fbpx
Таг: Малезија

таг: Малезија

Малезија сè уште не дала дозвола за влез на згурата од велешката Топилница

Малезија сè уште не дала дозвола на нејзина територија да се увезе отпадот од Топилницата од Велес. Во таа земја во тек е шестмесечен мониторинг на сите договори од овој тип, откако на почетокот на годината беше забранет секаков увоз на отпад. Тоа е причина што транспортот на минералната техногена суровина од троската сè уште не започнал, иако подготвителните...

Фејсбук избриша спорни 122 профили и страници „со потекло“ од Русија

Фејсбук соопшти минатата седмица дека избришал 122 профили, страници, групи и профили на Инстаграм од Русија коишто ја прекршиле неговата политика за странско или владино вмешување. Според интерната истрага на Фејсбук, мрежата била поврзана со руското воено разузнавање и примарната цел биле Украина и други земји-сосетки на Русија од регионот. Функционирањето на оваа мрежа се карактеризира со голема тактичка софистицираност...

Обвинетите за убиството на полубратот на Ким ја негираа вината

Двете жени обвинети за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Малезија, ја негираа вината на судењето во Куала Лумпур. Индонезијката Сити Аисјах (25) и Виетнамката Ти Хуонг (28) се појавија во судницата со лисици и во панцирно одело. Околу 200 полицајци се задолжени за безбедноста на почетокот на судењето. Жените се обвинето дека в лице му фрлиле на...

Дваесет и четири лица загинаа во пожар во училиште во Малезија

Најмалку 24 лица, од кои повеќето тинејџери, загинаа утринава во пожар што изби во спалните соби на исламско училиште во предградие на малезискиот главен град Куала Лумпур, соопштија властите. - Пожарникарите бргу стигнале на местото по повикот за помош во 5.41 часот по локално време и им бил потребен еден час да го изгаснат пожарот, кој почнал да се шири и...

Исчезна малезиски воен авион

Во тек е потрага по малезискиот воен авион што исчезна денеска. „Авионот полетал од воената база Куантан во 11 часот (по локално време), а контактот со леталото е изгубен во 11.30“, јави телевизија „Ченел њуз Азија“. Веста за исчезнувањето на воениот авион ја потврди и министерот за одбрана Хишамудин Хусеин, кој рекол дека се надева дека пилотите се безбедни.

Повеќе од 100 странци починале во мигрантските центри во Малезија

Повеќе од 100 странци починале од разни болести и од непознати причини, во изминатите две години во мигрантските центри за притвор, покажуваат податоците на малезиската Национална комисија за заштита на човековите права. Во текот на 2015 година се забележани 83 смртни случаи, додека во текот на 2016 година, завршно до 20 декември, починале 35 лица. Повеќе од половина од починатите се...

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја од земјата

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, поради неговото критикување на истрагата за убиството на полубарот на лидерот на Северна Кореја, соопштило денеска малезиското министерство за надворешни работи, јавува „Би-би-си“. Шефот на малезиската дипломатија, Анифах Аман, изјавил дека до амбасадата на Северна Кореја било испратено известување дека амбасадорот Канг Чол има 48 часа да ја напушти Малезија. Аман...

Убиен полубратот на Ким Јонг-ун

Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија, соопштија кинеските и јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Како што се наведува, Ким Јонг-нам е убиен вчера, додека кинеска кабловска телевизиска мрежа пренесува дека на аеродромот во Куала Лумпур го отруле две жени, за кои се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Малезиската полиција засега не изнесува никакви детали, освен...

Киднапиран малезиски нафтен танкер

Малезиски нафтен танкер со 900.000 литри дизел е киднапиран и пренесен во индонезиските води, соопштија денеска малезиските власти. Танкерот „Вијер Хармони“, пловел од пристаништето „Тањунг Пелепас“ во Малезија кога бил киднапиран. Малезиската агенција за поморска безбедност соопшти дека бродот веројатно сега се наоѓа кај индонезискиот остров Батам. Се уште не е познат идентитетот на киднаперите, а се проценува дека вредноста на товарот...

Малезија: Уапсен косовски хакер поради поврзаност со ИД

Ардит Феризи од Косово е уапсен во Куала Лумпур поради хакирање и, наводно, давање информации за припадници на американските служби на милитантната организација Исламска држава (ИД), соопштија малезиски и американски претставници. Шефот на малезиската полиција, Халид Абу Бакар, доцна синоќа соопшти дека Феризи, кој е во своите 20. години, е уапсен на 15 септември. Феризи е осомничен дека е во контакт...

Малезија ќе бара на уривачите на авионот над Украина да им се суди пред меѓународен суд

Властите во Куала Лумпур планираат да побараат формирање меѓународен суд, кој ќе ги казни тие што минатата година го собориле авионот на „Малезиан ерлајнс“ над Источна Украина, пишува малезискиот весник „Стар“. Малезискиот министер за транспорт, Лиоу Тионг Лаи, за време на посетата на Пекинг, изјави дека неопходно е прашањето за вината да се покрене пред меѓународна структура бидејќи мала е веројатноста...

Стотици илјади граѓани на протест во Малезија

На протест во Малезија денеска излегоа стотици илјади граѓани. Околу 200 илјади луѓе се собраа наплоштадот во Куала Лумпур и илјадници во другите градови на Малезија барајќи оставка на премиерот Наџиб Разак. Протестот е обезбедуван со полициски кордони, и минува во мирна атмосфера. Организаторите на протестот кој трае веќе втор ден, најавија дека ќе заврши вечерва на полноќ кога почнува...

Премиерот на Малезија осомничен за вмешаност во корупциски скандал

Мализиските правосудни власти извршиле претреси во канцелариите на државниот инвестициски фонд, во рамки на истрага за корупциски скандал, во кој е инволвиран и премиерот на државата, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“. Полициски екипи денеска поминале часови во канцелариите на фондот во Куала Лумпур, барајќи материјали и документи, а со себе однеле и неколку компјутери за понатамошни проверки. Премиерот Разак ги отфрлил обвинувањата...

Силен земјотрес го погоди Борнео

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала го погоди малезискиот остров Борнео, во близина на местото Монт Кинабалуа, и предизвика оштетување на патиштата и на зградите, а има и повредени планинари. Локалните власти јавуваат дека повредени се најмалку четири планинари, кои имаат скршеници и повреди на глава, предизвикани од камењата што се одрониле од гранитниот планински врв, висок 4.095 метри. На планината...

Голема антитерористичка акција во Малезија

Малезиската полиција покрена потера против тројца терористи, кои неодамна се вратиле од Сирија, каде се бореле во редовите на Исламска држава. Заменик-министерот за внатрешни работи на Малезија, Ван Јунаиди Џафар, соопшти дека терористите имаат задача да регрутираат лица и да прогласат калифат во Малезија и во соседните земји.

Малезија: Осум загинати и 22 повредени во автобуска несреќа

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени откако туристички автобус скршнал од автопатот и се запалил, јавуваат малезиските медиуми. Возачот на автобусот скршнал за да избегне гума која се наоѓала на автопатот, по што автобусот паднал во ендек, превртувајќи се. Во несреќата две лица останале неповредени, додека 15 се здобиле со посериозни повреди.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...