцинацијата да стане задолжителна и невакцинираните деца да не смеат да се примаат ниту во градинка, ниту во училиште, изјави во гостувањето на „1тв“ министерот за здравство, Венко Филипче. Тој најави дека се подготвуваат законски измени, според кои, дете кое не е вакцинирано, нема да може да биде примено во градинка или на училиште. - Тоа...

Родителите се раскараа на Фејсбук по забраната за примање невакцинирани деца во градинка

Времената мерка за забрана за примање во градинка на деца невакцинирани со МРП вакцина на Министерството за здравство (МЗ), изминативе два дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Според едни, ваквата мерка за забрана треба да биде трајна, а други оценуваат дека министерството само шири паника и дека не треба на овој начин да се условува приемот на деца...

Министерство за здравство со забрана: Нема МРП вакцина – нема градинка

Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на Скопје, поради  12 нови случаи. Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска порача дека шест од новите случаи се потврдени преку лабораториски анализи, а за другите шест случаи анализите се очекуваат утре. Овие нови 12 случаи се надоврзуваат на седумте случаи во градинка во Радишани пред десетина дена. Министерството денеска донесе...

За четири дена двајца починати од мали сипаници во Србија

Четириесетгодишно лице, чиј пол не е соопштен, починало од компликации предизвикани од морбили, односно мали сипаници, и со тоа стана осма жртва на епидемијата на мали сипаници во Србија. Лицето било од Белград, а починало на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Претходниот смртен случај беше...

Институтот за јавно здравје потврдил уште три случаи на мали сипаници

Институтот за јавно здравје информира дека во тек на денешниот ден лабораториски се потврдени уште три случаи на мали сипаници (морбили), со што вкупната бројка на заболени се зголеми на осум лица. Од институтот информираат дека се работи за деца на возраст од три и пет години и за еден пациент на возраст од 27 години. „Децата претходно не биле вакцинирани против...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...