fbpx
Таг: Макпетрол

таг: Макпетрол

ЕСМ и за април ќе набавува природен гас од Макпетрол

ЕСМ Продажба денеска соопшти дека донела одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Добавувач ќе биде фирмата Макпетрол, а природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh. Имено, на јавниот...

ЕСМ за март ќе набавува гас за работа на топланите од Макпетрол

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) донесе одлука да ја избере компанијата Макпетрол за набавка на природен гас за март 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за март ќе се набави по цена од 60,10 евра за...

Откако „Макпетрол“ се откажа, ЕСМ со нов повик за избор на компанија што ќе ја снабдува земјава со гас

Откако „Макпетрол“ вчера информираше дека од 1 јануари нема да увезува и испорачува природен гас на неговите потрошувачи, државната компанија ЕСМ Продажба денеска информира дека објавила повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и...

„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите од Нова година

„Макпетрол“ АД Скопје денеска соопшти дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи. Од „Макпетрол“ велат дека причина за ваквата одлука што наводно, според новиот Договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“ од Бугарија, повеќе не постоеле услови Макпетрол да увезува и да испорачува гас според досегашните норми. Од...

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО. АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради...

Руски гас преку бугарски гасовод – засега најопиплива опција за млаки радијатори

Засега, Владата нема сигурна алтернатива за набавка на гас за затоплување на домовите преку централно парно греење, освен набавка на природен гас од руската државна компанија „Газпром“ преку гасоводот кој доаѓа од Бугарија до Куманово. Судејќи според крајот на минатата грејна сезона, а имајќи ја предвид непредвидливоста на руската енергетска политика, ниту таа опција не е сигурна. Како што информираат...

Плаќаме најскап метан во соседството иако „Газпром“ за февруари ја намали цената за околу 13 отсто

Руската компанија „Газпром“ со „Макпетрол“ постигнале договор за намалување на цената на метанот (компримираниот природен гас - ЦНГ) за околу 13 отсто во земјава. Па така, наместо 110 денари за килограм, од вчера на бензинските станици на „Макпетрол“ еден килограм метан може да се набави за 96 денари за килограм. Проблемот со метанот во земјава настана од 1 јануари годинава,...

Со руски гас, БЕГ сака да ги „загрее“ скопјани со тројно поскапо парно

Околу 56.000 корисници на централното парно греење во Скопје од 1 јануари би можеле да добијат енормно зголемени сметки, бидејќи БЕГ доставил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) цената на градското парно да се зголеми за 300 отсто. Од Балкан енерџи груп го бранат ваквото поскапување со огромното зголемување на цените на природниот гас на светските берзи во...

Државата го откупи гасоводот, решен деценискиот спор меѓу Макпетрол и Владата

Собранието со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без воздражни го донесе Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба. Макпетрол и државата водеа спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години. Во ноември 2019 година, Макпетрол АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на...

Пратениците ќе одлучуваат за спогодбата меѓу Владата и „Макпетрол“ за сопственоста врз гасоводниот систем

На дневен ред на денешната седница на Собранието по скратена постапка е ставен предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ за гасоводниот систем по пат на спогодба. Со неа, „Макпетрол“ се обврзува да ја понуди на продажба својата акција во ГА-МА АД на Владата за цена од 32.773.905 евра за што двете страни ќе потпишат купопродажен договор. Со...

Владата ја изедначи цената на акцизата на екстра-лесното масло со онаа на дизелот

Владата на вчерашната седница донесе одлука за изедначување на акцизата на екстра-лесното масло за домаќинство со акцизата на дизел горивото. Таа донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на дизелот, кој се користи како погонско...

„Макпетрол“: Подготвени сме да ја потпишеме спогодбата со што ќе се реши прашањето со „ГА-МА“

„Макпетрол“ АД Скопје ги донесе сите соодветни одлуки и е подготвен да пристапи кон потпишување на спогодбата со што ќе се реши прашањето со ГА-МА, се вели во одговорот на компанијата во врска со текстот на „Мета.мк“, под наслов „Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата“. Од компанијата додаваат дека со тоа во...

Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата

Иако Владата уште на 19 декември ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје, законската обврска за раздвојување на дејностите, и превземањето на акциите уште не е реализирана бидејќи сè уште не е финализиран договорот помеѓу Владата и „Макпетрол“, кој треба да го продаде својот дел. „Во ваква...

Владата одвои 31 милион евра од буџетот за да го купи делот на „ГА-МА“ од „Макпетрол“

Владата, во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје. „Со оваа одлука средствата од буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари (31,382,114 евра) ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси...

„Макпетрол“ ќе ѝ го продаде на Владата својот дел од сопственоста на „ГА-МА“

„Макпетрол“ АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот, соопшти „Макпетрол“ преку Македонска берза. „Со целосна поддршка од Енергетска заедница, постигната e...

Државата со 32 милиони евра сака целосно да ја преземе контролата врз гасводот „ГА-МА“

Државата сака да стане целосен сопственик на компанијата за пренос на природен гас „ГА-МА“, во кој засега има една акција, и една акција поседува „Макпетрол“, со кој имаат долгогодишен судски спор. Премиерот Зоран Заев информираше дека постапката на договарање со „Макпетрол“ се уште трае, но правно постапките во Државно правобранителство биле завршени, и се прават проценки со судско вештачење. „Вредноста на...

Трговците со нафтени деривати бараат двојно повисок профит

Во исчекување на новата методологија за фомирање на цените на нафтените деривати во земјава која според Регулаторната комисија за енергетика би требало да биде готова до крајот на неделава се поставуваат прашањата кои се компаниите кои би можеле најмногу да добијат или да изгубат од новите правила и дали се можни притисоци врз регулаторите со оглед на тоа што...

Големите играчи решија да не си конкурираат со цените на бензините (инфографик)

„Макпетрол“ и „Лукоил“, како компании кои се сметаат за големи играчи во бизнисот со нафтени деривати, од денеска понудија идентични цени на горивата иако цената веќе не се определува од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Според познавачите, идентичните цени на двете компании значи дека компаниите од нафтениот бизнис користат исти методологии за пресметка на цената на горивата. Новите цени...

„Макпетрол“ промовираше апликација за полесно наоѓање на бензинските станици

Компанијата „Макпетрол“ промовираше апликација „Верна гоу“ (Verna Go) која на граѓаните и туристите ќе им даде сервисни информации за најблиската бензиска станица, услугите кои ги нуди, видовите на гориво кои ги има, цената на горивата и слично. Таа е достапна за сите корисници на „андроид“ и „иос“, функционира и без користење на интернет, а достапна е на македонски, англиски и...

Општините лани склучиле договори за јавни набавки во вредност од 80 милиони евра

Вкупната вредност на јавните набавки на општините во Македонија лани изнесувалa 80 милиони евра, а биле реализирани 2.737 јавни набавки, покажува базата на податоци со сите набавки на општините во 2017 година, изработена од Центарот за граѓански комуникации. Трошоците за јавни набавки по жител изнесуваат 2.401 денари. Општина која склучила најмногу јавни набавки е Град Скопје со 153, а најмалку...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...